Јаде по 220-230 по оброк, некогаш и 250. Ужинки, плус 3-4 подои а имам премногу млеко и мушмула ми ги прави. Она е шпагета, ко татко и. Ни 10 кг нема, додуше не знам одамна не е мерена, пред 2 месеци беше 9300, ама дефинитивно ништо не ја фаќа. Е сега мојава не застанува.
Абе и ова е доста активна, ако не лази, само мрда, прета, нема мир Ама ти викаш твојата дека е долга, ова е просечна - не сум ја мерела во должина, ама пред две недели извадив 80ки панталони, а блузи уште носи 74ки
Мислам Мојата веќе одамна ја има утроено. Слабичка се роди. Манекенка на мама ќе биде Впрочем друго ми беше прашањето, а не кое бебе колку тежи.
Уау извини што ти реплицирав… Одговор: ние не можеме да знаеме колку храна и е доволно, треба да процениш. 12 месеци веќе е спремна и за ужинка ако не се доволни оброците.
Штом немаш соодветен одговор на моето прашање, можеше да ме прескокнеш. Прашав само мислење, за тоа е и форумов. Немам многу време, хаотичен период, мајка си и знаеш како е. Да не должиме понатака.
@MariaBouli @Feniksgirl и мојава исто. Читам во темана, па деца на 6 месеци тежат повеќе од мојава на 8 ипол. Ама па се роди 48, еве ја 73 цм е. Периодов се разјаде. Сабајле изеде мафинче од хељда и морков со јајце и кисело млеко. На пладне и дадов житарки на бејбилав кутија со јагоди, малини и адаптирано. За ручек маж ми рече ќе се потепала за јадење. Цел тањир манџа од спанаќ, тиква и мисиркино и цела кришка лепче (го правам со бадемово брашно со чиа, јајца, путер). Ужина скоро пола банана и кисело млеко, вечера стапче од црвена леќа со ленено семе, псилиум итн со грчки јогурт. И цицаше кога си дојдов од работа и тоа баш многу, двете гради ми ги испразни. Ама нека се шпагетки, само нека се здрави. Понатаму за нив полесно ќе биде .
Мене ми беше страв малку, почна доста да качува. На 6 месеци има килажа и должина за 8ми месец. Ама викам ајде ќе застане некој период додека пролази ќе е вака. Денеска и направив кашичка благ компир, тиквица и морков и амарант. Значи 3ипол часа и не побара храна. Видов на апликација мн време поминало и спремив млеко и испи само 140 мл од 210. Значи баш ја заситило. Незнам кога да почнам со воведување на ручек? За доручек јаде 150 г више каша. Комбинирам овошје зеленчук житарица. Не сум дала глутен јас сум интолерантна.. кој знае за неа може треба да испитам. За лактозата од мене има наследено.
Одприлика колку треба да јадат за доручек на 6,5месеци ? Мојава некогаш само две лајчиња одвај ќе проба и почнувс да се гади да плачи. Некогаш со молење јадиме и пола оброк. Исто и кои јадења најчесто ги сакаат децата? Со зеленчукот малце како скарани сме, а овошјето во купечка каша го преферира поќе од домашното. Не знам како ќе воведам ручек за 2 недели кога одвај јадиме доручек едит: после колку време од последното млеко го давате? се извинувам за многуте прашања
Ја мешаш кашичката со твое млекце или ад? Така им е по познат вкусот. Инаку мојата многу сака батат, пашканат, авокадо, тиква.
Вчера зборев со педијатарот, за две недели почнуваме со вкусови и ми препорача првите вкусови да ги мешам со мајчино млеко или со нера критис. Како правите вие? Ми рече на пример јаболче и млекце за да биде течно на почеток да не и се лепи на непцата… читам дека мн брзо се навикнуваат на течна и после текстура нејкат какви се вашите искуства?
Баш сабајлево се чув со една другарка ми рече од водичката каде што се вари зеленчукот/овошјето додава. Јас сакам на пареа да и готвам во прво време
Првите неколку кашички ги мешав со мое млеко. Сега веќе откако прифати се и не враќа толку храна како на почетокот ги мешам само со вода. На пареа готвам.
Немаш потреба да мешаш со твое млеко. Свари си го овошјето и испасирај, не се навикнуваат така лесно, после ќе менуваш текстура полека и ќе навикне и друга, колку порано менуваш текстура, толку полесно ја прифаќа. Ич не се плаши за текстура, секое бебе во свое време си менува. Почни со пасирано, на почеток ќе ти прави како гагинг ама се тоа е нормално, да не се вадиш од памет дека се дави и сл, се чуди на вкусот или текстурата, после гајле нема. Е сеа пошо е доено бебе, ако е ко моето, до 6 не сакаше ништо освен цицкава, од 6 прифати да јаде цврста храна.
Ни за двете деца не сум ставала мајчино млеко во кашите. Ако нешто е погусто, како на пример компирот, ставам малку од водата во која се варел, ама млеко не.
Ја ставам на 45ʼ до нас до маса кога јадеме и магепсана е шмата цела лакомо се надевам ќе сака да јаде