Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    5.573
    Знаев дека немам сфатено од прва :D. Фала ти.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.793
    Допаѓања:
    6.846
    Јас кога воведував за синко вака ја воведував, бар таква беше праксата пред 4 години. Сега не сме стигнати до жолчка ама пак исто планирам.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zone89

    zone89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    264
    Еден ден 1/8 после два дена 1/4 и после 2-3 дена дадов цела без никаков проблем ни реакција.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.793
    Допаѓања:
    6.846
    Абе по blw се дава и цело јајце наеднаш, само кај нас се прават шеми, ама па немам што да воведувам во 8 месец и не ми е за брзање.
     
  5. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Искрено да ти кажам јас се преплашив сопругот и даде кашичка од готовите со глутен, немаше ни шест месеци јас со другото дете лежев на болница, па фала богу што немаше никаква реакција, јас од алергија недај боже ептен се плашам,на сопругот ќе му речам да го воведет јајцето тој сигурно цело ќе и го даде
     
  6. TamDi

    TamDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2022
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Мајкички, бебе 7м не ги сака воопшто овошните каши.. дадете идеја за доручек. Вообичаено гледам доручек да е овошје, ручек зеленчук. Зеленчуковите ептен ги сака, не јаде некоја количина, по 130гр ама задоволна сум со оглед на тоа дека не сака млеко..
     
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.835
    Допаѓања:
    17.825
    Па немам никаква причина, уз муабет со друга мајка ми сподели искуство со нејзиното и ептен ме преплаши. Јас на неполни 6 и дадов риба и патлиџан, кои се исто алергени, ама јагодата сега ептен со страв. Среќа ништо не и е.
     
  8. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.661
    Допаѓања:
    3.067
    Пол:
    Женски
    Патлиџан и јагода не се алергени, таа информација не знам од каде ја имаат нашите педијатари и упорно ја пренесуваат :)

    Овие се алергените:

    Глутен
    Ракчиња и мекотели (лигњи, школки)
    Јајца
    Риба
    Кикирики
    Соја
    Млеко
    Јаткасти плодови
    Сусам

    Колку покасно ги давате алергените толку се поголеми шансите да се развие алергија :) Не ме сфаќајте погрешно, ама 6 години за воведување на алерген е доста касно :) Искуства секакви ќе има за жал, но докажано е дека е подобро што порано да се дават. Заради сигурност затоа се дава 3 дена по малку, односно првиот ден ни една лажичка, па следниот малку повеќе, па 3иот повеќе. Штом вие сте се скратиле на сред јадење значи целото јадење ви било со алерген веројатно, што не е толку грешно, ама ако сакате да сте по претпазливи ќе нудите само по 1 лажичка/залак за да, не дај боже, не дојде до голема реакција :)
     
    На thinkerbell, dummy и pamelche им се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.137
    Допаѓања:
    15.421
    Пол:
    Женски
    Јагода е алерген.
     
  10. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.661
    Допаѓања:
    3.067
    Пол:
    Женски
    Не се рачуна во честите алергени како што се јаткасти плодови на пример. Алерген е како што е алерген, не знам, јаболка на пример зошто таа има полен на кој што МОЖЕ да биде алергичен човек, како што јагодата има протеин на којшто всушност луѓето МОЖЕ да покажат реакција :)
     
    Последна измена: 4 ноември 2025
    На lala15, dummy и Noemi им се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    11.946
    Само кај македонските педијатри јагода, берис, киви, се алергени, а зденка се дава од 6ти месец :D
    Не е по блв воведувањето алергени порано од старите препораки туку по најновите истражувања. Исто како што делењето на јајцето е застарена метода.
    Секој си прави како што му е удобно за своето бебе, ама треба да се има во предвид и ризикот од доцна воведување алергени, што во Македонија ни еден педијатар не го кажува.
    Да искочеше некое процентче од некоја фирма ехеее сите ќе се расчитаа истражувања, како што знаат кој пробиотик е најдобар и која формула ;)
     
