Јас зедов ново, од Металац исто. Има и детски сет, ама е многу мало тенџерето и не ми одговараше со садот за на пареа па зедов друго поголемко.
И јас готвам во тенџериња на Металец и за нас, и за неа во посебно, помало. Имам уште едно што го купив за батко и кога беше бебе, најдобар квалитет се.
Јас имам детски сет Дино на металац маста му ја извадив. Скоро година дена секој можен ден се готви во него 2 или 3 оброка, не е мрднато.
А грешка сум била на братство инокс ми биле тенџерињата не металац ама презадоволна сум, баш ќе видам малечки дали имаат
Леќа црвена од вчера ми остана,смеам да дадам денес Леќа,модар и црвен патлиџан,тиквица,морков,компир и кромид.Или да им правам друго
За брзо полниме година и конечно ќе дадам белка, не сум дала заради фамилијарна историја на алергија на јајце(маж ми е алергичен). Има ли некоја со вака слична ситуација, како сте дале белка, и што сируп за алергија имате дома? Со жолчката немаме проблем.
Имам братучетка со алергија на јајце и син и му воведе дури после година ипол одложуваше со консултација со педијатар знам ми текнува. Не покажа ништо внук ми си ручка јајце цело дечко е од 2 години веќе
Јас уплав имам, зашто имам трауматичен случај во блиска околина… со алергија на белка, ама гушење… па уплав имам како да и дадам… се надевам дека џабе сум се плашела.
Не е наивно обавезно претпазливо, знам летизен дека над 2години се дава и братучетка ми имаше во фрижидер стално нешто друго. Ќе ја прашам а и ти секако ќе консултираш педијатар да си ултра спремна. Исто нели сите критични проби наутро се прават читам, за да ја пратиш цел ден. Уф што тешко без јајце мн ствари не можеш да комбинираш и дадеш уствари
Ааа извини, јас сфатив дека леќата ти е од вчера, а ќе ги додадеш другите работи. Јас модар домат сум давала од влера за денес, ама компир не.
Јас го правам на 60 мл вода две лажици супени рамни, и таман е густина. Водата да е топла 40 степени онака како за млеко и поубаво се прави. Додавам после овошје и јаде ме чека со отворена уста хаха .
Бев кај Др Јадранка Ремедика и : Почнав јаболко, круша, слива, тиква, праска, кајсија, банана со нешто беше комбинација. Кајсија и банана ич не и беа по ќејф кисели фацички и како за повраќање правеше. После морков, компир и ориз. Тоа сум дала сега купив просо, амарат, гриз да видиме да искомбинирам. И направив пауза една недела почна доста да ми повраќа. Млекото што го пиеше и знаеше да џдрига низ денот. Викам ај да одморам дете. Све ми е блендирано. Сливата имало некое парче дете ми прави вака фацичка јас ај пак лажиче она пак така, викам аман и се закашла и ја откачив од тие врзана и ја навалив према напред гледам во уста парченце слива. Уф фрлив и јадење и све срце ми застана. Изгледа не се избледнирало незнам. Варена сливата и блендирана ама како така потврдо делче останало незнам, а дека густа кашата па не сум видела. Шок. Не давам парчиња моево барем да направи 7 реални месеци. Свежо ништо све варено па блендирано. Искрено свежото овошје е потешко за варење и се препорачува првите недели варено па да се премине на свежо. Сепак би почекала јас уште со варено некој период. Не сум дала авокадо, цитрусни тие идат покасно. Некако јас размислувам како оние што викаат многу важна е генетиката и микрофлората, поднебјето на каква храна сме растени и што расте или е во близина на нашето живеалиште.