Ima vo zegin organsko proso i drugi zitarki, nema posebni za bebe osven edna kasha od holle mullet pishuva na nea
На холе и хип имаат овес ориз пченка мислев дека ги имаат сите житарици и баш пишува дека се за бебиња од 6+ А просо ќе морам да земам од тоа во зегин што е органско па после ќе и комбинирам со повеќе житарици. Фала ви за советите
Да си реплицирам сама може ќе помогне на некој, се изнајаде тиква и цело парче и во каша. Парчето го шматаше баш со непцето што и е отеченко и олесни малце
Да, овесот и амарантот ги варам со кокосово. Додавам околу 1/3 вода од прилика, ќе видиш, да не е многу густо.
@Noemi Што е разликата меѓу кокосовото млеко од дм што го препорача и пример Алпро? Го земав тоа од дм, ама многу малечко . Едвај го најдов, барав тетрапак од 1 литар.
Со карфиолот што правите? Дали може да се замрзне (варен или не) Вчера му зедов на синко, утре прв пат ќе пробуваме ама количински е многу, затоа ме интересира што да направам со остатокот. Денеска му правев јунешко со тиквица и морковче, едвај 2 лажичиња изеде, одма го плука
Јас замрзнав измиен свеж поделен на китки. И мојава не го сака баш, само ако ставам малце и да го измешам со сладок компир или тиква па да не го осети.
Исто и тиквата планирам да му ја смрзнам. Тоа за него е, ние дома дека ни тиква ни карфиол не јадеме освен карфиол туршија
Мајки што прво и како сте дале парчиња?Бебе ќе прави за пола месец 9м а уште сме на блендирано од пусти страв што сме сами и немаме блиску болница.Ептен ми е страв ама си викам попладне да давам нешто ситно така колку да се научи може ќе се опуштам.
Почнав со компир, сосем случајно. И после со лепче, смока, чисто да видам за џвакањето. Си почнавме со манџи и ништо нема ситно сецкано или нагмечено. Како за нас, така за неа. Нели нормално без запршки , кои ни ние не ги јадеме и не зачинето како за нас. И не паничи толку. И да имаш болница со тебе, ако почне да се дави, а нема, бидејќи знаат како да исфрлат парченце, што ќе ти смени. Да не навлегуваме во тоа. За парчиња, треба прво ти да си спремна. Истражи, едуцирај се и смирено почни. Почни со згмечено со прст и стави му во уста. Остави на хранилка убаво сварено, ама не преварено и нека игра, нека фаќа, гмечи и ти давај полека. Година и 2 м е мојава, па знае да се подзадави, кога ќе напика четврт банана на пример или леб.
А какво лепче даваш?Прочитав дека овој обичниот од мекиот дел може да се залепи и задуши.Овервелмд сум од информации на оваа тема колку читам толку се блокирам.Не можам со стравов да се помирам не знам што е нормално што не и како да реагирам.Му имам дадено смока си ја мцка се топи...бисквита бебешка ќе се исподавеше.