Не знам дали е вистинска група да прашам овде, откако почнавме со кашички столицата и е многу тврда. Знам дека е нормално да се стврдне ама понекогаш ептен мака има и плаче кога се напнува. Ќе дадам крушка, слива ќе се оправи, а ќе сменам малце на компир, морков, одма мака има. Како правите вие? Како да и ги распоредам? Инаку пробав и да мешам тиква и слива на пример, морков и јаболко. Ама сакам веќе и оброци да воведувам а ми е страв дека ќе и направам полошо.
Нели имаше една апликација на бебе готвач? Знам ја користев за првото а сега не можам да ја најдам. По која табела се водите вие за воведување намирници одприлика?
Морковот ти прави проблем. Немој да го даваш некое време. Моето кака на 4-5 дена и баш со педијатарот разговаравме за почеток на дохрана(моето е 4ипол месеци) и ми рече штом кака така не му давај морков на почеток, да почнам со тиквичка.
Морков никогаш не сум ставала многу, пример 50% од кашата или па чист морков, секогаш како за нас, по малку. Компир син ми не го сакаше во каша, место него давав батат. И комбинирав со намирници што омекнуваат столица, пример слива, палента, авокадо, крушка, кајсија за доручек ако планирам за ручек компир, морков или ориз. Ја нема на iOS. Табели во темава има неколку, ама ќе се водам сега според искуство и сезона, прво полесни за меше намирници, потоа во договор со матичната месо, глутен, јајце, млечни.
Мојата на почетокот исто имаше доста тврди столици, со вриштење за какање. И да имав дадено тој ден само намирници што се добри за какање, пак се случуваше. Нас бататот многу ни помагаше, ама не беше фиксно решение. Кога ќе ја видев дека се мачи јас ја зимав во раце и ја држев како за на мочање, знаеш девојчињата малечки како ги држиме со нозете нагоре да мочаат во грмушка Во екстремни ситуации соблекував пелена и и го ширев газето малку за да и биде полесно да излезе (помага, за жал да речам ова е совет од мајка ми за тоа како и помагале на сестра ми кога лежеше цел месец во гипсирани нозе на 14 години ) За некое време се среди само од себе, еве сега си е се океј, по 3-5 пати кака без проблем
Здраво на сите При крај сме со пробувањето на вкусови и сега треба да пробаме ориз просо пченка и овес. јас најдов на холе ориз и овес ама гледам дека одат во коминација со млеко па ме интересира каков ориз конкретно им давате и од каде го купувате? Фала
Не мораш со млеко да ги правиш, јас оризот на холе го правам со вода секогаш. Овесот неодамна го воведов и со млеко го правев ама само бидејќи имав отворено хип адаптирано па да го дотропшам уште малце (на доење сме). Понатаму планирам со кокосово млеко од дм да го правам овесот по препорака на една членка тука, а некои членки пишаа дека и со вода го прават
Fala Ama vakov oriz treba neli? Nekade prochitav koristele onakov obichen oriz kako za vozrasni pa se chudev kako bi go prigotvila. Nie sekako sme na formula taka da planiram so mlekce da i go progotvuvam so ovoshje koga ke kombiniram a so voda koga so zelenchuk ke i go davam
Некои даваат обичен ориз, некои од овој инстант. Обичниот демек имал некој процент на арсен, овој од холе демек по проверено потекло. Јас сега за сега давам од холе ама ќе сменам понатаму ваљда обичен. Просо пример давам како за нас едно лупено од дм што е и не го блендирам, палента давам иста како са нас од dr. Oetker или таа со детето. Овес иницијално земав од холе ама планирам да сменам како за нас некој мелен за да правам ист доручек за сите. Имаш неколку опции за сите житарки, види како ти е наједоставно за спремање. Ако не даваш блендирано туку пасирано тогаш можеш од исто како за вас, ако даваш блендирано тогаш поедноставни се овие инстант.
Јас и пасирам. Еднаш и блендирав и некако не ја сака таква храната. Како да сака да има текстира. Сега баш направив од холе ориз ама некако течен ми излезе а пишува 120мл со 4 лажички. Ептен и се допадна ама имам чувство како да беше премногу течен. Дали и кај тебе така се прави? А искрено страв ми е да давам од обичен ориз баш заради тие пестициди и сл.
Да многу е течен според тие мерки, јас ставам помалку вода на сите тие од холе дека и мојава сака густо. Оризот го правам со 3 лажички и околу 80мл вода и додавам овошје/зеленчук одпосле
Јас прв пат го правев на Холе оризот сабајле, со големи лажици сфатив дека треба ама измерив во грамажа 15грама со 120 мл вода го правев и не беше течен. Да пробаш да измериш во грамови да не е до тоа?
Со големи лажици да, сите тие се мислам со мерка tbsp (tablespoon) ама мене и тоа некако ми беше течно па сепак со помалку вода од пишаното правам
Пишива 4x15 гр јас мерев со мериците од млекото кои се 30гр Го правев со вода( моѓе до тоа е) пошто пиеме бебелан а бебелан нема во ниедна аптека во моментов па викам да не трошам млеко за малку пошто сега само пробуваме вкус иако реално изеде 10 лажички и повеќе сакаше ама ми беше страв да и дадам
Ама тие мерици даваат 30грама од млекото во прав, што не мора да значи дека таа количина што ќе ја црпнеш со нив од оризот ќе тежи скроз исто толку. Мислам дека е вкупно 15 грама, а не 4х15… тоа има логика зошто вика една кутија има приближно 16 оброци (15х16=240г, а една кутија е 250грама). Инаку и јас со вода го правев, а измерив 15тина грама на кујнска вага. Се замислив и јас сега ама мислам баш добро, густо ми излезе…
Земав Нутрибулет или Нутрилајф како и да е сега со намера да правам смутиња (затоа што свекор ми ни носи овошје како крај на светот да е) и палачинки. Сабајлево правев палачинки со бананс и овес со него, госпоѓицата изеде 5 (како мини залчиња ги правев за неа), јас 4 многу излегоа како облачиња