Само кајсија и мене не ми беше убава таа од хип. Киселка е. И мешај со житарка. Само овошје или само зеленчук, не е оброк.
Овошјето не го мешај со многу вода ептен воденасто испаѓа. А водичка ако не сака да пие пробај прво дај вода во шишенце (ако прифаќа шише). Мојата така пропи вода прво од шишенце со цуцла сега пие од чашка со клунче.
Здраво мајки. За 2 дена полниме 5 месеци.Почнавме со пробување на вкусови и засега имаме вкусено јаболко, морков, круша, компир и тиква. Дали може да ги воведам и брокула,карфиол и авокадо или уште ни е рано?
Мене педијатарот ми ги кажа сите 3 мегу првите вкусови, авокадо дадов на почетокот но брокула и карфиол малку подоцна од страв за грчеви дека мојава е со осетливо меше а тие се малце потешки и мене ми ствараат гасови. Ако сте немале проблем со грчеви можеш ама ако сте имале почекај, прво воведи нешто што полесно се вари во меше банана, слива, кајсија, праска, пашканат, тиквичка, сладок компир…
Детево ми пројаде палента. Ама и погодив комбинација и по цел тањир јаде. Палентата додека се вари, едно јајце ставам, варам убаво, после грчки или павлака и мн малце сиренце.
Кршам живо јајце директ во палентата и мешам додека се зготви јајцето. На страна во тањир павлака/грчки и малце сиренце. И мојава палента несакаше да смисли. Ама оваа комбинација втор пат правам и ја обожава. Па и мм вика дека вака била поубава. Па и за него направив.
Кога најрано воведовте белка? Многу сум ограничена со храна без белка. А имам еден куп идеи што сакам да му ги дадам. Мојов педијатар ми вика од годинка. Некако многу доцна ми се гледа тоа.
Пред година дадов. Некои 10 месеци беше мислам дека. И скроз непланирано и дадов. Сега јајце и е број 1 за јадење. Во секоја варијанта го обожава.
Можам ли било кое овошје да мешам со грчки јогурт или кисело млеко? Ми одбива инаку само така ако е млечното без нешто благичко. А нешто зеленчук пример тиква оди ли? Глеам по нет има комбинации тиква и грчки јогурт, ваљда ок би било? Со што друго да мешам а да е благо?
Овошје со грчки е превкусно. Како овошен јогурт е. Ама ако ти е за оброк, житарка плус, за да го држи сито.За појадок ти е супер комбинација.
Да да обавезно и житарка ама освен овес и амарант(тој ескпандираниот) не сум и дала со нешто друго. Со палента ми одбиваше. Со што друго би одело?
И со киноа, и со просо, со се сум мешала грчки јогурт. Реално житарките немаат некој којзнае каков вкус, вкусот го дава овојшето или зеленчукот така да слободно што и даваш ставај и во тоа
Со се мешам оти мојава ако нема грчки или киселп млеко не јаде многу работи. Со печена јаболка, печена тиква, слива, праска се, како овошен јогурт. Палента со тиква и грчки баш вчера вечераше.
На 8+ месеци воведов. Мислам веќе по нови теории не се чека до година. Освен нели ако фамилијарно немате утврдена алергија. Со ориз (инстант), со мултигреин или било која од кутиите, зависи што имате воведено.
Знаеш дека не има неколку тука што уште на 6 имаме цело јајце воведено, ако ти важиме за поголема мотивација да не се ограничуваш
Знам мила , ама пак си викам вие терате блв. И нели по друга шема се водете таму. Да ти кажам мислам за брзо време да му воведам белка и ќе можам доста работи да правам. Немаме никаква фамилијарна алергија плус тоа. А дека веќе имам воведено жолчка, кога ќе дадам белка, можам дирекно како омлет?