И мојата е на доење. Се измолзував малце пред да и дадам кашичка. Пробај така може ќе прифати полесно зошто и е по познат вкусот на млекото.
Да и јас готвам на пареа. За овошје до сега немав потреба да додавам вода, самото е сочно, едино за батат додадов од флаша директ .
Кога ќе ја одбиеш од доење, тогаш ќе почне да пие вода, слушај ме. Така беше и синко исто, што се не пробав и никако не пропи вода до 18м, додека не го одбив од доење.
Мојот до 10 месеци мислам ни голтка не се напи ..и на работа почнав џабе..после одеднаш се пропи од секое можно шише клунче, цуцла, цефка..еве го 16м пие по 2 шишиња на ден..
@Feniksgirl чекам да пишеш кога ќе пропие, 3 месеци сме помали од вас, вода пие како игра само за да ја исплука. Туку гриз со што давате освен овошје? Земав на ДМ од спелта многу и се свиѓа со овошје, па да го измешам со нешто солено да пробам има смисла?
Истиот сум го давала со путер од лешник и какао за вечера, ама пак е тоа некоја “блага” варијанта, во солени комбинации не. Туку кога воведовте млечни, месо и глутен и по кој редослед (вие што сте почнале 6+ со дохрана)?
На 7 глутен исто и со месо и млечни, на 7и недела нешто почнав со месо. Прво глутен, па млечни, па месо.
Како воведувате месо? Дали давате прво некој ден од водата во која се варело или директно од месото? И дали само телешко прво дадовте?
Јајце пред глутен? И на колку размак ги воведувавте сите 3? Имам заборавено од првото, памтам само дека прво воведов месо од овие, кога воведов втор оброк.
Јас воведов со компир и друг зеленчук. Не давав од водата туку директно како кашичка. До сега имам дадено телешко и пилешко. Риба сеуште не, ќе почекам бидејќи е алерген.
Дури и со блв глутен даваат од 7 месеци, а според блв алерген даваш што поскоро. Они почнале на 5 и нормално е глутенот да им е последен зашто веќе од 6 имаат доручек а ти тек почнуваш со вкусови, они веќе месо даваат на 6. Не знам само зашто одма јајце обично малку покасно е, али ете секој педијатар различно.
Па не рачунав размак најискрено меѓу месо и млечни ама се фати ваљда повеќе, можда месец ама тоа дека бев во мисла дека има мала нетолеранција на млечни па си одложував непотребно. Сега сакам да воведам јајце на недела од млечните, но не по тој методот со жолчката цел месец. Мене ми е логично да е јајце пред глутен, далеку е похранливо. Истото важи и за месото пред останативе набројани, особено дека нели бебињата после 6м имаат ризик од анемија. Мене препораките ми се од педијатар од Систина кој не го практикува стандардниот начин на воведување намирници, се согласувам со размислувањата и затоа ги пратам.
и јас вака за месото директ во каша со зеленчук, со тоа што почнав со телешко па непосредно пилешко и мисиркино. Риба здравје после другиве алергени