Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.206
    Допаѓања:
    26.747
    Пол:
    Женски
    Или само овошје, или јогурт со овошје мешав, некогаш и бисквити,некогаш само кисело млеко. Како наполни 2 години и почна да јаде се нормално како и ние, од тогаш до денеска (7год е) и двете ужинки му се овошје само.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.957
    Пол:
    Женски
    Во среда сме, ќе видам што ќе каже :)
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  3. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    9.326
    Пол:
    Женски
    Мајки, од кога почнавте со тестенини? Кои ги давате и како( сецкани или)?
     
  4. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    5.508
    Тоа дека ги штити се однесува за понатаму во животот, доените деца имаат помал ризик да заболат од многу болести. Тоа не значи дека доено дете пример нема да има алергија на полен, ама ризикот е помал наспрема децата што не се доени. Е сега како и се во животов е лотарија, ама фактот дека мајчиното млеко по состав е магија - останува.
     
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.112
    Пол:
    Женски
    Немам такво искуство во животот. Чим ти падне имунитет, ништо не ти помага дур не се крене. Само подложен ќе си на се.
    Можеби е магија по состав, ама не прави никаква магија, еве ние во болница завршивме, глава не кренавме два месеци. Сепак имунитетот си игра главна улога, а тој го добива само ако се разболи.
     
    На nikja и naturally им се допаѓа ова.
  6. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    5.508
    Иминутет се развива со разболување, точно е. Мора и тој пат да го поминеме сите :(, само со лесно да е.
    Моето 3 пати се разболи до 6 месеци и мислам многу полесно помина дека е на доење, прима течности кога сака и колку сака.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mimka123

    Mimka123 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2025
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Мајки од кој месеци почнавте во храна да уведувате млеко(тетрапак)? Ние сме 11 месеци и не знам дали да почнам по малце да и ставам млекце
     
  8. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.193
    Допаѓања:
    1.736
    Пол:
    Женски
    секоја мајка различно дава, моето пошто тргна во градинка на 9 месеци тогаш и го воведов, матичниот ми кажа 50посто вода и 50посто млеко за да направам каша. Како ке одлучиш така нема некое правило пробај само дали ќе му смета
     
    На Mimka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.957
    Пол:
    Женски
    Во храна давам уште од кај 7-8 месеци, на пример ако правам овес или гриз ќе ставам малку за вкус, пак поголемиот дел е вода, во рецепти ставам колку што пишува, за пиење не :)
     
    На Mimka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    @MariaBouli и јас кај мојава приметувам дека не ја држи ич мајчиново млеко. Станува сабајле во 7, цица баш количински и борба е до 9 за доручек да издржи. Веќе накај 8:20 е гладна. Исто и попладне. Во 5 кога ќе стане цица, во 6 веќе бара да јаде.
    Да не ја подречам се разјаде фала богу. Цело време на се си зинува, ништо не одбива, па дури и палента. Ама многу стана мобилна, се врти, се влече на сите страни. Имаме шанкерски столици, отров тешки, сабајле ја фатила едната и ја влече напред назад
    Инаку во поглед на ужинките, некаде на 7 ипол месеци и воведов прва ужинка. Тогаш ми скрати на две дремки, а јас веќе кај и да е ќе требаше да почнувам на цело работно време и морав. Вака е најадена, инаку исто во 12 цицаше и не можеше да издржи до 14:30 за ручек никако.
    Од вчера почнав и втора ужинка, втора смена сум на работа и морав. 8 ипол месеци е. Исто и со големата знам дека околу 9 воведов веќе втора ужинка.
    Во глобала кисело млеко ми јаде за ужинка, со банана најчесто. Вчера просо со јагода на пладне, попладне кисело млеко и банана.
    Денес планирам малку адаптирано со малку житарки, а попладне можеби пак кисело млеко. Гледам да се млечни за да надокнади за скратените подои, а сепак сега допрва на шише млеко нема шанси да ја навикнувам.
    Шмукалчиња, бисквити за ужинка не давам, ништо хранливо нема. Може рандом во текот на денот да и дадам да шмукне, ама едно шмукалче во тек на два дена и го давам.
    За месец од сега планирам пред спиење подојот да го скратам со тоа што вечерата ќе ја поместам накај 19:30.
    И накај 11, 12 месеци да завршам со доењево.
     
