Еве јас на 7ипол воведувам и жолчк и белка одеднаш, денес прв ден беше ок па ќе видиме како ќе е наредниве
Фала ти, ќе воведам и јас деновиве. Сакам да почнам да му давам и повеќе парченца, за сам да ручка. Ќе видам, ќе комбинирам најверојатно каша+парченца.
Дадов на 7++ негде не памтам веќе недела, битно добро зготвено да е, иначе нема врска блв за алергени не е посебна наука. Почни со некои фингер фудс интересно им е сеа да џвакаат ќе видиш сам ќе пројави интерес и ќе се научи, секако ќе си даваш каша да се најаде оти така си е навикнат, ама ќе експериментира со парчињата. И грубо пасирано почнувај, ќе исплукува сигурно ама мора да осети текстура. Мене темава ми ја ежи кожата оти имав кај моите комшивче до прво одделение само блендирано јадеше (после се преселив не знам).
@QweenSM Утре ќе му дадам целa жолчка, ако е во ред како предходно планирам на 9-10 месеци и белка да дадам. Нема да чекам 1 година.
Ние имаме проблем со жолчката.. три пати до сега и дадов и ми повраќа после 3, 4 саати. Педијатаров за првите 2 пати ми рече не е од жолчката дека е после неколку саати, ама направив пауза и после месец дена пак дадов, и тоа многу мала количина, и пак поврати. Не е случајност и нема од што друго е. Некој вакво искуство?
Јас така комбинирам каша и парченца, пример кога ставам банана секогаш пола во каша и пола така и давам. Не ја јаде целата ама си подгризнува од неа ја држи сама. Исто и морков, тиква тоа сака кога и давам како фингер фуд. Денес проба карфиол ама не заврши славно хах. Нешто ќе сака нешто не. Во секој случај можеш да си испланираш кога готвиш за каша да провериш како да е сечено за фингер фуд и да го имаш вкусот во 2 опции
Јас имам дадено на 5 месеци и 3 недели т.е. 1 месец откако почнавме со вкусови. Со банана ја мешав за посладок вкус пошто се малце киселки.
Јас на 6 месеци мислам дека дадов. Баш ќе купам деновиве. Ќе земам и малина. Ја обожаваше. Е само јагода ми е страв да дадам, дека јас како мала имав алергија од јагоди.
Да прашам јас ова 100% corn hipp е палента всушност не сум грешка? ... Без глутен и ја правам како што вика демек сварена вода па оладена до 50, јас од чешмичка со филтер ја греам на 50-60 и ставам на 50 мл една лажичка, на 100 мл две лажици итн. Додавам зеленчук, овошје зависи и ја јаде. Вие од која палента купувате?
Да, ќерка ми исто многу тешко прифати и банана и жолчка. Повраќаше исто после неколку саати додека не исфрли се’, во повеќе наврати. Направивме поголема пауза, минимум месец и после пак почнавме со трошки, осминка прво, па пак осминка, ептен по малце зголемувсвме додека да ја прифати. Каснеше со јајцето, на година уште не јадеше цело јајце, имаше реакции и на нафрлување околу уста, ама денеска на 2,5 год си е супер. Повеќето нетолеранции на храна ги снемува како што растат. Нашата имаше и атопична кожа и егзема и уште на првите прегледи ни кажаа дека штом има осетлива кожа можно е да покаже и алергии на храна.
Дали само со овес и го даваш кокосовото млеко или го комбимираш и во други каши? 7м сме па да и земам да пробам дали ќе го прифати )
Сабајлево пак ми одбиваше доручек иако и дадов нешто што знам дека сака дури и шмукалче само нејќеше а се дави во тие. Гледам горе кецот набабрил така да ваљда тоа ја мачело, џабе се нервирав дека е пребирлива. Како правите дур вадат заби каков тип на храна нудите а да прифатат?
Сакам да воведам пченица и просо. Шест ипол месеца сме Од каде купувате и кој бренд? Прашувам за бренд бидејќи битно ми е да е производ за бебиња во таа смисла На Холе најдов ама пишува спелта пченица тоа пченица ли е? Просо за бебеиња никаде не успеав да нјдам
Од дм био сите житарици ги земам. Просо е просо, немам чуено дека има за бебиња посебно. Иначе да, спелта е тип на пченица како поздрава варијанта.