Зависи кога ќе побара. Син ми знаеше и одма да бара ако сум дома, ќерче за следна дремка за успивање, а тоа е после саат ипол - два.
Моето маже е 4 месеци. За исхрана педијатар во Систина ми препорача да почнам на 5-5.5 месеци тоа би било после Нова Година оти добро напредувал со цицање. Јас би сакала порано да почнам ама не сум паметна што да правам. Совет од вас дали да почнам од 4.5 месеци за 2 недели одприлика?
Доколку добро напредува со цицање, се препорачува да се почне со 6 полни месеци. Во твојот случај нема потреба од брзање, но доколку си решена да почнеш пред 6, јас би ти рекла почекај барем до 5 или 5ипол.
Не брзај ако добро напредува со цицање. Нема индикации за порано да почне. Ако ти лично имаш желба за тоа, почекај барем до 5,5 месеци.
А зошто имаш желба толку рано? Генерално препораките се дури и од 6 месеци, освен ако има причини зошто да се почне порано, што во вашиот случај нема
Мами арно те советуваа. Не брзај со исхрана. Цел живот ќе јаде. Знам дека е нешто ново и возбудливо за нас мајките, ама штом добро ти напредува со цицање, почекај уште некое време.
Сакам да сварам пола кг телешко месо и да го заменам со водичка во мали теглички. Дали да го сварам со морков и кромид или само месото? За големиот варев по 50-100гр месо секој ден, сега немам толку време да се замарам, сакам да си олеснам.
Јас само месо така сварив и замрзнав на коцки во теглички. Добра идеја со морков и кромид може наредна тура така да направам. И телешко и мисиркино имам замрзнато и ги одмрзнувам така што цела тегличка во сад со топла вода ставам
Дека јас му давав хип ама пилешко немаат хип па затоа прашав за холе. Ама еве ни пилешкото не го сака Јас сварив 1кг на коцкички. Ги виткав во фолија за да можам полесно да вадам коцкичка и сите заедно ги ставив во најлон. А зашто во теглички ги замрзнувате, грешам негде? Со водичката ги замрзнувате?
Да со водичка јас, повеќе ми одговара во теглички за да имам со водичката после за блендирање на месото.
Здраво мамички овие денови ќе почнуваме со кашички, па сакам да прашам со кој намирници почнавте дали додававте вода и како ги правевте кашите
Да, само со пилешко. Јас му приготвив ориз и со ориз му ја давав ама не ми јадеше. Ќе пробам и со овие ако не. Јас додавам вода обична или од зеленчукот што го варам, не од месото. Може да не ја јаде ради тоа? Живци попуштив со јадењево искрено Блазесиви се што ви јадат
Па не дека јаде нешто многу мојава периодов ама ваљда вади запче горе дека и пробани оброци што ги сакаше по 120грама максимум јаде. Да не сте и вие во слична ситуација? Јас водичката ја давам најмногу дека нели корисна е има протеини во неа од варењето, не знам дали им менува многу на вкус. Пробај некои комбинации со благ зеленчук, мижеби не му се допаѓа вкусот на месо. Пример тиква, тиквичка, батат, морков, кромид даваат таков благичок вкус.
Значи да не брзам. Секако сме на 5.5 месеци на контрола тогаш и ми рекоа да се договориме за храна. Напредува добро оти многу цица, он не знае да престане кога е најаден цица цело време и после повраќа. Ќе го почекам тогаш не му давам кашичкии фала на совет