Моето е на комбинирано и со каков кејф пие млеко, се си мислев ќе сака и да јади хаха. Но тоа е што е, ќе направам некој ден пауза, па пак ќе пробаме, кога тогаш ќе почне да јаде. Тој не плачи, само се грози и затвора уста, па тогаш и не го форсирам.
Е можда зависи до детето да. И јас не практикувам стандарден блв ама давам по некое парче и плус ја оставам со лажиче сама по малце кога ќе јави интерес и кога и ставав спинер на почетокот ми фрлаше и спинер и храна и се, престимулирсна беше и го пикаше и спинерот во уста со храната па уште поголем хаос. Пуштив и песнички неколку пати и исто ми се престимулираше, ќе се умореше побрзо и губеше интерес за храната
Здраво женскиии! Ве молам за совет, сега сме 5ти месец веќе воведовме вкусови, и се што и правев го ставав во теглички и од реглички и го давав, но сакам тањирчиња да купам. Сакам нешто убаво а да не е многу скапо Ги гледав силиконските тањири, чашки и прибор на Mushie 100% силикон и многу безбеден но малце се скапи да направиш еден сет, многу испаѓа. Или воопшто да не купувам силиконски? Гледам спомнувате братство детскиот сет, подобра опција е? Поубави ми се силиконските од Mushie, дали вредат? Вие во што им давате храна? Тенкјууу
Нема врска блв со ова. dummy не практикува блв. Работата е дека кога се јаде, се јаде. Исто како и ние. Мислам не ме сфаќај грешно, ама додека јадеш си играш со играчка? Задутре ќе сака да реди коцки и ќе треба да го раниш така, тоа не е убава асоцијација за јадење. Детето треба да е свесно дека јаде уште од најмала возраст, а не тоа да е фокусирано на играчката а воопшто не на храната. Затоа што кога ќе порасне и ќе стане свесно за храната, ќе му биде како да е од ново зошто тоа до тогаш воопшто не било свесно дека јаде, а уште помалку што јаде. Така се создава пребирливоста (и не не кажувам дека ова е 100% сигурност, и дека дете што е фокусирано на храната нема да стане пребирливо, ама процентуално одат работите рака под рака). И се согласувам дека за многу работи зависи од детето, ама за уште повеќе работи зависи од нас, односно од тоа какви (здрави) навики ќе им изградиме ние
Јадењето секако е споро и ако не е му пречи на целиот процес нема зошто да не се воведе мала непремногу стимулирачка занимација. Секако сите си го знаат своите деца и си имаат свои “правила”. Јас кажувам мене како ми одговара, а не дека е тоа најправилно и ништо друго. Со првото дете немав проблем никаков со овој начин. Еве го уште од пред да наполни 3 си јаде сосема сам. Седи на маса и знае кога се јаде се јаде. Може сега со второво дете ќе треба да сменам не знам. Тек сега почнавме пред 2 недели па зависи како ќе се однесува така ќе правам.
Еве апдејт од нас излапка третина банана мн и се допадна… сама отвараше устичка…идеме понатакаааа утре ќе и измешам бананче и јаболче па после ќе пробаме пак зеленчук
Тогаш не додавај стимулација штом не одговара. Јадењето е секако процес како и се друго со децата. Бара многу време и трпение. Ужасно жал ми беше кога ќе му спремев некој ручек со толку мерак и немаше да го јаде. Или поспан или не бил гладен или којзнае што било тогаш може и не му се допаднал. Мислиш секој ден што да направиш да не е исто готви пусти и на крај фрли го. Има и такви денови тоа е. Полека полека ќе се научат.
Се убаво вака што кажувате да не се даваат играчки, книги или било што на детето додека јаде, ама има и деца нејадачи. А тие што не сте поминале низ такво искуство, не знаете како е, па не играчки, на крај се ќе дадеш само за да касне нешто барем. Оти многу потешко е да се фрла секој спремен оброк, и да гледаш дека ништо не става во уста детето. Идеално е кога детето само отвара уста, свесно е што и колку му се јаде, и се си јаде. Ама не се сите деца такви. Така да секоја мајка си го знае своето дете и се води по свои правила. Многу сум против цртани/телефони/ТВ додека јаде, да. Ама книга, песничка, приказна или некоја играчка може да помогне доколку детето не сака да јаде.
Еве синко за 4 години сто пати ги смени неговите здрави навики . Луѓе опуштено, бебиња се, ќе менуваат, не е се така црно и бело. Ја водев инат со син ми до 9-10 месеци, а купив столче за да јаде директ на маса со нас, никако блендирано да не јадел до прво одделение блендирано, никако цртани и слично, свесен да бил . И ко стигна на граница за анемија од нејадење ништо, да видите како и цртани и играчки и кловнови изигрававме само за јаде. Тогаш прв пат почнав да му блендирам кога сите парчиња воведуваат. Па еве го сега и јаде и збори и вилица разви . Премногу се зголемени очекувањата од бебињата последниве години .
Со ова последното 100% се согласувам, ама се согласувам во смисла дека не треба да се очекува бебе што само што почнало да пробува јадење дека секој ден и секој момент ќе сака да јаде. И дека секој ден ќе сака да јаде 230 грам како што ни имаат набиени страв нашите доктори. Еве мојата кога вади заби јаде 1/3 од обичното што за мене е голем шок, ама си останувам доследна на навиките што и ги градам. Плус муабетот го почнав за Бејби која 3 дена дава вкусови и Коко која дава 2 недели. Не го зборев за случај како твојот, во такви моменти се согласувам дека ќе пробаш се. Ама на сам почеток сметам дека нема потреба.
Не реков и јас дека треба од одма, реков дека менуваат. Ги чува после друг, трет, одат во градинка, гледаат од други и попримаат други навики. Ама и да му се даде некоја играчка од одма или да биде пуштена музика во позадина нема никакво зло. Не дека нема да знае што е јадење кога ќе порасне, за бејзик ствар за преживување праиме муабет. Башка што навиките најдобро се градат преку лични примери кои им ги даваме. Ако јас јадам од на нога не можам да очекувам детето да јаде на маса. Или да јаде здраво ако јас цел ден зобам чипс. И не секоја мајка има луксуз да биде со детето дома првите години, повеќето се оставени на 8-9 месеци дали друг да ги чува или ќе тргнат во градинка, па на некој начин и се очекува тоа бебе да јаде два солидни оброци веќе од 7 месеци (зборам за доени бебиња). Како ќе им бидат воведени намирници ако оставаме за подобри денови? Еве јас водена од тој памет после година се вратив на работа. Верувај дека секој сака да му јаде детето и дека има и деца со пожив темперамент и карактер, за кои седењето в место 5 минути без занимација е мисловна именка.
Моето дете без стимулација со играчки(кутии од храна) не јаде. Искрено ретко е да јаде ако не игра до нешто. Побитно ми е да јаде, отколку да се молиме. Замисли летово од бактерија ми падна премногу на килажа, единствено јадеше ако и давам играчка, дали мислиш дека ми беше битно? Се што можев и дадов само да јаде, кило падна и нешто. Благодарение на тоа скоро 700 грама качи одма до следен месец. Се согласувам!!!
Имам чувство дека денешниве бебиња сакаат да ги направат ко роботи програмирани. Многу очекувања, многу форсирања, многу граници. А забораваме што е најбитно на крајот од денот, дека тие се само - бебиња. Нормално дека ќе немаат трпение кога јадат. Нормално дека мора да ги занимаваме со нешто. Како и на јадење така цел ден. Бебе е тоа, нема трпение. Не знае што е. Еве син ми е лапач ептен. Нема нешто што ми одбил и тоа се си јади со апетит. Ама ако не го занимавам додека јади, губи трпение, кенка, не му се седи во хранилка, и тоа ми е мене најнормално. Како ќе му објаснам јас на бебе дека треба да седи само мирно додека јади и без никаква замимација? Неможеме да ги споредуваме со нас во никој случај.
Да си ми жива и здрава. Немав многу време прееска да склопам нешто ама скроз се согласувам. И јас мислам дека ако не ја занимавам нема да јаде, досадно е и нема трпение и не гледам ништо лошо да има некоја занимација. Пак ќе кажам ако одговара така Во дадената ситуација/период што било. Некои деца не сакаат или им прави хаос дополнителен. Ама поважно ми е да сум кловн и да пеам и да тропам и да јаде него да не јаде. Единствено нешто за кое што сум строго против се екрани за време на јадење. Огромно не. Тука веќе подобро ми е да не јаде него екран да добие. едит: нормално дека на пробување 3 лажички нема да извадам цел арсенал со играчки трипалки итн. Тоа дали 5 мин трае. Ама ако веќе целиме кон цел оброк што некогаш трае и 20+ мин веќе е друг муабет. Anyways, на крај од денот секој секако прави како што мисли дека е најдобро. Може некое искуство на некој ќе му е од помош, споделуваме секако идеи и не мора секогаш да се согласуваме со истите.
Па и од житарки со овошје му е зелена Морков јаде со брокула, така да не се десило да е портокалова Само знам од телешкото ептен му смрди. Со сила му давам телешко иначе, едвај малце да касне, ич не го сака... утре пилешко ќе пробаме
Нормално е да се менува, батат дај ќе видиш . Иначе мојот сака телешко со батат/брокула плус почнав да му додавам малце кромид и секако маслиново масло неколку капки. Да не ти испаѓа сува кашата? Ако е сува не ми ја сака, па ставам малце вода да е помазно.
Пишале и други веќе но нормално е да менува и да, зависи што јадел. Конкретно за бананата ако не знаеш е така малку крипи онака ко црни црви. Мојава од кога почна да јаде кака па многу често. Пишував летово дека какаше по еднаш на 10 дена, сега надокнадува изгледа
Никако со ништо не сака телешко ни со зеленчук, ни со вода, ни мазна, ни немазна, никакоо... све е пробано. Круша обожава, со круша малце му помешав па касна Си кака, кога како. Некогаш гомце, некогаш течно, најчесто зеленкасто. И јас имам приметено што викаш ко црви хаха