Му воведов дирекно цело јајце. Дека прашував за белка што-како, се туфкав, и на крај директ како омлет. Супер ми ја прифати, сам си земаше со прстињата и интересно му се виде хахах.
Како ти го прифати Феникс? Истата комбинација сакав да ја дадам. Сестрами правела некој кромидарник само кромид и вика и јадела ама не ми се дава така. Ова само бљуцка и прдка и уште тоа желудникот може не и баш за таков шок.
Се тостира лепчето фурна Диме без семки на пр. (тостер што излегуваат лепчињата) или запекува да биде крцкаво. Симни си ја solid starts app и ќе гледаш како се сервира. Не се плаќа тој дел само за рецепти.
Веќе ти одговориле ама да не е истото, ова е чисто. Јас сум земала од Штип и Струмица секогаш имало повеќе и имаат рок па земам по 3-4 на едно одење. Ги пробавте го јадеше?
Каков блендер користите за каши? Денес прв оброк имавме, ама се изнамачив додека да го изблендирам. Имам еден од беко рачен, пробував и во нутрибулет..
Јас имам на Филипс, од постарите модели е, го користев и за синко пред 6год, еве и сега за бебка. Ептен мазни ги прави кашите за 2мин.
Со ориз, и секаков зеленчук. За вечера, гриз, семолина, чоколино(има без шеќер, кутија на лино е), ноќни каши.
Ваљда воведовме јајце (жолчка и белка одеднаш) без проблем на 7.5м Денес четврти пат јадеше и немаше мака, а изеде третина од јајце (претходните денови по помалку и давав). Требаше вчера трети ден повеќе да и дадам ама ми одби омлет, не беше заинтересирана нешто за парче поспана ја фатив, ама денес сабајле варено со кисело млеко многу и се допадна. Е сега да правам пауза неколку дена па да давам пак? Дека веќе 4 дена по малце и давав многу да не се фати. По колку давате во оброк, по цело, пола? Немам мерка некоја што е нормална количина за јајце во оброк на бебе.
Направи пауза сепак јајце и за нас возрасни не се препорачува секој ден. Иначе ко бил бебе сум давала цела жолчка во оброк, а потоа и едно цело јајце. Е сега на 4 години уште јаде едно јајце и истото се прашував пред некој ден, да не им е многу цело јајце како бебиња?
Нема многу, ако детето сака да јаде, нема реакции, не јаде само јајца туку има балансирана исхрана нема никаков проблем. Мојата на 9 месеци јаде 2 јајца за доручек, нормално не секој ден
Направи пауза, и после воведи си го во секојдневна употреба, барем 3 пати неделно. Истото важи за секој алерген за да имаат постојана изложеност на алергенот Јас уште одма давав цело јајце, како почна се повеќе да јаде сега јаде и по 2 јајца за доручек. А другото зависи до рецептот ако е палачинка, мафина и сл. ама генерално сите тие се со по 1 јајце