Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Истото се мислев и јас да правам бидејќи домашниве немаат никаква декларација и никаква контрола/инспекција.

    А телешко од каде зимате? Сакам да воведам наскоро
     
  2. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Кокос од кога даде, алерген ли е? Како снегулки го даваш или оној како парчиња?
     
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.956
    Пол:
    Женски
    Јас од Андреа земав, знам дека е добро. Ама цените :x
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    11.887
    @MariaBouli како овес го варам амарантот, 50-50 вода и кокосово млеко, после додавам некое овошје што има по дома. Богат е со железо затоа го давам јас оти од овој нејадач страв во коски имам од слабеење на крвта.

    @dummy преку кокосово млеко воведов јас, во овес првин. Од ДМ има мали тетрапак пакувања супер е тоа.
     
    На MariaBouli и dummy им се допаѓа ова.
  5. zone89

    zone89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    264
    Да, покисни го додека ја лупиш овошката и спремен е .
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    635
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли да ставиш слика од кокосовото млеко ако го имаш/најдеш на нет?
     
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    11.887
    dmbio-kokosovo-mlijeko-tetrapak.png
     
    На Marijanche33 и dummy им се допаѓа ова.
  8. Anifani

    Anifani Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Мајки совет ве молам
    Дали прво почнавте со воведување на месо и со кој ред како? Прво телешко, пилешко или мисиркино и на кој начин како по колку? И за млечни производи од кога? Дали прво место па потоа месо или ? Почнав да давам еден оброк околу ручек,а наутро уште пробуваме вкусови
    Инаку вчера и завчера после саат време после јадење повраќаше обилно како млаз, завчера и после спиење беше како од чешма..баш се загрижив..и тоа на два пати повраќаше еднаш па за саат време уште еднаш , исто двата дена..Дали после јадење може да цица ? Извинете но навистина сум загрижена
    Убав ден на сите:hug::f::l:
     
  9. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Мене педијатар ми кажа сега на 6ипол месеци да почнам слободно со месо, прво телешко па мисиркино и пилешко ама општо најмногу телешко да давам.

    После јадење давам да цица кога бара а знае да бара бар малце да се хидрира дека не пие вода. Колкави сте? Се уште доењето им е главна храна до 8-9 месеци

    За поовраќањето што јадеше кога ти поврати? Чим се млазови веројатно алергиска реакција
     
    На Anifani му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.397
    Допаѓања:
    92.754
    Пол:
    Женски
    Може ли да чувам во фрижидер веќе приготвена каша со телешко, батат, тиква ? Да дадам за вечера или може утре за ручек?
     
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.109
    Пол:
    Женски
    До година им е.:D
     
    На dummy, Noemi, MariaBouli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Anifani

    Anifani Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Ама јадеше палента и авокадо,и вчера оривче со морков а истите работи веќе ги јадеше и минатата недела,еве и денес малку поврати ,инаку сме 6 м.2 недели..Некако се исто давам,додека да имаме пробано повеќе намирници..
    Се мислев да почнам со месо,првите денови само од водата да дадам така?
    Ти благодарам многу на одговорот :l:
     
  13. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Знам некои намирници можат да дадат закаснета алергиска реакција ама сепак најдобро да си прашаш педијатар, чим ти повраќа си има мака некаква. Педијатарот не ми кажа со водата од месото прво така да јас планирав одма малце телешко со ручекот да дадам ваљда нема да е нагло ако малце ставам
     
    На Anifani му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zone89

    zone89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    264
    По совет од педијатар прво млечни производи урда,грчки јогурт,жолчка па потоа месо директно во ручек го воведов 40-50гр месо. Телешко и Мисиркино. А кога јаде јадење богато со железо 2часа после тоа да не се конзумираат млечни производи.
     
    На Anifani му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    122
    Мајки дали давате продукти што содржат сол пред 1 година? Гледам во состав во се има а нели викаат да не се дава првата година, како да воведам путер, јогурт, павлака….
     
  16. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.956
    Пол:
    Женски
    Путер има несолев, а јогурт, павлака имаат природна сол од јогуртните култури. Ќе земеш грчки јогурт наместо павлака, тој има помалку натриум :)
     
    На Dreamer. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. milicka12

    milicka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво, како го приготвувате целерот и пашканатот, дали ги замрзнувате ?
     
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.109
    Пол:
    Женски
    Јас си чувам кесички замрзнати. Си ставам во ручекот што и го правам, многу убав смек ми даваат. Баш и бебе го сака.
     
  19. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Со што комбинираш пашканат?
     
  20. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Бебево ми е во период на вадење заби еве еден извади сега уште еден е на пат, па јаде само со грчки јогурт банана, овес, овошје со грчки, ако нема грчки не сака во уста да стави. Не знам дали може секој ден да давам грчки, со што да менувам, дали е период некој така и иде убаво на забите ладно не знам.