Тиквица, брокула, карфиол, пашканат, авокадо, просо, киноа, палента, пиперка, ориз, кромид, лук, круша
Тиквица, брокула, карфиол, грашок Од житарки ако веќе даваш гриз значи имаш воведено и глутен, можеш се меѓу кои и безглутенските како просо, киноа, амарант, ориз, палента Жолчка
Здраво Дали е нормално на 9 месеци да пие само околу 400мл АД млеко? Ги имаме уведено сите три оброка и јаде околу 200гр. по оброк некогаш и повеќе. Chat gpt вели да му ги намалам оброците да давам повеќе млеко пошо млекото е главен извор на храна до 1 година. Не знам што да правам..
Истото го пишав пред два дена... 390 пиеше. Вчера малку намалив во оброците и испи 550мл. Незнам дали да продолжам така. Си јаде мојава комотно 200-230г на оброк ако јас не и намалам. Мојата е 7+++
Мене педијатарот ми кажа до 200г оброк ама мојава па скоро упола околу 110г јаде. Ние сме на цицање и си цица редовно така да верувам од млекото најмногу се храни се уште. Сеа со вирусиве не би ја носела на мерење ќе пробам дома да ја измерам да видам како напреднала месецов ама имаше мислам 300г качено за 3 недели кога пробав да ја мерам пред некој ден. 8 месеци е
Па некако ми го скрати млекото од 890мл на 390, кака често ради храната. Ама викам дане е мн малку за неа сега толку млеко. Значи од 560г храна намалив секое јадење да е 150 доручек, 180 ручек и 100 вечера. И тогаш пие повеќе млеко. Ако и дадам по 200-220 г храна млеко скроз скрати. Моево и го водат по корегирана негде 6 месеци скоро. Вика рано е да се скрати млекото.
Не знам со АД како одат рачунките млеко наспрема храна, бар имаш увид колку е вкупно се. Мене максимум вкупно од 3 оброци 350г ако изеде ама и тоа е реткост обично 300г. А верувам нели АД е покалорично и чим ќе се засити од храна нема да сака многу АД. Педијатар што ти вика за сооднос? Јас прво се нервирав дека малце јаде ама па ако си внесува млеко со цицањето и напредува ваљда немам простор за грижа.
Дане е од промената на клима дека бевме Германија, ама вика треба да пие повеќе млеко.. до 550-600мл. А она едвај 390, последното во сон.
Исто е и кај нас.. беше настинат со затнато носе и тогаш не можеше да го пие млекото и баш го намали едвај 200-250 мл пиеше на ден, еве сега сме кај 400мл . А ако му дадам помалку на оброк се лути стварно не знам што е памето, си велам зарем сега на 9 месеци да му кратам оброци мака мачевме на почетокот до дека да почне да јаде…
И мене ме интересира за јапонско јаболко мајка ми има другарка што одгледува непрскани во гевгелија па ме прашуваше, јас лично не ги јадам ама да проба би сакала / chat gpt вика од 9месеци
Јас кога ќе изгуглам ми вика и од 6 може.. Ние сме 7+, па не знам дали да давам сега додека има свежи или да замрзнам ако може да се замрзнуваат некако.
Какао од кога можеше? Знам на синко му правев пудинг од јапонско и какао, до голем јадеше така. Ама не знам кога почнав.
Јас дадов на 7, а има и каши ноќни што се од 6 се со какао. Баш ќе пробам со јапонско, чисто сумљам да го јаде како што собира уста. Иначе они по дифолт не се прскаат, ни штетниците не ги сакаат Туку кога вадевте заби пропуштавте ли оброци? Денес за ручек понудив 3 различни опции на ниедна не отвори уста, а цел ден беше ок, ваљда вториот ја мачи да искочи.
Дај го со банана и какао. Ептен е вкусно и нема да собира уста хахаха Јас имам цела гајба, баш ќе проверам дали има некоја мека. И киви исто имам една гајба. И тие ги чекам да дозреат.
Пропуштаме веќе некој период, набабрени и се горе на мојава никако да пробијат. Јас се откажав од нудење повеќе опции пошто истото е пак плаче и затвара уста. Еве денес доручек јадеше делумно ок ама ручек уште не пробано почна да плаче и со молење дали 7-8 лажички касна
@Noemi @BellaBibi какво какао купувате?Читав некаде дека содржел кофеин и не требало на бебиња под 1 год па баш ми е страв да дадам
Содржи да, ама колку кофеин ќе внесе?? Колку посто има какаото кофеин, колку би ставила во кашичка, сигурно многу мала количина.