А што е муабетот со силиконските садови извинете вака што се убацувам не сум во тек добив на поклон ама уште не сум ги искористила па ме интересира.
Па генерално не е убаво да се користи силикон или пластика затоа што со тек на време, особено кога се изложени на топлина (на пример во микробранова, машина за садови или со топла храна), можат да ослободуваат хемикалии во храната.
Девојки, вие што сте на цицање и 3 оброка, претпоставувам цицањето ви ги заменува ужинките, или давате и плус ужинки? Јас некако мислам дека мојава или не се нацицува, или не ја најадува млекото веќе. Значи цица, и за саат ипол макс 2 часа после тоа и давам да јаде, абе се радува како да не јадела 3 дена, и бута ли бута. Пред некој ден, не мерев, ама околу 300 гр. и кусур гриз изеде според тоа што беше во чинијата. Се мислам ако не дали веќе и ужинки да давам, само не знам како да ги распоредам, дали ќе намали така на оброци...
Не намалува, не ги држи веќе млекото толку, поготово мајчино. Јас давам шмукалче или смоки, бисквитки. Чим сака да јаде, давај хахаха.
А сум давала понекогаш кога ќе ми спие мн кратко и има мн време до мојот распоред за оброк, и не ми направила проблем ама не знаев дали за секогаш да почнам, зошто мн често читам дека ужинки после една година демек. Какви бисквити даваш?
После година ужинки. Евентуално од 11 месеци, млекото е главна храна до година. Феникс мајчино млеко станува покалорично како што расте бебето, не обратно.
Затоа ме мисли се ова, ама на пример вчера се разбуди, цицаше, и затоа што спиеше 14 саати викам ај мн време нејадена, за 45 мин и дадов да јаде, изеде 170 гр овес со банана (толку спремив мислев нема да сака многу), уште пола банана, и две киви. Инаку не ми е намерата да и кратам цицање, туку да давам и плус нешто ужинка
Не знам што да ти кажам, само проследувам од педијатри мислење . Во суштина се воведуваат на месец ипол оброците и таман иде време за ужинка пред роденденот. Така ако има 5 оброци денот мислам дека многу ќе им се ускрати млекце. Дали ти пие водичка? Јас сум му давала да цица после јадење кога сака.
@MariaBouli со големиот ваков распоред имав: На 5.5м почнав со вкусови На 6м имаше појадок На 7м воведов ручек На 8м дадов вечера На 9м сам почна да спие по цела ноќ,без да се буди за доење. На 10.5м воведов прва ужинка, меѓу појадок и ручек - тогаш се вратив на работа и после 2недели излегување за да го дојам, му дадов ужинка. На 12м воведов и втора ужинка, го скратив подојот меѓу ручек и вечера. До 18м цицаше само еднаш на ден, пред спиење. Вода почна да пие дури кога го одбив од доење, на 18м. До тогаш по капка-дев, значи ич не пиеше. Шише не фати никогаш, не знаеше, директ од мала чашка почна да пие.
Без разлика, како растат помалку ги држи, повеќе троши бебето. Не беше за млекото, бебето повеќе троши.
Јас на месец ги воведував, а доручек и побрзо почнав зошто не терав класично давање вкусови по 3 дена така што во 8ми и вечера и воведов така да сега на 9++ има 3 оброка. Пак ќе речам, немам намера ниеден подој плус да кратам, ама ќе пробам малку може да изменам распоред зошто мислам дека е гладна, и или треба почесто да ја дојам, или да и давам ужинки Пие инаку, не сум и мерела колку зошто некој ден помалку некој повеќе, ама пие.
Тоа дека не ги држи мајчино млеко е мит, затоа реплицирав бидејќи не прв пат го слушам, истото ми го викале и мене, а нема врска Да, така мислам е најокеј прво распоред да смениш па ако видиш дека бара уште јадење воведи и ужинка. Педијатар што вика? Иначе и на ќерче здравје Боже ќе мора да и воведам ужина на 10 месеци ако не прифати шише до тогаш . Што даваше за ужинка, нешто млечно или?
Мајки јас имам прашање поврзано со нови вкусови, испробавме доста вкусови не одев по 3 дена од се оти реално уште ќе пробуваше ако одев по тој редослед. Сега воведов втор оброк, но сакам да и воведам и нешто ново да не вртам исти работи, пример несолена урда, просо и сл. Бидејќи е нов вкус а веќе почнав со втор оброк како давате, дали го мешате со нешто што веќе има пробано или давате само тоа што е ново за прв пат?
Се мешам од старт со тоа што два три дена само една намирница е нова. Намирници за ручек сум ги воведувала во време за ручек.
Обично мешам во доручек или ручек, овошје и житарка обично во доручек а зеленчук месо во ручек. Освен алергени, ништо не планирам да давам по 3 дена. Сега баш воведував млечни и не ми одеше да комбинирам па давав само неколку лажички грчки јогурт пред јадење и третиот ден (денес) во оброкот со палентата директно. Јајце исто така планирам, ден или два како надвор од оброк па после омлет или палачинка со банана
Кај моето дете не е мит, повеќе од саат и пол не ја држи. Мит е тоа дека ги штити, не ги штити ништо. И тоа јас имам млеко за извоз, плус има три обилни оброци и ужинка.
Види во медицината секогаш има исклучоци, ама збориме за нешто што е факт кај повеќе од 80 посто од популацијата. Нема потреба и овде да се докажуваме за доењето.