Малку подолго се вари, не знма дали проба до сега. Јас варев поголема количина и замрзнував да имам барем за 7-8 пати пример да ставам дека не ми се исплатеше на секое да варам цел саат цвекло. Исто правам и со телешкото. Тоа па 2 саари се вари. Затоа ќе купам пример макс 500 грама, го сечам на коцки го варам и замрзнувам. Обично гледам месец до два макс да се потроши. Шубе ми е мало бебе подолго да чувам. Ако остане го ставам во манџа за нас.
Еве денес компир дадов иста песна, го држи во уста и ќе ми го плукне на крај веќе и се здосади па почна да кенка ја упорна со музика едно друго ама ептен ми се расплака. После и ставив и 20мл мајчино млеко.. една две лажички поливинки касна ама пак почна да плаче. Е добро ја дигнав од столче ја ставив на цице кога вресна а гладна, пред 3саати беше цицана … љута ми беше дека и давав да јаде после морав да се измолзам па од шише испи 100мл и се смири … циркуз беше цел саат плачки, љута побесне Утре давам банана ако и тоа нејке се откажувам ќе ја чекам уште две три недели па ќе пробуваме пак
Кај нас беше вака, ама кај нас и од јаболка плачеше. Паузирав два пати, почнав на 6 полни и од тогаш си јаде, и тоа пресреќна дека и давам. Пред 6 месеци беше трескање од земја од плачење.
Епа изгледа така ќе бидне, ќе пробам утре уште банана и не ја мачам за 10дена одиме на крисмас маркет па ќе се вратиме точно ќе е 6месеци па ќе запнам
Почнавме прво со батат, па морков, пашканат. Напоредно и воведував и овошје не одев прво зеленчук па овошје. На полни 5 месеци почнавме. Не давам ни чај ни сок, само вода и цица.
Почнав со јаболка, на 6. Ни сок ни чај не ти треба. Ако цица , да си цица, ако пие АД тоа. И откако ќе почне со храна, ќе даваш водичка.
Почнавме на 5ипол месеци зошто почна да не качува на килажа - по совет од педијатар, инаку планирав на полни 6. Почнав со тиквица, брокула, морков и после почнав и овошје и зеленчук наизменично да воведувам. Тиквица и брокула многу сака од старт, можеби е случајност. Не давам сок и чај, само цица и водичка откако јаде храна.
Да знаеш само дека бананата знае да им направи гаг дека е малце лигава нели, не дека ја сакаат од старт особено пасирана. Мојава периодов само така половинка во раче ако и дадам ја сака а во каша пасирана почна да се мршти
Ретко сакаат чист компир. И многу се три саати за да и дадеш лажичка две, тоа после ко ќе почне да ти јаде оброк. Треба да се ни сити ни гладни на почеток.
Ок е веднаш да нудам да цица после вкусови? Денес компир на мени, пробав веднаш после прва дремка но не сакаше многу па и дадов да цица.
Како правите најчесто денес на пример стана во 6:00, прва дремка во 8:30, во 9:20 беше доручекот / компир на пареа испасиран со виљушка
Саат и пол после доење, јаде. Многу е три саати за почеток. Секако даваш по неколку лажички, дај и после саат и пол.
Мммм ајде утре така да пробам … дека педијатар минрече после прва дремка а нејзе веќе буден прозор и е околу 2часа
Јас давам после прва дремка, тоа е најчесто после 12, фактички ручек. После саат до два од цицање се фаќа. Убав совет ти дал педијатарот, највеќе се расположени за храна тогаш, после прва дремка (јас сите калкулации со првото ги поминав ). Ама дај и да цица пред да спие за дремка, таман ко ќе стане јадење. Компирот ни син ми не го сакаше (никако во каши, после парчиња го пројаде), ќерче еве исто. Дадов два дена, еден ден со авокадо, друг со тиква, пљукаше од прва лажичка, исто ко да не сум дала беше. Проба чист ќе повратеше, со фаци да се гади, со се .