Па јас на 7 воведов глутен. Не би порано, сепак е алерген, за жал многу чест денес. @naturally мојата го обожава.
Од која палента и овес давате на 6,5 без глутен. Посебна што е за бебе или некоја друга?Или друга која житарка ја вклучувате во доручекот? извинете на прашањата можи се глупи ама прво дете…
Не јаде моето дете палента… никаква. Сексква купив и еве сите стојат. Иначе имаш на хип, таа демек ја сакале.
Палента јас од таа со бебето или dr. Oetker, истите и за нас ги зимам. Овес до сега само од тој на holle сум давала. Освен овие давам и ориз (инстант на holle) просо(лупено од дм), амарант (експандиран од ДМ)
Се надевам не грешавам никаде околу јадењето и пиењето млеко, 30 грама каша за доручек и ручек е премалку искинав живци, значи кога ќе стане давам млеко па по два часа давам каша со овошје и некоја житарка, преспиват па пак давам млеко па по два часа ручек, на пример 7 млеко, каша во 9 па следно млеко 12, ручек во 14 часот, завчера се израдував јадеше убаво околу 100 грама и исповрати све, дали да не ја форсирам да си јаде по 30 грама па ќе си пројадет со тек на време или кажете што да правам, се ми се собра едното не јаде другото друга мака, јас на крај сум да скренам
Палента инстант од Хип земам, мојот ја сака некогаш со формула ја спремам така па уште повеќе ја јаде.
Каков вкус треба да има амарант? Мене ми има мирис и вкус како на влага.. сабајле го отворив, експандиран од ДМ. Вака треба или?
И дадов и јас сабајле за доручек, си се најаде убаво. Па сега се замислив да не и дадов нешто неокеј, го мислам цел ден дали треба да е таков