1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    18.530
    Пол:
    Женски
    Содржи да, ама колку кофеин ќе внесе?? Колку посто има какаото кофеин, колку би ставила во кашичка, сигурно многу мала количина.
     
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    2.255
    Пол:
    Женски
    На темата со какаото, дадов готова кашичка со какао пишуваше има 1% а доста се осеќаше во кашичката. Како вечера ја дадов пошто беше со житарки и дали случајно така се погоди ама таа вечер во 11 ми заспа и сто пати се разбуди во текот на ноќта. Не знам дали е до какаото или нешто и се поремети со скокот.
     
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    12.157
    Од ДМ органско земав јас за нејзе. Нема од што да ти е страв. Кафето содржи и други помошни состојки кои влијаат на будноста и значително мноооогу кофеин. Какаото е добро за железото затоа е убаво да се дава.

    @dummy доручекот супер си го изеде и мислев толку ќе е одбивањето ама ручекот не отвори уста на ниедна опција. Синоќа на вечерата исто, а намерно и давам од омилените и проверени работи, џабе.
     
    На Stone и naturally им се допаѓа ова.
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.265
    Пол:
    Женски
    Иста песна сме веќе долг период. Не ни воведувам ново, само тоа што знам дека сака. Бар еден или најчесто два оброци се драматични. Еве вечерата дури и потечно и направив овес се засили почна да лапа до 80г и толку после се раскенка и не отвори уста.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.265
    Пол:
    Женски
    А киви со што даваш?
     
  6. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    577
    И мене тоа ме интересира
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    27.281
    Пол:
    Женски
    Мекото јапонско јаболко не собира уста, баш е благо.
    За какаото ќе почекам малку, бебка само што наполни 7м. Инаку органско на БиоКосмос купував за големиот.

    И кај бебка горните кецови и двојки одамна се набабрени, а никако да излезат. Ама добро е што почна да јаде, некогаш појадокот цел го јаде околу 180гр, некогаш 120 како денеска на пример. Ама затоа ручекот со телешко месо со го јаде, по 230-240гр.

    Дајте идеја за ручек со месо, еден ден е компир основа со батат/морков/тиквица, другиот ден е ориз со спанаќ/брокула/пашканат. Ставам и кромид,пиперка, праз, лук по малку, и секако маслиново. Ама се едно исто вртам ми се чини за ручек.
    Што давате вие со телешкото?
     
  8. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    5.665
    Најчесто батат, ретко обичен компир како основа па додавам други зеленчуци пример брокула/црн патлиџан. Вака некако најмазна структура ми се добива.
     
  9. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    @Guns N` Roses @Noemi абе мала количина би ставила но ете дека иам така прочитано па во глава ми останало не треба сепак за бебе и мала количина кај знам као ќе реагира.А читам луѓе дека користат и затоа ептен збунка ми се направи за какао.
     
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.400
    Допаѓања:
    92.798
    Пол:
    Женски
    Телешко давам најчесто со батат тиква и тиквица абе ја обожаваааа оваа комбинација, обично батат ми е основа па мешам зеленчуци.

    Какао во што да ставам за да проба или да ветнам директно со ноќна каша?
    И дали давате чоколино без шеќер?
    10++ сме
     
  11. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    Од Зегин го земав органско. Ми рекоа дека тоа највеќе го зимаат мајки, за мали бебиња и деца.
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    Уште не сум и дала. Чекав да им е сезона. А ќе и дадам така парчиња да јаде.
    А имам и некоја каша со киви. Сега ми текна дека ја имам де хахах
    Ама колку ќе јаде она каша, незнам.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. katerina.femina

    katerina.femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    4 ипол месеци има бебе,почнавме со вкусови. По 2 дена јаболко,круша,тиква,брокула,морков. Само брокулата не ја сакаше инаку сите чисти и ги давав. Со што можам да ја мешам? И колку луфта да има измеѓу каша и АД?
     
  14. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    2.255
    Пол:
    Женски
    Почекај малку со брокула знае да прави гасови, да е тешка на желудникот.
     
    На Ladyme и katerina.femina им се допаѓа ова.
  15. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.281
    Допаѓања:
    1.792
    Пол:
    Женски
    на моето запек и правеше брокулата незнам зошто ја даваат во првите намирници, иначе можеш со компир или морков да ја комбинираш
     
    На katerina.femina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    988
    Пол:
    Женски
    Ова за понатаму кога ќе воведите млечни чисто како идеја оти е многу вкусно. Брокула со кисело млеко/грчки јогурт и малку маслиново
     
    На katerina.femina и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  17. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    83
    Кога АД млекото го заменивте со тетрапак?се зема со најмала масленост така ли? И од кога почнавте со млечни производи и со што прво почнавте ?
     
  18. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    2.255
    Пол:
    Женски
    Сите ли давате експандиран амарант? Давал ли некој обичен варен?
     
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    12.157
    Да јас давам обичен, денес баш земав експандиран за брзи случаеви(и за мене, видов рецепт за штангли со експандиран:rofl:). Имам пишувано го варам со кокосово млеко како porridge, па додавав овошка. Правам за 2 дена наеднаш, пред јадење додавам овошка следниот ден.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    2.255
    Пол:
    Женски
    Денес и дадов обичен, варен, со круша, јаболко и малку кокосово масло и беше за чудо многу вкусно. Не очекував :D само маж ми нешто ме истрипа од тоа се правело алкохол, не знам што го слушам јас него. :^) Инаку, да и тоа сакав да прашам дали може еден ден однапред да го спремам пошто долго се вари. :D Фала на одговорот. :)