Секако дека можат, ама по challenging е, тоа ми беше муабетот. А и нема врска од каква пие, битно да пие вода .
Мојата знае и од 360 на Нук и од цевка и од отворена чаша од 7 месеци ама затоа па има голтнато 30мл откако сум почнала да давам на 6 месеци Здравје до прво одделение ќе се одбиеме и ќе пропие
Не мора да значи, мојата одма сама си повлече од цевчето. Од шише со цуцла не и беше интересна водата хаха. Си пиеше и од чашиче за ракија.
Сум и порачала и лажички за сама да јаде од 7ми месец ќе се шлапа нешто ќе пробува дека ќе јаде тешко ама ај да пробамеее
Сама да црпка со лажичката тешко ама да и ја подаваш во рака или д аја оставиш на хранилка да си ја земе може, уште од 6 и тоа
Деновиве се образувам за готвењево и сегде скоро вика да се готви на пареа навесто да се вари. Не сум готвела никогаш на пареа, претпоставувам поспоро е, имате предлог за готвач на пареа освен авент?
Моево искуство беше прво со најобични лажички јас да и давам, но многу брзо почна сама да ми ги фаќа и да сака да се рани сама и да ги глода. Тие беа долги и се давеше некако со нив. Купив од тие од ДМ како со дупчиња што се, и почнав да и давам во рака наполнета и сама да носи према уста, па набрзо преминав на тоа да и ги оставам на хранилката да ги зима сама и сега така ќе тераме некој период. Обавезно со 2 лажички дур јаде од едната да и полнам другата.
Да за прво време земав две долги а за од 7ми месец и овие со отвор и без да пробува сама превозбудена сум за хранењево, 4ипол месеци е во моментов ја се спремам месец порано
Не рачунај месеци од кога со какви лажички, ќе си видиш како се уходува она и ќе се водиш према неа. Јас пример не очекував дека ќе се посега сама и не планирав да почнам така да ја оставам сама ама спонтано некако прејдов бидејќи сама ми налагаше и бараше така
Размислував да го земам Авент или некој друг, ама се премислив. Супер си е апаратот, ама па колку долго ќе јаде блендирано? Блендер имам, купив ново тенџере и сад за готвење на пареа. Многу е едноставно, ставаш малку вода во тенџерето, го ставаш садот и зеленчук/овошје/месо што и да сакаш да зготвиш и горе капакот од тенџерето. Повремено проверуваш дали треба вода да додадеш и со вилушка дали е зготвено, брзо омекнува овошјето. Јас го имам овој: https://kares.mk/product/kares/gotvenje/bloom-steel-sad-za-parea-metalen/
И месото го готвиш на садот за пареа? Мислев мора да се вари во вода, не ни ми текнало на пареа. Колку време треба пример за телешко да омекне убаво?
Ептен убава цена има ова од карес и една другарка ми го предложи. Авентот е доста скап а и јас се видам по тоа дека нема да блендирам повеќе од 3 месеци ваљда, после сакам текстури и пасирано па и парченца. Почнав да читам и за блв здравје може ако ја видам дека е спремна да применам и некои делови од таму
Телешко немам дадено, деновиве ќе биде ама искрено размислувам дали да го варам или да пробам на пареа. Мисиркино се зготви пребрзо.
Мамички ние сме 7+, имаме проблем со млеко сите врсти ад млеко ги проба ништо не сака да пие, цица но никако да прифати ад
Почнавме со вкусови, па сакам да нудам веќе и вода. Дали треба да се преврива вода од филтер за 6м бебе?