Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.993
    Допаѓања:
    25.872
    Пол:
    Женски
    Оти со водата ќе ги замрзнувам
    и после ќе ставам и од неа за блендирање на месото.

    Инаку, вчера и денеска бебка јадеше од пилешкото на Холе.
    Вчера и го дадов со компир, морков и пашканат, а денеска со ориз, батат, тиквичка и кромид. Ставам и маслиново во зеленчуковите, повкусни се. И јас се борам секој оброк со неа последниве 10тина дена, ама сепак јаде по околу 160-170гр.
     
    На Бибиче му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    1.760
    Кажете ми дека не сум единствена што отвора уста на секоја лажичка додека се храни беба? :o:D
    Вилицата ме боли веќе и никако не можам да се сопрам :rofl: Којзнае како изгледам од страна…

    Прашање: Кога и преку што воведовте глутен? Има многу препораки, читам статии, многу различни ставови општо за немлечна исхрана и збунувачко ми е. Исто така, кога воведовте млечни (и дали ако воведам пр.грчки јогурт, тоа значи дека сите млечни се воведени веќе?), јајце и месо? И по кој редослед?
    Демек препораките денес се алергените да се воведат порано, а на листата од педијатарот белка стои после 12мес, па затоа не би се консултирала со него.
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.024
    Пол:
    Женски
    Глутен преку житарки воведов (овес, гриз).
    Во фаза на воведување жолчка сме, дадов два дена осминка, оваа недела ќе дадам два дена четвртинка.
    Месо дадов најпрво пилешко, телешко, мисиркино. Риба уште не сум и дала.
    Дадов и грчки јогурт и моцарела ама еднаш, два пати. Еднаш и го исмешав со палента и не го сакаше не го јадеше.
    Прво месо воведов, па ете млечни ако може да се каже дека сум вовела пошто ептен малце и дадов два пати до сега, па глутен па жолчка.
    Различни ставови има за јајцето некои го даваат од старт цело, јас почнав со жолчка прво.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    2.219
    Пол:
    Женски
    Глутен дадов со леб дека сме блв, на околу 7 месеци. После тоа продолжив со пченичен гриз, бело брашно, булгур итн. (во овесот нема глутен, може да има траги преку пакување, ама затоа постои и сертифициран безглутенски, така што со него не се воведува глутен).

    Прв алерген што дадов беше јајце на 6 месеци, цело го дадов, прв ден како омлет, втор како варено-пасирсно и трет во палачинки. Потоа дадов млечно - грчки јогурт, потребно е само еден млечен производ да воведеш за да се смета како воведен. Па трето дадов глутен.

    Следно од алергените не памтам веќе искрено, ама имам дадено скоро се, моментално е 10 месеци (само некои јаткасти уште немам)

    Месо знам дека беше после првите три алергена (не дека е битно хаха), прво дадов телешко, пилешко, а давам и свинско во меленото (мал процент им кажувам да ми измешаат - повеќето е говедско). Мисиркино не сум дала затоа што не сум купила искрено.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Бибиче

    Бибиче Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2025
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    65
    Тоа е супер. Ние ни 10гр не јадеме :(
     
  6. Бибиче

    Бибиче Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2025
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    65
    Нема он мака со забите. Од 3,4 месеци вади и ептен лесно, неосетно само никнуваат хаха.
    Ајде ќе видам уште што немам пробано да пробам да комбинирам
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.280
    Пол:
    Женски
    Можеш и како плескавички да пробаш со убаво сомелено мевце и некој од зеленчуците ако ти прифаќа парчиња, мене педијатар таков предлог ми даде. Јас не сум пробала се уште дека периодов со забиве само потечно и блендирано прифаќа
     
    На Бибиче му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Мајки како воведувавте жолчка, со што е најдобро да смешам?
     
  9. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.024
    Пол:
    Женски
    Со батат, компир, пашканат, авокадо… со нешто што му е веќе воведено и добро го толерира.
     
    На Dreamer. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.536
    Допаѓања:
    5.319
    Пол:
    Женски
    Почнав све овошје, после постепено зеленчук и мешам со житарки. Нема каша што одбила. Си јаде 200-230г на оброк.
    По тоа бебе готвач идев од ремедика.
    Еве ова за почеток, јас све имам ова дадено освен карфиол и пашканат. Денеска ќе дадам пашканат во ручекот. Пашканат јас не користам во исхрана па не го ни имам на ум вака... ама ај да проба дете.
    Планирам понатака ете да се прилагоди на нашата исхрана.


    п. с Компир обичен не блендирајте со вода, од скробот станува лигаво и лепак е не се голта мислам со млеко е подобра опција. За пасирано незнам како би било.
     

    Прикачени фајлови:

    На nice-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.536
    Допаѓања:
    5.319
    Пол:
    Женски
    Ништо тоа од старт само ам и правев и отварав уста да ме гледа, ни песни ни ништо. Мислам грешка на сестрами исто тоа и беше и гледам да сум прилично озбилна кога јаде, да не ја смеам. Само и викам ам мама вкусно вкусно и она отвара уста.
    Борба е на почеток незнае што прави со јазичето. Почни со овошје, крушка, тиква блага, јаболко, слива.. полесни се за варење, за голтање. Прави ги потечни малку да не се мн густи. Види конзистенција на купечка каша.
    На почеток фонтана правеше на сите страни или со јазичето горе како да цица. Давај нека се навикнува и од повисоко лажичката да ја види и да отвори уста мисли играчка е да ја стави во уста и отвара. Барем мојава хаха. и кога ќе голтнеше изненада хаха збунета.
     
    На Baby warrior и MariaBouli им се допаѓа ова.
  12. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Можам ваљда со тиква, тоа обожава да јаде
     
  13. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.024
    Пол:
    Женски
    Можеш. Јас дадов со пашканат, тиквица, авокадо.
     
    На Dreamer. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.024
    Пол:
    Женски
    На менито денес за мама и бебе :D

    едно прашање во врска со водичката. Како правите вие? Јас ја филтрирав па ја провривав и оладена на собна температура и ја давав додека свекрва ми не ми искоментира дека така не требало, требало или минимум 3 пати да ја извријам или купечка. И почнав да купувам па таа од вториот ден отворена ја провривам… не знам зошто кога тука во Германија водата од чешма е строго регулирана во однос на квалитет. Ама ајде ете… веќе ми го всади тој муабет во глава демек купечката подобра…
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_3278.jpeg
      IMG_3278.jpeg
      Големина на фајлот:
      334,2 KB
      Прегледи:
      25
  15. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.250
    Допаѓања:
    25.600
    Пол:
    Женски
    Купечка вода да ја превриваш, бидејќи била отворена?
    Немаш потреба.
     
  16. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    3.218
    Пол:
    Женски
    Раелно купечката во пластика на којзнае какви услови чувана тикви што е подобра ама ај...
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.024
    Пол:
    Женски
    Така пишува на шишето од вториот ден се препорачува да се проврие. Јас ептен по правила и прописи :D
     
  18. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.024
    Пол:
    Женски
    Така де.. и јас тоа помислив.
     
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    5.072
    Пол:
    Женски
    Јас и купувам нера критис од аптека и таа си ја пие веќе две недели сигурно има во аптека и во германија
     
  20. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    5.072
    Пол:
    Женски
    Откако почнавме со вкусови преку ден мн често прави како да џвака нешто со устичката ја проверувам да не иностанало нешто ама нема ништо 8) можно е да вежба јадење дека и е ново? :D Прават вака вашите на почеток?
    Денес си солапка батат убаво и се допадна 8)