Женски дали прво пробувавте само вкусови, па потоа почнавте да ги мешате? Пример ако бебе пробало јаболче и морков, наредно да ги измешам двете. И дали мешавте наизменично овојше и зеленчук или прво да давам само овошје, па потоа зеленчук? Се надевам дека не е се олку комплицирано колку сега што ми изгледа
На почетокот мислиш дека е научна фантастика, после му го земаш редот и не се замараш толку. Прво се пробува еден вкус. Кога ќе го воведеш и веќе гледаш дека е се ок, можеш да го мешаш. Јас наизменично давав. Почнавме со морков, па банана, батат, јаболко и така по ред. Нема некое си правило, како мислиш така ќе даваш. Битно е да ги воведеш за бебе да почне да си крка.
Глутен се воведува со една намирница, штом немало реакција без проблем можеш да даваш веќе секакви житарки со глутен Ориз најобичен, што јадете вие тоа слободно давај.
Ти благодарам,малку ми беше стресно зошто е со осетлива кожа, и најверојатно ат.дерматит..па баш сега кога давав гриз му се воспали тоа на вратот што од време на време се воспалува и само минува..дали од тоа или се погоди баш сега незз навистина,ќе видам за извесно време планирам да дадам гриз со нешто овошка па ќе видам дали нешто од тоа е реакција..И затоа ми проблем за вечера што да му давам,се едно исто .. просо,палента со млечни..Фала уште еднаш за споделувањето
Како воведувавте месо, па и останати вкусови што не се воведени? За две три недели треба да воведеме и ручек, тогаш планирав и месо да воведам, е сега месото го давам исто како до сега наутро за да следам реакција, а за ручек и давам нешто друго или можам да го давам во ручек? И исто така, глупаво прашање, дали ако за појадок давам авокадо со друго овошје не мора да се даваат и житарки? И по колку време ви трае хранење со каша? Ние сме на почеток, ама по 30-40мин трае процесот, се надевам со тек на време дека побрзо ке се храниме
Мене од педијатар ми беше кажано нови вкусови од сабајле за да се следи реакција. Е сега месото не верувам дека ќе ти даде алергиска реакција, јас го давав за ручек околу 12:30,13h. Ако даваш авокадо со овошје за доручек мислам дека тоа не се смета за оброк ако е без житарка. Јас давам зеленчуци за ручек. Пример што и правев вчера: Доручек: просо со јаболко. Ручек: авокадо, пашканат, тиквичка. (2-3 пати во неделата давам месо не секој ден) Вечера: овес со млеко. И давам се додека отвара уста. Што знам… околу 20,30 минути хранењето ни е. После тоа и нудам малце водичка. Добар апетит
Во принцип за да е целосен доручекот треба да има житарка, е сега авокадото е пак понутритивно од другиве овошја ама сепак мислам не би држело доволно сито без житарка. Едино понатака кога ќе воведете јајце тоа може без житарка дека е калорично. Јас исто со месо воведов ручек (директ блендирано месо во каша) и го дадов од старт попладне, алергиска реакција во принцип се следи неколку часа (мислам и многу побрзо јавуваат во реалност) така да во секој случај има доволно време и за ручек. Мојава руча околу пладне што е релативно рано па воведувам и други намирници во ручек. Хранењето кај нас знае да трае долго понекогаш иако веќе 3 месеци има од пробување вкусови ама тоа си зависи до бебето. Мојава не е некој преголем јадач и си прави паузи цело време дур јаде, ако и давам брзо се лути а реално не е ни препорачливо да им се бута така лажиче по лажиче во уста. Поспоро ни трае кога и давам цело парче или пасирано дека треба да го џвакне во уста ама ако и дадам блендирано (најчесто ручек со месо или готова каша) тогаш е побрзо.
Дали мора да давам житарица и за ручек? Сег планирам да дадам морков карфиол инстант ориз( го правам си ад млеко) и со грчки јогурт една лажица. Дали е ок комбинацијата? Уште немаме виведено месо и јајце И дали кога воведувам нов вкус треба и за доручек и за ручек?
Не мора да даваш житарка за ручек. Малце ми е чудна комбинацијата… ад млеко, јогурт и зеленчук… да не му биде тешко на стомачето. Плус карфиолиот ствара гасови јас би го дала во што по обична basic комбинација. Мислам не мора и јогурт и ад избери едно. Не мора новиот вкус да го даваш за доручек и ручек можеш само еднаш во денот пример за доручек ако ви е касно ручекот.
Не мора секогаш житарица, ако даваш компир, батат, тоа ти е базата. Нов вкус нема потреба да се воведува два пати денот освен ако не сака сабајле да јаде, па да го понудиш по втор пат за ручек.
Амарантот од ДМ што не се вари, колку време го оставате во кашата за да омекне? И дали го мешате само со овошје или може и со зеленчук?
Јас најчесто мешав еден нов вкус со веќе пробан. Пример морков 3 дена Четврт ден компир 5ти и 6ти ден морков и компир заедно 7ми и 8ми ден јаболко 9ти ден јаболко и морков 10ти ден круша 11ти ден јаболко и круша 12 ти ден јаболко, круша и морков итн Отпосле веќе кога стаса до 10+ пробани работи си правев различни комбинации на почетокот и овошје и зеленчук мешано додека имаше еден оброк. Со втор оброк одделив овошје со житарка за појадок, зеленчук со месо/јајце и по потреба житарка за ручек.
Ставам две големи полни лажици на околу 200грама каша… Искрено не знам дали е правилно, кога ќе го ставам не зголемува ни на волумен ни на тежина кашата.
Јас дупло ставам (2 лажици на 100грама каша дека мојава малце јаде количински) ама не знам ни тоа дали е правилно најискрено