Е тука е проблемот. Ова мое дете обратно од сите цица кога се расонува а не пред да заспие мнооогу ретко сака да цица пред спиење, сите наопаку ние терсене
Нека цица штом стане, па дај и за саат време да пробува. Секако не јадат многу количински на почеток .
Мојата мразеше компир дури и реакција на кожа и направи малце. Кога веќе си почнала со овошје дека по благо, од зеленчук јас мислам понуди и батат или пашканат по благичко, мојата ги обожава.
Секој оброк и е над 200 грама па не издржува 3 саати меѓу оброци/цицање. Чисто да споделам де П. С. Мој голем совет, не изигравај кловн за да јаде ако не сака во моментот одма прекини го јадењето и пробајте пак подоцна. Искрено јас кога давав вкусови (ако можам така да ги наречам) никогаш не гледав на саат кога јаде. Некогаш се случуваше и попладне дури да ме фати ако претходно била нерасположена, лошо се поклопиле дремките/цицањето. Јадењето треба да биде позитивно, и се знае како се јаде, на маса (хранилка) во тивка, смирена атмосфера. Како некој што е растен да јаде пред телевизор, кога почнав да живеам со мм и да не речам ми "забрани" така да јадеме осеќам многу подобар однос со храната и јадењето И не ме сфаќај погрешно, знам дека како мајки ако треба и на глава ќе застанеме за доброто на нашето дете, ама некогаш треба да размислиме дали навистина им правиме подобро
Со сѐ, било каков зеленчук а и со месо е супер. Еве баш денес и дадов пашканат со авокадо, тиквичка и жолчка (зошто почнавме со воведување жолчка).
Бебе 4 ипол месеци. Почнавме да и даваме јаболче,круша,тиква. Добро ги прифаќа ама имам прашање: дали е можно да е покенкава од храната? Приметивме дека и почесто испушта гасови. Не знам како да и направиме ред. Колку растојание треба да има од каша до млеко(само на АД е)?
Јас еве неколку дена му давам околу 10-11 часот, гледам да има барем саат и пол пред млекото. Ама и моево ништо не сака, 3 различни работи му давам (секоја по 3 дена) и ништо не сака, се гади и плука, не сака ни вода. Не знам дали да продолжам со следни вкусови или и јас да паузирам
Да читав за ова … инаку со најголем мерак го почнувам хранењево со најубава хранилка на свет во пар со количката исти бренд, со сет за хранење од mushie, со сите тертипи и пуштив музика од телефон пошто се развеселува ама имаш право не е тоа начинот. Денес држете палци за банана ќе јавам импресии
Јас го сечам на мали коцки и го steam-ам 10минути. Откако ќе се направи, прокапувам маслиново масло, го пасирам со вилушка и го мешам со остатокот од ручекот
Кифлички какви давате, како ги правите? Мене не ме бива за месење и реков на мајка ми да направи и и давам сега зимам пробувам и јас осеќам сол ставила… Ја прашувам вика оооо не знаев дека не треба. Плус вика и квасец ставила, тоа смее ли?
Квасец сум ставала, сол не Сеа конкретно кифлички не сум правела, ама тесто за пица на пример сум. Иначе да знаеш постариве не знам дали стварно не знаат или што ама и јас цело време се објаснувам за солта
За вода ретко кое бебе прифаќа од старт, особено тешко доените бебиња. Не форсирај 3 дена ако не сака, пробај уште нешто друго па паузирај ако не бива, може не е спремно бебето
Убав совет ти даде mariabouli, ќе се надоврзам за песничките лоша асоцијација е тоа ќе мисли време за игра е а не за јадење. Доволна стимулација е самото јадење уште плус играње ако вметнеш во тоа ќе и биде премногу верувај, а и поголема шанса има да ти фрла храна мислејќи си играте
Скоро правев лебче домашно, малецко само за бебе. Квасец ставив, брашно, вода. Печев во ер фраер и супер меко испадна.
Јас па не мислам така. Ама си зависи од детето можда. Јас и ставам една тропалка/спинер или книгичка некоја и вртам и и зборам нешто од книгата или пеам песнички. Не практикувам блв па можда не би одговарало ова при таков начин на ранење. Не мора да е музика од телефон ама да има некоја мала занимација зошто да не.
Да знаеш бананата може да јави црни точки или како конци во каката, да не се изненадиш. Зависи колку ќе изеде ама да не се уплашиш нормално е.