Мислам дека оди, најдолу на сликава има некоја комбинација со овошје како идеја. На профилов на инстаграм ставаат комбинации па можеш да побараш да не има нешто повеќе за со киноа. Едит: сега видов и во бебе готвач има благ рецепт со киноа, ако сакаш ќе ти го сликам (7+ е)
Za bebe 7m so vovedeni dva obroka, kolku ml mleko davate dnevno? kako vi e rasporedot na kasa i Mleko vo tekot na denot?
На 7м имаше 2оброка и 4шишиња млеко. 06h млеко 180мл во 09h доручек во 12h млеко150мл во 15h ручек 18h млеко150мл о 21hмлеко 180-210мл.
Кога во воведовте жолчка и како, ја делевте на сто делчиња или? Прееска бев на контрола со малата, има полни 6м и веќе скоро 4 недели пробува вкусови. Досега само овошје и зеленчук, јаде по околу 140-150гр. Житарици од утре ќе почнам да давам, па да сметам дека е појадок тоа. Матичната ми рече да и воведам жолчка, а за 3 недели и телешко месо, т.е. ручек.
Мене па прво месо ми рече матичниот па после жолчка, секој различно кажува хах. Јас сега на полни 7м ќе воведувам жолчка ама баш ќе зборувам со педијатар како тоа со делчињата. Прво си мислев да не биде по тој престариот принцип ама дознав дека татко ми како дете имал алергија на јајце така да морам сепак да пазам
Јас воведов 1/4 па пауза 1 ден.1 половина па пауза 2 дена.И цела жолчка па пак после неколку дена цела.И не беше ова ептен ради старинско туку бидејќи сметам дека не е убаво мало бебе секој ден да јаде жолчка.Макс неделно 3 пати давам.
Здраво, Бебче е 7,5 месец со два оброци. Педијатарот ми рече да воведам трет оброк - прво житарици без глутен со оризово млеко и додаток овошје, па по две недели житарици со глутен. Како го спремате оризовото млеко, дали да го варам па мешам со житарици?
Оризово млеко? Прв пат слушам некој да дава тоа, повеќево мајки даваат млечни производи грчки јогурт, обичен јогурт, кисело млекце во вечерата, и јас така планирав кога ќе воведам
Чекај а во тие два оброци немаш житарици веќе внесено? Што даваш за доручек тогаш? За вечера подобро е да даваш нешто со масти, кисело млеко, грчки јогурт, путер отколку житарици јаглехидрат со овошје јаглехидрат и оризово млеко јаглехидрат.
За доручек давам пасирано овошје, а за ручек пасиран зеленчук. Сега ми рекоа да воведам житарици за вечера, а потоа и за доручек со овошје.
Ама само овошје не е оброк, ти фактички немаш воведено ни доручек пошо даваш само овошје. Оброк се смета за воведен кога има и житарка, па преоѓаш на ручек. Со ова темпо месо, јајце и млечни ќе воведеш на година ипол. Ова носи ризик за анемија, после 6тиот месец потребите за железо на бебето се зголемуваат за 40 до 60 пати, а само од зеленчук и овошје не можеш да ги внесеш. Очигледно доста се потпираш на педијатарот, што може е правилно за други работи ама за дохраната не те насочува правилно. Пролистај низ темава ќе видиш искуство од други мајки. Давање на нов продукт како житарка првпат навечер за вечера е скроз ама скроз погрешно, секоја нова намирници треба да се дава рано во денот заради алергиска реакција или нетолеранција.
Фала ти на совет, детето ми е напредно и во килажа и со одлична крвна слика далеку од анемија. Прашањето ми беше за подготовка на оризово млеко.
Здраво мајки. Со вкусови почнавме на 4ипол месеци, по препорака на педијатар, секој нов вкус по 3 дена по неколку лажички. Сега сме веќе 5ипол месеци и имаме воведено 10 вкусови. Педијатарот ни кажа веќе да се воведе оброк. Во тој момент мислев дека е ок, дека ке знам што и како, ама сега кога треба да почнам сфаќам дека појма немам. 1. Првиот оброк сабајле ке ни биде млеко, вториот каша? 2. 120/130гр каша ако изеде, после колку време да дадам млеко? Сега пие ад на 3 часа, од 120-180мл. 3. Ако изеде пр. пола каша, дали веднаш да дадам и пола доза млеко или да почекам некое време, а сепак да не бидат 3 часа како вообичаено? 4. Дали домашна каша (житарка+овошје/зеленчук) може да стои во фрижидер и колку време? 5. Дали можам на почеток да давам пр.палента со две овошки/зеленчук што ги има воведено или да почнам со по едно? 6.И дали вода да нудам преку цел ден или само после оброкот? За сега ова ми се дилемите, би ви била благодарна ако ми разјасните
Пораснавте и вие за ручкање. 1. Да , доручек. Се дава овошје со житарки. 2. Зависи до детето тоа најмногу. Нас оброк ни држи околу 2.5/3ч, ама јаде 170/190гр оброци. 3. Ако ти изеде пола каша или па да не сака воопшто, ќе си дадеш порано млеко. Ќе ти каже и самото ако е гладно. 4. Може да, сум правела одвечер за да дадам утре дента. Мислам дека околу 24ч може да стои така, ама не сум сигурна. Ама ова за ептен некогаш ако сум немала време. 5. За доручек обично оди палента со овошје. Ако имаш две овошки воведено можеш слободно. 6. После оброк водичка обавезно нуди. Во почетокот не ја обожаваат водата баш ама после си пијат. Синко не сака многу да пие од шише, ама па од чашка со клунче ќе се потепа за да пие. Нуди и низ текот на денот по малку исто така. Ако ти треба уште нешто прашувај слободно.
Не се спрема никако оризово млеко, се спрема оризова каша. Искрено не знам кој педијатар го слушаш, ама нај добронамерно, смени го. Овошје само не е оброк, почни од тебе, колку тебе овошје ќе ти е оброк. Мора да содржи некоја житарка, за да го држи. @Noemi не ти рече дека детето сега ти има анемија, туку те советуваше дека можно е да има ако вака јаде. Вие немате никаков оброк, на 7 и пол веќе и доручек и ручек треба да има, па полека накај вечера да се спремате. До годинка млекото ин е главна храна, ама веќе од 6 месеци повеќе трошат, не ги држи само млеко. Затоа додади житарка од сабајле, без глутенска за почеток, иако веќе и глутенска можеш.