Многу брзо ти е млеко па за саат и пол каша, поготово ад. Три часа држи скоро ѕоа, па затоа и бљуцка. Да пробаш два часа минимум да има измеѓу.
Женски споделете некои листи за воведување намирници. До админите на форумов една сугестија … убаво би нило да имаме pinned документи за побитниве ствари да си стојат некако издвоени во побитниве теми горе Ми даде педијатарот една ама сакав да споредам и со други
Обично по оваа се водат повеќето мајки што комуницирам, исто и јас од оваа гледав. Ама корисна ќе ти биде само на почетокот колку да си имаш некоја претстава што/како , после ќе си се водиш по тоа како што мислиш ти. Првите 2 недели само бев потресена и се водев строго по табелава ама за брзо баталив и правев како што мислев дека е правилно.
Баш сега гледав на интернет какво е паковањето, немам видено кај нас во Охрид по маркетите такви јајца
Ајде уште нешто да прашам, глупо неглупо јас ќе си прашамтелешкото месо го варите цело па го замрзнувате? Или варите секој ден? како го одмрзнувате? Го ставате така замрзнато да вари со зеленчукот или преку ноќ го оставате во обичен фризидер?
Јас варев на коцки исечено со кромид и морков. Делев во чашки за една употреба и со фолија во замрзнувач. По потреба вадев по една чашка. Во манџата што ја правев директ. Или оставав да се одмрзне, зависи што сум двала тој ден.
Исечено на коцки и замрзнати посебно за еден ручек. Вадев и директно во вода што врие, не се одмрзнува ако се мали парченца. Ако одмрзнуваш поголема количина го оставаш преку ноќ во обичен фрижидер, не надвор.
Јас исто како другите членки варам повеќе па на парчиња замрзнувам ама во оние најмалецките теглички со водата од варењето. За одмрзнување дека зеленчукот гледам да го готвам на пареа, месото тегличката цела ја ставам во топла вода да отстои дур се прави зеленчукот па после дел од зеленчукот пасирам со вилушка а останатиот заедно со одмрзнатото месо и во сецко процесорот со зеленчукот го ставам
Девојки нутри булет врши работа за приготвување на кашичките на почеток? Или ќе треба нешто друго да набавам?
Не можеш да блендираш мали количини во нутри, јас докупив рачен пасатор оти не ми се фрлаше храна непотребно.
Јас си ги исеков на 50грама и си ги замрзнав во кесички, си вадев и си варев по потреба. Рачен дефинитивно, нутрито не е за мали количини.
Мојот е ваков, со повеќе делови ама било кој ќе ти заврши работа. https://www.comoditahome.com/mk/product/fast-hand-blender/
И го направив овесот за доручек со кокосовото млеко од ДМ како што препорача @Noemi ептен и се допадна ама некако брзо ја засити и стварно концентрирано беше. Дали го мешаш со вода и каков сооднос? Да пробам утре така ама па ептен течно да не ми искочи