Ние почнавме на полни 5. На 6м веќе воведов доручек и јадеше околу 120/130гр и го сметав како оброк , дека цело си го јадеше и доручекот е со житарки. Ќе пројаде повеќе не се секирај. Во почетокот обично не јадат многу количински, ама после се навикнуваат и си ручкат. Со исклучоци, секако.
Машала супер си јаде, јас од 4 месеци почнав со вкусови дека слабо напредуваше ама еве и на 6 месеци слабо јаде, насабајле по 60 или 70 грама повеќе не сакат за ручек едвај 50 грама
Исто и мојата не јаде јас од сам старт сум оптеретена дека слабо напредуваше, млеко слабо пиеше и еве на 6 месеци не ја дуплира родилната што уште поголем стрес си добив а со кашичкиве сме со молење и тие 60 70 грама едвај ги јаде со цртани пеење
Јас и давам на сабајле овошје со палента или со ориз, просо, сега сакам и со овесни снегулки да и давам се надевам дека ќе пројаде, да го немам истиот проблем ко со млекото едвај пиеше па и не напредуваше
Мајка, еве ние година ќе правиме па уште кило ни фали да труплираме. На година треба да е три пати. Детето е здраво, право, весело со супер крвна слика. Ич не се секирај за тоа дуплирање, види педијатар да ти предложи некои витаминки ако не за апетит, знам се мачиш уште со млекото.
Денес пробавме прв пат кајсија (од готова кашичка) околу 10 часот. После тоа цицаше најнормално. Околу 13часот бљуцна 3 пати во рок од саат време, што не се случило никогаш. Пробуваме вкусови повеќе од 3 недели и последнава недела јаде 170-200грама за доручек, денес изеде и помалку од 170. Дали е ова алергиска реакција или нешто друго?
Крвна слика сега треба да правиме, имам упат ни даде педијатарот па чекам сега е на вакцина па пред вакцината да ја направам, се надевам убава ќе биде, се измачивме со млекото па сега и со кашиве јас се чудам како не и се јаде, единствено за вода ептен се радуват ко ќе и дадам да се напиет
Мојава е буцка и напредува си цица ама ете за цврста храна не дека не сака и ми одбива ама количински не јаде многу, послаби бебиња повеќе јадат од неа. Не се оптеретувај, секое бебе си е своја приказна и не може со сила да ги раниме ако не сакаат, ако се гладни ќе плачат. Тој зборот “напредува” треба да се замени кога е во контекст килажа па да не си правиме непотребни грижи
Пробај овес многу го сакаат еве и мојава го засака ама пак не го јаде повеќе од 100г со овошје. Види и амарантот е многу хранлив, мојава исто го сака често и го давам за доручек
Може ли да ми препорачате садови за чување на храна, помали? Гледав некои термоси за храна на Твистшејк и едни во Крш што ги има, ама ми требаат 3-4, а овие се поскапи. Воедно, што готвите во смисла meal prep за бебушиве? Морам навечер да спремам, а не знам што може да стои до утредента… не сме на блв да напоменам… Пробав да најдам на лупата ама не можам да се снајдам со key words.
Јас и за беба и за нас складирам во тегли. Наједноставно и најубаво. Имаш секаква големина. Има и кесички на твистшејк, за домашно припремени шмукалчиња, може ќе ти завршат работа. Скоро све можеш да спремиш да е варено од вечер до утре но да ги споиш и блендираш пред да се понудат.