    На Ladyme, Feniksgirl и MariaBouli им се допаѓа ова.
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.957
    Пол:
    Женски
    Еве сабајле, во 15 за 8 цицаше, во 9 и 15 веќе мртва гладна. 230 гр. палента изеде. Сега само што заспа и толку се туфкав дали да и дадам да цица за да видам дали и подолго ќе спие, зошто ми спие по 40 мин само, ама се предомислив зошто денес пак ја заспав конечно 20 мин порано од вообичаено и баш ме интересира да пробам дали спие 40 мин од премореност или глад. Јас засега планирам да и давам шмукалче, овошје, смоки и нешто сл. зашто не сакам да и ги скратам подоите до толку. Од дома работам па нека си цица :D

    Работата е што мојава не е мобилна во смисла на движење. Да, на меше кога е се врти во кругови, се бутка назад, лево, десно, ама не лази. Ама не застанува, кога си игра само мрда нешто, тропа со играчки, треска, збори константо. Веројатно и од тоа троши иако не лази. :D
     
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Троши, се рачуна како активност и тоа што го прави.
    И мојава не лази, ама активна е. Со ротација и влечење вчера до кујна дојде.
    Штом си од дома полесно ти е во тој поглед со цицањето, ама мислам и дома да бев макс месец ќе пролонгирав и ќе кратев подои.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    5.508
    Денес за доручек требаше 1/2 жолчка, пред три дена дадов 1/4 ама заборавив и дадов нешто друго сабајлево. Можам за ручек да дадам или да не ризикувам додека испробува?
     
  14. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Женски
    Мамички јас сум во дилема. Дали и е доволно храна. Пие млеко 180 кога ќе стане. Потоа доручек, ручек, вечера на 3 саати по 200гр. И млеко 210 пред спиење. Ужинки нема, изгледа најадено, не тражи храна. 12 месеци сме и 8300кг.
     
  15. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    8300 грама мислиш. Леле мојава е толку а 6 месеци има… :worried: на годинка во прво одд ќе ја запишувам ако треба да има тродупло од килажата кога се роди.:D
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.112
    Пол:
    Женски
    Нема везе тоа, до годинка нема да крене многу. Помалку креваат веќе.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Почнавме со вкусови пред месец и една недела и до сега и имам воведено ручек и вечера според флаеров кој што ми го даде педијатарот. Ручек зеленчук/компир/месо (не давам месо секој ден) и вечера житарки со млеко (житарките ги воведував прво од сабајле сега веќе ги давам за вечера). Според флаеров вика да давам од 7 месеци попладне житарка со овошје ама не ми е некако логично пред вечера житарка и за вечера пак житарка. Знам дека сите даваат од сабајле за доручек житарка со овошје така ќе правам и јас. Кога воведовте 3 оброци? На 7 месеци или рано е? Уште давам два пати на ден јадење, не сме скратиле на подои, а голем апетит има.
     

    Прикачени фајлови:

  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.112
    Пол:
    Женски
    Немате доручек?
     
  19. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Откако ќе стане од спиење одма не и давам за јадење зошто не и се ни јаде и за кратко презаспива. После првата дремка пред ручекот некогаш давам овошка, вчера и дадов просо со јаболко прв пат тоа беше првиот доручек а и воведов за прв пат просо.
     
  20. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.957
    Пол:
    Женски
    Значи објаснете ми како бебево ми е 7.600 на 9++ месеци. Едвај чекам утре матичната што ќе каже.

    Стана, цицаше во 8. Во 9 изеде 230гр. палента, во 12 цицаше, во 1 изеде шест смоки, во 2 изеде цел тањир болоњезе (слика), во 5 цицаше, во 6 изеде околу 120 грама тарана и 250 грама кисело млеко, во 8 цицаше и заспа.

    Каде и оди тоа јадењето, јас толку не јадам? Е сеа кака по 4-5 пати на ден, ама толку да го троши бе?
     

    Прикачени фајлови: