Срце ми се полни што читам вака кога јаде дете. Моиве имам кажано, никогаш вака нема да јадат. Иако малово се разјаде доста, манџички па ептен сака со месо. Е насабајле мора да е некое мафинче, палачинче со кисело млеко. Последно мафини од хељда и морков со јајца и грчки јогурт и правев, со псилиум секако и се изнајаде. Ја гледа сестра и јаде банана, па и она се пружа. Се нервирам два пати ми се разболува месецов и се на пауза од алергени воведување ми е. Не успеав ни путер од кикирики да и дадам, ништо. Само ослич и дадов овие денови и буквално се прејаде. Со ждригање, со се како старец.
Мојот на поминување од шанк грабна пола банана и одма в уста си ја стави, му дадов да видам дали ќе јаде сам и јадеше како да не видел.Многу ми беше страв и му ја тргнав, како ќе се опуштам со парчиња не знам… Пасирана од старт не сакаше, само му ја подметнувам по малце во нешто друго.
Абе пушти дете да јаде Земи изгледај видеа за choking vs gaging, гагингот си е сосем нормале, давај парчиња соодветни за возраста седи со него и гледај го. Кога сме бебиња инстинктот за преживување ни е на највисоко ниво. Си исплукуваат ако одгризат поголемо парче, вчера мојата со краставичка така си одгриза поголемо парче неколку пати па си го плукна кога виде дека не може да го совлада.
Еве јас да те утешам дека ни 30 нема испиено… 11++ сме. Сите можни чаши, тенџериња и тави се пробани, не сака и не сака никаква течност освен моево млеко…
Јас после зимава планирам, дури и тоа зашто морам, иначе до сега ќе ја одбиев 100 пати. Се надевам кога ќе почнам малку сол да и ставам во јадењето, ќе пропие.
Со што почнавте со овошје или со зеленчук? Една другарка прееска ми раскажува како пред една година за ќерка и почнала со зеленчук цела палета да воведе првична па после дури овошје … не сум прочитала за ова нигде, ми спомна демек ради вкусовите дека одбивале на почеток зеленчук ако пробаат благичко овошје
Па нема баш врска, јас почнав со овошје и еве се јаде. Дури и не е некој љубител на благо да ти кажам.
Јас почнав со зеленчук прва кашичка ни беше од батат супер го прифати ама за многу брзо воведов и овошје. Не е грешно со што и да почнеш.
Со синко почнав прво со зеленчук, па после овошје. Тој јадеше се. Со бебка сега пак почнав со зеленчук, дадов морков прво, па компир па тиквичка, па се префрлив на овошје (само свежо го давам, не варам/печам) неколку денови. Од утре пак на зеленчук, и така мешано со неа. Според мене нема врска со што ќе почнеш, до детето си е што ќе преферира да јаде.
Мајки јас за бебе готвам на пареа во делимано кукерот. Што мислите дали е безбедно за бебе да се готви во тоа? Денес ми дојде тоа на мисла
E кога сме кај садовите, за нас користам тенџериња на металец веќе 7години истите немаат мрднато како нови се. Дали за неа да земам ново што ќе си биде само за нејзината храна или како правите?