Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    27.193
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со жолчка прво, па за две недели здравје кога ке и воведам ручек, ќе дадам и месо, телешко и пилешко. Најмногу ради ризикот од анемија, затоа глутенот и млечните понатаму ќе ги дадам.
    Почнав со вкусови на 5+, бебка е сега 6++. Размак гледам само да има по месец дена меѓу воведените оброци, друго не.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    1.922
    Пол:
    Женски
    @dummy
    @Autumn Love
    Се водев по листата што ја имам објавено погоре еве ќе ја објавам и тука. Месо воведов на 5 ипол месеци добро сварено не го правев на пареа. Се зезнав без да видам на едни овесни за бебе дека пишува може да содржи глутен и дадов и ми направи реакција. Од тогаш и давам безглутенски од дм. Затоа ќе и го воведам глутенот на 7 месеци пошто страв ме фати од тогаш. Иако е реакцијата само зошто бебешкото желудниче не е спремно уште за глутен. Само поврати не беше со некој не дај Боже пострашен симптом ама сепак ќе почекам.
     

    Прикачени фајлови:

    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.195
    Допаѓања:
    12.052
    5++ почнавме, па пауза па од 6пак. 6++ глутен, следна недела млечни, па месо, јајце по 2 недели ама не делев жолчка и белка. Комбинирано блв се храниме.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    2.215
    Пол:
    Женски
    Како го воведе јајцето?
     
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.195
    Допаѓања:
    12.052
    Пасирано варено со малце вода како паста, прв ден третина од мала лажичка, втор ден пола од мала лажичка, трет цела лажичка. После давав како кајгана, во палачинки, се беше во ред. Совет од педијатар ми беше да е многу добро зготвено јајцето секогаш бидејќи голем дел од алергиски реакции се јавуваат поради недоволно зготвено јајце.
     
    На dummy, Feniksgirl и Autumn Love им се допаѓа ова.
  6. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    6.848
    Не терам вкусови јас, само постепено наголемувам количина, на 6ипол оброк давам веќе.
    Прашање ми беше во правец дали има некој редослед и размак за давање дека сум заборавила, а матичната ми рече до следна контрола за месец да ги воведам тие три (глутен, месо и млечни).
     
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.446
    Допаѓања:
    15.814
    Пол:
    Женски
    Знам, сакав да ти кажам зашто они последно дале глутен.:D Дека почнале порано. Јас воведов во две недели се. Исто од 6 почнав со воведување вкусови.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    2.215
    Пол:
    Женски
    И белката така пасирана? Тоа ми беше мислата нема ли да се направи како ситни парчиња ако ја пасирам?
     
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.195
    Допаѓања:
    12.052
    Да да, сечев на средина додека е топло јајцето и две тркалца пасирав одма, се прави на мали ама скроз мали трошки белката не се парченца.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    2.215
    Пол:
    Женски
    И последно прашање ветувам хах :sweat: малце глупо можда ама можам ли истото јајце пример утре ако го сварам и го направам така како паста, и дадам малце, па тоа што ќе остане во фрижидер во тегличка за задутре? Или да варам пак :?:
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.195
    Допаѓања:
    12.052
    Изеди го ти и утре свари друго, јас не би го чувала за утре веќе пресечено. Три дена дојадував и јас јајце, а мразам да дојадувам:doh:
     
    На Feniksgirl и dummy им се допаѓа ова.
  12. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    3.196
    Пол:
    Женски
    Јас пак прв ден дадов омлет, најзгодно ми беше за јас да го дојадам, не обожавам варени јајца :D втор ден варено како паста, го дојдадов тоа е хахах трет ден веќе во палачинки :)

    Инаку да за јајце е многу битно да е убаво зготвено. На пример, матени јајца обожаваме сите, мм многу убаво ги прави, за нас ги прави и малку runny ама за неа обв поубаво испржени. Исто и варени, жолчката да е скроз тврда за неа:)
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    83
    Бебе 5.5 сакам да почнам со вкусови.ме интересира како и по колку се дава ? На пример за ручек да дадам две лажички да проба само и одма млеко или...и колку време така па после цел оброк .и колку треба да е тој оброк количински ?
     
  14. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.255
    Пол:
    Женски
    Најпрво пробувате само вкусови, овошје и зеленчук. Даваш сабајле, за да следиш реакција низ текот на денот дали ќе јави.
    Колку ќе сака толку на почеток, сите се различни. 2-3 лажички се сосема доволно колку да осети нов вкус и текстура.
    Со доручек почнувате дури откако ќе пробате неколку вкусови, обично после 3-4 недели. Количински сите различно. Во почетокот помалку јадат, што е најнормално.
    Ако ти јади за доручек пример 100-120гр житарка+овошје ќе си го сметаш за оброк. Па со тек на време ќе си се орентираш според потребите на бебе.
     
    На Maraya✓ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.662
    Допаѓања:
    9.563
    Пол:
    Женски
    Ако е од помош јас на почеток рендав од белката. Прво на најсилниот дел од рендето, после веќе и поголеми парченца.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    83
    Се одкако ке му дадам 2-3 лажички да проба после одма нудам млеко?
    И дали се приготвувате на пареа?во каков сад?
     
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.255
    Пол:
    Женски
    Ти дај му 1/1.5ч после испиено млеко да проба од овошјето или зеленчукот. Ако е гладен можеш и одма да му дадеш млеко после тие лажички, дека тоа што ќе го проба е само да осети вкус. Нема да се најади од тоа секако. :)
    За пареа не знам, не сум правела ама сигурно се приготвува. Јас му варам се во обичен сад како за нас.
     
    На Maraya✓ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Бибиче

    Бибиче Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2025
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    127
    Ве молам за совет. Ние за 2 недели ќе полниме 8м. Уште сме на еден оброк, дали е исправно. Читајќиве вас, некој више имаат и трет воведено. Вода не ми пие :( јадењето едвај и тоа го јаде (мала количина)
    Му давав само овошје, само зекенчук (пробувавме вкусови) Почнав да му мешам (брокула со просо, овес и банана, овес и јаболка, овес и круша, морков и брокула, просо и слива) До сега имаме пробано морков, брокула, батат, тиквичка, просо, овес, ориз, круша, јаболка, банана, слива, праска, кајсија.
    Сакам од наредна недела да му воведам телешко, кромид, лук, маслиново, карфиол.
    Пред некој ден се изненадив 1 морковче и 3,4 брокулчиња изеде, иначе борба ни е со јадењево. Вчера едвај пола кашичка од хип од кајсија ја изеде.

    Уште едно прашање. Од кои рачни блендери сте задоволни? Јас до сега правев со нутрибулет ама сака во него поголема количина да се стави за да испадне убаво или повеќе вода, со повеќе вода ептен е како за пиење,ни приближно не е до кашичка.
     
  19. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    5.593
    @Maraya✓ Јас готвам на пареа и повеќе пати го имам препорачано садов на форумов. Се става во поголемко тенџере, малку вода и капакот од тенџерето.

    https://kares.mk/product/kares/gotvenje/bloom-steel-sad-za-parea-metalen/

    Гледам го нема на залиха металниов, само пластичниот е достапен.

    https://kares.mk/product/kares/gotvenje/bloom-sad-za-gotvenje-na-parea/
     
    На Maraya✓ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    5.593
    Само кашичка од кајсија не е оброк, измешај со житарки пример семолина. Пробај повеќе различни овошја да искомбинираш, можеби едноставно не му се допаѓа комбинацијата.
    На 7 веќе може да даваш ручек, на 8 од прилика вечера.