    На lala15, MariaBouli, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.835
    Допаѓања:
    17.825
    Да знам дека што порано тоа подобро, и во случај да има полесно ќе се надмине. Со првото од 6 месеци давав овесна каша со путер од кикирики, омлет и слично, ама и јадачка беше. Сега некако повеќе ми е страв и блв да почнам, па откако слушнав дека може да се угуши од алергија уште толку. Можно е со цицање, банана и јаболка да терам до 3 години :) Се шалам секако

    Инаку еве доколку алергени се само тие што ги наброја, зошто детето на мајката која ми го сподели искуството покажало на кајсија? Знам деца и на праска кои покажале реакција.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.039
    Пол:
    Женски
    Да не вади запчиња? Мојава многу одбиваше дур и искочија првите две доле едно по друго
     
  14. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.039
    Пол:
    Женски
    Јас до сеа само инстант сум дала овес од Холе и не сум варела мада и за нас не варам го оставам од вечер во млеко да кисне така да кога ќе го потрошам ова паковање планирам да земам некои други овесни снегулки од дм и да и ги правам преку ноќ во фрижидер со кокосово млеко
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.039
    Пол:
    Женски
    А ова со јагодата и јас мислев дека е алерген нели така во сите листи и муабети од педијатри ја викаат. Мене пример ми имаше реакција преку мое млеко кога јадев јагоди се исфрли на пеленска регија, дали тоа значи дека е склона на алергија? Баш планирав да прашам педијатар за како да воведам ради тоа
     
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.039
    Пол:
    Женски
    Глутенот како го воведе а да е во мала количина? Исто и јаткиве преку путери некако? Дека лепливи се нели во некоја смеса некако ли се даваат? Мојава полни 7м па сакав да почнам со алергените, и педијатарот што одиме ретко во Систина ми препорача па собрав сили некако
     
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    11.946
    Има чести алергени и не чести, поленот не е во честите и е причина за реакцијата на праска и кајсија. Честите алергени се издвоени поради тоа што може да доведат до сериозна реакција брзо и од мала количина, пример гушење, анафилактичен шок, додека реакцијата на праската ќе е нафрлање и локализирана реакција, и мноооогу ретко може да е посериозно. Таа мајка имала таква "среќа".

    @dummy јатките и сусамот преку путери и таан, разредени со вода на прст дури можеш да дадеш траг количина. Понатака со грчки. Јас поради заби, болест, дури сега ќе почнувам со јатките.
     
    На MariaBouli, dummy и pamelche им се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    14.712
    Пол:
    Женски
    Ако така гледаме на се можно може да пројави алергија. На другарка малото на компир најобичен направи анафилакса.
    Бататот е една од намирниците кои имаат озбилни предиспозиции да дадат задоцнета алергиска реакција, па сите го даваат без проблем меѓу први намирници.
    Мојава голема пример има проблем со соја. Брат ми од мал е алергичен на јагода и затоа ептен бев во грч и на двете кога им воведував. Големата после неколку јадења јагода ми направи реакција, па паузирав некое време и после немаше проблем. Ама затоа мора внимателно и постојано да се сензибилизира организмот со тој алерген. Не значи дека ако во моментот нема реакција, нема да даде за неколку години пример.
    Ама тоа не значи и дека децава не треба ништо да јадат. Па и ние нормално.
    Е путерот од кикирики што толку се спремав да и го дадам уште го нема пробано. Повеќе од 20 дена беше безвезе болна и на нецелосно здраво дете алергени не воведувам. Затоа викендов :)
    @dummy јас сусам воведов наросен врз мафинче, печен. А јатки мелени во лепчиња што правам за дома за сите. Глутен воведов со тостирано лепче.

    Кога сме кај путери, Леска се феноменални. Ај путерите што се врв, туку и тие кремовите. Се заљубивме дома во тој со карамелизирано млеко начисто.
     
    На MariaBouli, Ladyme, dummy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.039
    Пол:
    Женски
    Уште едно малце глупо прашање дали ако сестра ми има алергија се смета за фамилијарна алергија или само од мене сопруг баби и дедовци?
     
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    14.712
    Пол:
    Женски
    Се смета.
     
    На dummy и Ladyme им се допаѓа ова.