И јас да спомнам како @Noemi затоа што гледам дека многу луѓе не го сфаќаат целосно БЛВ. Значи - БЛВ НЕ Е ДАВАЊЕ ПАРЧИЊА. Прочитав тука некоја членка пред некое време имаше пишано, 10 месеци сме и конечно преминавме на БЛВ, давам сега парчиња. Сакав да искоментирам ама си преќутев, ама еве сега да кажам Значи самиот збор си кажува Baby-led weaning односно кога детето го диригира јадењето а не мајката. Тоа значи дека не му ја буташ ти лажицата во уста и изиграваш коњ за да отвори уста, туку следиш кога тоа е спремно да лапне (затоа и responsive spoon feeding е да речеме некој вид на дел од BLW), го оставаш само да лапне, даваш лажица, оставаш да ја допира храната, да експериментира со неа, даваш разни текстури А НЕ САМО ПАРЧИЊА. Парчињата се "форсираат" затоа што му дозволуваат на бебето само да јаде, да научи да си ја носи храната во уста, да научи да џвака итн... Јас секој втор ден и давам некој вид на манџа што не е парчиња, на пример ориз со зеленчук, киноа со мелено месо, само болоњезе, леќа манџа... Значи вие сте на одличен пат штом она сака сама да јаде и покажува интерес. За парчиња, како што рече Ноеми ќе си гледаш на апликацијата. Исто така ако ти е повеќе стрес тоа можеш да почнеш со храна што она ќе ја јаде со раце, на пример јас оризот го печам за да биде полеплив и ја оставам со раце да го јаде, исто и киноата кога ја правам со мелено месо. Е сега има јадења што мора со лажица, на пример леќа, и со такви потечни храни дури многу често и јас ја хранам затоа што иначе се ќе заврши на земја и да сака уште нема да има Вие сте 6ипол месеци така што кај вас е најбитно парчињата да се големи и меки (ќе си видиш на апп), а како што рече Ноеми откако имаат добар пинцета фат е полесно, ама е полесно затоа што бебе веќе знае да јаде Еве мојата џвака бе луѓе, ја гледам дека си ја шета храната лево-десно во устата и ја џвака, а тоа го има научено затоа што има јадено разна текстура на храна, додека кашите се само лапни голтни летово се сретнав со една мајка која ќерќа и ја храни со кажи на 1г и 8 месеци затоа што на 1г и 5м и дала парче и бебето се задавили (сигурно било гагинг ама ајде), а тоа се случило затоа што бебето дури до 1.5 година нема осетено друга текстура освен храна. Замислете вие секој ден смути да пиете, и вие ќе заборавите да џвакате (а они допрва треба да научат, а не да се потсетат само). Веќе не знам што пишав ме мрзи да се враќам, може и ќе се повторам сега ама заклучокот е дека најубавото од БЛВ е да изградиш дете што ќе јаде самостојно, ќе сака да пробува секаква храна, нема да има проблем со текстури, така што почни си полека и со парчиња и со мека храна што не мора да се блендира и продолжи си со пасирано се ќе биде супер П.С. немој да мислиш дека со почетокот на постов сакав да те нападнам или нешто, извини така ако звучам чисто само сакав да разграничам затоа што многу луѓе блв сметаат дека е давање парчиња и тоа е тоа (не викам дека си една од нив, не ме сфаќај погрешно)
Јаснооо, фала на објаснување можда и јас грешно се изразив ама не се осеќам навредено таман работа. Идејата ми е баш тоа што објасни, да преминеме на тоа повеќе сама да се храни а да не и полнам јас лажица каша па да не ми ја враќа после. Не знам дали и би можела сама да земе сега нешто со лажицата, ги имам тие од дм може треба да пробам тоа следно ама мислам тањирчето ќе е џапнато и фрлено на под Премала е она тоа ми е највише мисла, рано почнавме ама полека ќе почнам да и допуштам повеќе самостојност чим јавува интерес. И мене ми е ново со парчињата се тоа не сум читала премногу ама со апликацијата ќе се снајдам ваљда. Баш како што објасни за интересов нејзин ваљда влијае и од тоа што од старт ретко и блендирам и гледам цело време различни текстури да внесе, еве баш вчера ја приметив со мало морковче што останало низ кашата си го вртеше низ уста и го џвакаше по малце. П.С. Да не ја подречам ама почна по малце вода да пие ама строго од чаша за јегер Немав таква мала за ракија без столче па ова беше најблиску до тоа и сега само од таква пивнува деновиве дури и се џапа по чашата… Водата строго ладна од фрижидер, баба ми ќе се откаже во весник од мене ако дознае дека таква давам
Нема да користиш тањири, на хранилка ќе ставаш и по малку за ако реши да го џитка да не отиде се наеднаш јас еве сега почнав тањири да и вадам и тоа само кога давам парчиња за да се учи од нив, а ја гледам дека и од нив и потешко и е да земе. Не е мала инаку, и јас и Ноеми почнавме со 6 месеци а со лажичката секако не може сама, ти ќе ја наполниш и ќе и ја дадеш или ќе и ја оставиш на хранилка да си ја земе. Ќе ги правиш јадењата погусти, полепливи како гриз, палента, или само пасирано овојше/ за да се лепи поубаво. Ама да, полесно е на почеток од тие со дупки лажиците
Мајки, после година какво млеко давате на дечиња? Ние сме на комбинирано ад и цицање, па за после не знам со какво се продолжува.
Бебка е 5+++, пред 10 дена почнав со вкусови. Јаде околу 60гр отприлика засега, и давам 2ч после доење. Прашањето ми е после колку време од кашата да нудам подој? Некогаш ќе заспие после кашата, некогаш не. Обично цица саат време после кашата, дали е во ред така?
Да, сепак не е цел оброк. Јас сум давала кога и да побарал, а некогаш барал одма после каша, немал мака.
И јас прашував истото неодамна, пред да почне да пие вода често ми бараше и одма после цврстиот оброк да цица. Сега откога почна да пие вода ако изеде бар 80 грама не бара цицање едно добри 2 саати
Женски од што давате водичка на почеток? Сега правам нарачка па размислувам дали чашка со клунче или чашка со цевка?
Јас пробував од неколку чашки, клунчиња, шишиња и на крај пропи од чашка за ракија. Т.е. за јегер таква малецка да бидам попрецизна
Од ова што читнав и истражував вика дека најдобро е со чашка со цевче. Нарачав така па ќе видиме што ќе биде. Од чашките со клунче вика транзицијата на обична чашка била потешка и полоша положбата на јазичето ја денес ишопингував 100еур за сет за јадење, лигавлиња силиконски, мушама наметки и слично а она дали ќе јаде и пие ќе видиме битно се е у тон па ќе видиме нареден месец што ќе бидне и дали ќе сака да ручка и да пие водичка
Од каде праеше шопинг, дај линк . На тема чаша за вода, со цевка им треба повеќе време за да им кликне како да повлечат, сметам дека за почеток не е најсоодветна. Синко исто пиеше прво во чашка за ракија, па долго од нук некапечка, дури после година научи со цевка.