Да ставам и малце вода многу е густичко млекото така, не гледам сооднос искрено ако сум ставила повеќе вода малку подолго го варам и пак доаѓа ок густината. Иначе и overnight oats и правам со чиа, па сабајле додавам овошка, чисто како идеа. Мрсничко е кокосовото ги држи. @naturally јас давам од тој од ДМ, не мелен, ставам околу пола кокосово и малце вода и околу една ипол лажица овес, толку ми јаде. Го варам кратко на тивко додека добие ок густина.
Може сликче од кокосовото млеко? Јас за нас користам едно од дм, ама во конзерва е. Тоа ли го користиш?
Јас со холе инстант овесот и правев денес и според упатсвото таму 15g овес (4 супени лажици) со пола од малото млекце кокосово од дм (120 ml), само 30 секунди го загреав млекото во микро па измешав овесот и додадов овошје после. Ама фалеше вода малце, концентрирано беше вака и се комираше од што се засити 85г вкупно изеде хах. Јас и го дојадов тоа што остана стварно тешкичко ама вкусно. Утре ќе пробам некој сооднос со вода да не е волку тешко
Баш мислев пред некој ден кога правев за нас чиа дека ќе биде супер кога ќе и воведам и неа. Од кога воведе? Глеам нигде по листиве ја нема дека не е ваљда специфична за нашево поднебје ама ние јадеме често па би и давала и неа. Како и ја правиш? За нас имам некои мерки што не знам како да ги поделам како за неа
И јас баш затоа и дадов дека со мене доручкува и гледам кога јадеме исто има повеќе интерес. Малку помалце од лажиче ставам чиа, со една ипол лажица овес. И со кисело млеко и мешам исто. На солид стартс од 6 месеци е одобрена. Многу е важно да е накиснета само, да не се дава сува.
Ми личи дека е исто со тоа во конзерва. Ај ќе видам баш. Не сум и дала до сега, а кокос одамна и воведов. Ова го користам јас
Јас пред годинка случајно со некое шмукалче на Хип, до тогаш на памет не ми паднало воопшто дека постои
Не знам во која тема се правеше муабетот па сеа ќе прашам во оваа. @merriel0 те означувам тебе затоа што спомна дека доста внимание обрнуваш на тоа. Ама и кој друг знае кажувајте Имено ми навлезе чивијата од муабетот за силиконски пластични и не знам ти какви садови да сменам што користам за бебка. За готвење користам иноксно тенџере и сега скоро си земав ново тавче за пржење со гранит така да сум океј засега со тоа. Ама сакам да и ги сменам силиконските чинии и чаши. Керамички како нашите не ми се баш опција затоа што знае да пробува да ја крене чинијата. Многу сакам од тие со инокс што се лепат за маса има нешто такво кај нас? Исто и за пиење има негде иноксни шишиња со цевка?
Јас еве на скоро 7м, на странскиве листи пишуваше од сам старт на 6 дека може. Јас на 5 почнав со вкусови така да по 2м дадов
@Noemi а кога го киснеш со чиа овесот преку ноќ, го оставаш во фрижидер? Нема да ми го јаде ако е ладно.Не знам зошто не сум и дала така киснет до сега, прости работи буквално ги заборавам дека постојат. @Feniksgirl и да го разредуваш кравјо си е кравјо. Не брзај да го воведеш, буквално никаква корист нема организмот од него. Давај кисели млека, грчки јогурт, адаптирано, ама баш кравјо јас не би. Секогаш сум за воведување поскоро храна отколку развлекување, освен кравјово. Освен штета и тегоби нема бенефит никаков
@Noemi да во стаклено затворено во фрижидер, мојава па ладно што и да е ќе јаде, ретко давам топло ептен млако ручек нешто
Не гледам ништо страшно во кравјо млеко, мојата секако не прифаќа ад, па само кравјо ми е замена. Не планирам кашите со вода да и ги правам. Затоа и прашав, дали има некој сооднос како за проба на почеток или директ како што е.
Јас во рецепти ставам по малку директ како што е на пример во овес го правам со вода и ставам малку кравјо. Палачинки, мафини сум правела со кравјо Не гледам ни јас ништо страшно за во јадење, друго е за да пие само млеко како замена