Кажете ми жити господ како се готви амарантот и со што да го давам или да го фрлам Господ знае зошто го купив....
Јас дадов неколку пати ама не правев некои посебни комбинации, слично како ориз комбинации а и како палента може мислам. Јас до сега сум дала со јаболко и слива, со крушка и кајсија и солена варијанта со пашканат готова каша од holle и маслиново (мојава мн сака пашканат)
Бејби спанаќот од foodbar ок ли е, го давате ли? Сакам да воведам и сто пати се премислив дали таков или замрзнат како брикети на фриком или некој од пазар ама не знам кој е поверојатно да е нетретиран. Каков давате?
патем да се надополнам ако сакаш повеќе да правиш а јадете и вие каши: кога правам за неа варам повеќе и јадеме и ние. тргам за неа за дента и во фрижидер за уште два дена во теглички а во нашето додавам и овес (за неа немам воведено) за да ја упие водата, и какао, путер од кикирики, мед, таан и некоја свежа овошка ( пример банана и малина ). Го јадеме како каша и фино е
да не те плашам ама кај нас со првото немаше врска ова, јас исто така си мислев дури ад купив и и давав пред спиење само за да пробам ама пак си се будеше по 10 пати
Еј да сеа ме потсети имам јадено како пита од просо. Може да пробам слатка верзија за нејзе со какао.
Тоа ни е омилена житарка. Зависи каков си купила има еден од ДМ само се потиснува во вода за 5мин е мек и спремен. Иначе од другите се вари во вода 15-20мин. За доручек со било која овошка.
Јас решив да не зимам домашно зошто никој не може да ми гарантира што и како им прават на тие птици. Наместо, зимам на Цекил или Петурнина Птуј затоа што се произведуваат во Хрватска и Словенија каде што си викам се построги малце стандардите. Барем тоа е моето размислување
Да, ама поздрава варијанта ти е обичниот амарант. @Noemi просо, киноа може да ти бидат основа на се наместо ориз. Е сега не згуснуваат како него, ама мене ми се скроз ок. Киноата повеќе ја сакам дека е нутритивно побогата, ама дециве не баш. Пример мојава многу сака просо со домат, пашканат, целер, путер. Додавам варено јајце на крај и и двете деца спремни со ручек. Малово не е фан на благо, ама за големата се уште некогаш и го давам за доручек сварено со какао и кокос и банана.
Истото се мислев и јас да правам бидејќи домашниве немаат никаква декларација и никаква контрола/инспекција. А телешко од каде зимате? Сакам да воведам наскоро