Искрено, едно од Стокомак што го пиеме ние. Знам ќе си кажат сега повеќе мајки како можам да не прибирам, ама и онака е " готвено" реално па затоа не прибирам. Да треба да пие/јаде понатака би зимала нешто друго, најверојатно Алпско
Во каши ( што ретко ги каде) или што и да е со млеко, ставам само млеко без вода. И ставам од Алпско.
И јас би избрала Алпско, пред некоја година пиев по 1 литар млеко и преферирав Алпско не знам од која причина ама има нешто .
Иноксни од братство. Се нарачуваат онлајн на нивниот веб сајт или директно во Охрид. Лепенки (вакуум) имаш на тему само да не дојдат до контакт со храната.
Според мое истражување, иноксни шишиња со цевче има на coolbotles.mk, ами се чини и во дм има. Чинивчиња и лонче за пиење има на братство Охрид, и тоа со гравирано именце, баш е слатко, јас и неам земено сеуште зошто у скут ми јаде и ја пазам. Лепенки барај на тему double sided suction cups heavy duty, ваљда ќе погодиш поквалитетни некои... едит: муабетот е во мајчински муабети, ама гледам све ти пишале што е пишано.
Јас не знаев дека постои сетов и откако те прочитав во Мајчински со брзина на светлината го нарачав, чекам да ми стигне . Иначе за керамика мислење? Мислам имаше пишано стаклени чинивчиња дека користиш. За синко користев керамички, потоа се префрлив на Металац емајлираните. Тогаш на почеток ме понесе занес изнакупив од Mushie, ама не ми идеше од тоа силиконот ни јас да јадам, а камо ли на бебе да давам и така си стојат.
Со здравје да си го користите ^^ и јас бев скроз залетана по тие силиконските, па со бои, па со форми... вака естетски топ, ама... Леле коа ќе ми текне дека имав силиконски калап за печење мафини ми се превртуваат цревата Искрено, да би имала емајлирани би користела, убави се тие на металац, или керамика, или стакло, не пребирам. користам тоа што имам зошто сум и некоја фаза на антиконзумеризам долго време башка со една плата сме па некои материјални нешта ги кратам. Секако ќе ѝ ги земам во скоро па здравје ќе си ги користи ехее Јас си купив иноксни цефки во базаро со нив имаше четкичка за миење па со тоа и го мијам цефчето и на беба.
Не. Другарка го имаше и беше задоволна. Сакав и јас да земам, тогаш ги немаше кај нас, во Косово ги имаше. Ама кога отидоа да ми земат , немаа на залиха. И завршивме со Авентот, го најдов за преефтина цена и го земавме него.
Исто . Ама го мислев за поздрава варијанта од еден тефлонски стар што го имам. Уште таа дилема да ми ја решиш во што да печам мафини , детево два пати во овие 4 години има јадено од што не сум сигурна во што да ги печам .