Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.109
    Пол:
    Женски
    Со месо, тиквичка, морковче, модар. Со што имам дома :rofl:
     
  2. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Модар од кога може? 7 месеци е бебушка
     
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Пробај ладни давај ги кашите, кај мене тоа некогаш пали. Дури и ладна вода почна да сака да пие деновиве а не ми отвараше уста ни за капка.
     
    На GIGI69 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.109
    Пол:
    Женски
    Можеш, давај слободно.
     
  5. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Кога воведовте овес? Некаде прочитав може од 6месеци на некои пакувања стои дури од 5 месеци, содржат глутен а глутен нели не се препорачува толку рано…?
     
  6. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    6.833
    Овес е безглутенска житарка, ама во процес на обработка и пакување може да се контаминира со глутен од други житарки, па за луѓе со целијакија мора така да е назначено.
    Барај чист, имаш од дм безглутенски, јас таков земам и дадов пред да воведам глутен, на 6 или почеток 7ми, не памтам точно.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An43

    An43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Како започнавте на почеток со воведувањето на храна? По 2-3 дена првен сите овошки ги поминавте па после тоа зеленчукот и од кога ќе де поминат овошјето( јаболко, круша, слива, банана, кајсија) и зеленчукот (морковче, компир, брокула,тиквичка..почнавте да давате оброк и да правите комбинации и да вметнувате житарки? Или јас некако вака имав во глава дека е распоредот Некако многу време ми гледа се посебно да се врви многу намирници се. За една недела сме 6 месеци
     
  8. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    6.833
    Не воведував едно по едно, почнав од старт со мешање, само зголемував количина постепено по неколку лажички.
    После две недели воведов житарки и си јадеше оброк.
     
    На An43 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    5.508
    Какао од кога дадовте? Некаде е 8+, а во други табели 6+ |(
     
  10. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Според табелата јас што ја имам не порано од 11 месеци зошто содржи кофеин.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.960
    Допаѓања:
    36.246
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден дадов, 8 ипол месеци сме.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  12. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    5.508
    Да, го читав тој факт.
    Имам некоја ноќна од Хип 6+ стои плус органско какао пијам па се мислев да додадам некогаш во семолината за промена, ама ајде ќе почекаме.
     
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.956
    Пол:
    Женски
    Јас дадов на околу 8, во каша ставив малку :). Не е страшно се додека е умерено.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    26.745
    Пол:
    Женски
    И со синко, а еве сега и со бебка исто терам. Еден ден давам нов вкус, чист, а веќе следниот мешам со нешто веќе воведено. Почнав првин со зеленчук, да го поминам зеленчукот па ќе преминам на овошките. И со двајцата почнав со вкусови на 5м и 10 дена. Синко на 6м имаше оброк од 120-130грама. Бебка засега не сака да јаде, мислам дека не е спремна...
     
    На An43 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    11.887
    На 7 малце во овес, и од кашата со какао имам давано. Буквално се трагови од какао, земам од ДМ био.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.109
    Пол:
    Женски
    Од 7месеци.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    3.033
    Допаѓања:
    2.896
    Дали иде тарана,грчки јогурт и авокадо
     
  18. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Се мислам да се префрлам на блв, веќе го имаме нередот и ја мијам под туш после секое јадење иако не сме на блв, се посега сама сака да јаде цело време мислам е спремна. @MariaBouli @Noemi вас ќе ве тагнам знам терате блв, како да се осигурам дека е спремна и како да прејдам? Моментално давам пасирано (и ретко блендирано ако давам готова каша или ако мешам многу намирници па за полесно да направам смеса) и и ставам во лажиче сама го зима и пика во уста, чат пат отвара и јас во друго лажиче да и дадам ама одма се посега и по тоа и така тераме со едно 3 лажички и молење да ми ги врати.

    Уште едно прашање за експандираниот амарант од ДМ, многу го сака и лесен ми е за спремање ама по колку давате? Дека таков сув лесен некако нема грамажа и не знам колку да ставам. Ако ставам 1:3 однос со овошје ептен ќе е се на амарант. Денес ставив 4 лажици големи со авокадо банана јаболко и пак 10 грама дали се фати од амарантот.
     
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    11.887
    Па тоа е блв што го правите, не е блв само парчиња туку хранење водено од бебето штом сама посега и става лажичка во уста. Јас не сакам строги правила пошо децата се жива материја, не е one size fits all работата. БЛВ како начин на хранење ми се допаѓа затоа што промовира самостојност, ама многу се форсира дека мора од прв ден парче телешки бифтек да глода како по инстаграм. И фрлање на храната не ми се допаѓа многу, па комбинираме. Кога патуваме многу почесто сме на готова храна и додека нема 1 година за да и дадам нешто од наша порција комбинирам каша, пасирам овошје и нудам мали фингер фудс, лепче, јогурт.

    Не знам колку точно месеци сте, за секоја храна имаш на солид стартс како да ја сервираш според возраста. Изгледај некое видео за gaging vs choking, многу често знаат гаг да направат. Накај 8/9 месеци секако се преоѓа на пасирано и кај конвенционалниот метод на хранење, па на парченца до кај година.

    Јас не можам да кажам дека терам строго блв затоа што сфатив дека не можам да сум искулирана кога детето не ми јаде. Она како расте се повеќе сака да јаде сама ама секогаш имам сејф храна што и ја давам јас ако има потреба. Но, откако го усоврши пинцета фатот многу повеќе јаде сама. И секако многу зависи од тоа со колку време располагам за оброкот. Зборот ми беше, не си ставај на срце дека строго по БЛВ треба да даваш, давај си како до сега и постепено оставај ја се повеќе сама да јаде, па преминувајте на парченца.

    За амарантот не знам зашто давам од сувиот го варам и околу 50-70гр сварен и мешам со некое овошје испасирано. Мојата е нејадач и тоа едвај иде:doh:
     
    На Autumn Love, MariaBouli и dummy им се допаѓа ова.
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Највише и ме мачеше баш за патување и надвор од дома како би терале, се надевам нема да ми одбива каша ако почнам со парчиња. 6ипол месеци сме, ама има интерес за храна фала богу. Не е јадач огромен , макс 100г ептен ако и погодам јаде ама се радува фаќа храна, лажица, отвара уста.

    Фала за советот ја имам солид стартс ама не сум и обратила внимание, редно време е па да почнам полека со парчиња и некои комбинации како што спомна