Не и давам ништо во раце таа се исправува на напред и со рачињата во чинија брка Баш и др Филев пред два дена забележа дека има почетен пинцета фат. Пошто е ептен активно бебе а и се тридам да и биде интересно видов на инста да направиш дупчиња на кутија и стави најлончиња, хартија како лентички и сл и гледам таа со показалецот и со палецот влече. Исто од картикчи за честитки така ги зема. И од храната јас не ја блендирам туку пасирам и таа иако нема големи некои парчиња кашата ја фаќа така во последно време Не дека тоа го прави за јадење туку интересно и е. Јас поима немав за пинцета фат генерално не следам некои правила за јадење спиење и сл што како туку си го следам бебето и нејзините потреби ама пред два дена др Филев го забалежа тоа и кажа дека има многу добра координација на рачињата дури и почетен пинцет фат. Исто јас не планирав блв сакав класично да почнам ама таа сама сака да јаде па лажичката ја носам до одредено ниво таа ја зема и ја става во усте( некогаш во обравче некогаш во окце) ама ако не и ја дадам се лути. Е сега после јадење сме за на хемиско и таа и јас Инаку не сум некоја експерт за каши и сл правам онака обично гледам да има житарица и зеленчук или овошје и тоа што ми е најдраго е што до сега се е купено од некој што дома одгледува без пестициди и сл. До сега 20 намирници имаме воведено Имајте слатко јадење и вие
Муабетот ми е дека и матичната и луѓе околу мене форсираат оброци да се воведат што побрзо кај бебињата, па се прашував да не грешам некаде јас. Бебка јаде засега, појадокот и е околу 200гр горе долу, верувам дека ако и дадам и ручекот ќе го јаде, ама сметам дека нема потреба толку рано да ја оптоварувам со оброци, па цел живот ќе јаде. Не е дека правам паузи или нешто, откако почнав со вкусови постепено и зголемував количина и за 2 недели стигна до појадок, релативно брзо. Затоа прашав и тука какви се вашите мислења на темава.
Само што требаше да го изблендирам јадењето малата заспа, морков, компир, тиквица, телешко и спанаќ. Колку може да стои вака или да го фрлам? Значи денеска го утнавме ручекот
Ништо не е. Нема да спие 5 саати. Изблендирај и стави во стаклен сад и поклопи. Кога ќе стане ќе си ручка.
Мајки сакам да направам поголема количина на кашички од зеленчуци сега што се сезонски но ќе ги нема следниот период. Како да ги зачувам освен замрзнато?
Каши немаш како. Ама во кесички направи микс од зеленчукот и замрзни како за оброк. Вади, ќе свариш и готово.
Ау коа ќе ме штипне, па не дај боже ако ноктите не и се исечени, викам жими се. Обично кога е многу уморна и многу и се спие така прави, едвај изджувам за да заспие, се шетам изгребена како маче да имам дома
Дали можам да го дадам овој спанаќ на 6ипол месечно бебе? Во бебе готвач пишува нетретиран спанаќ до 1 год на бебето.
Јас таков давам, не знам баш дали е од истата фирма зависи од кој маркет земам. Убаво ќе го измиеш и бланшираш.
Сакам утре да дадам леќа прв пат 8 месеци е бебушка, дали има некоја процедура за леќата спремање како просото покиснување или миеш вариш?