Обичниот повише можеш да го најдеш во памперсот да не те чуди многу е досаден за чистење и од вратче ама бил супер храна па ќе се мачиме.
Како давате авокадо? Со палента го сака, вечерва пробав со банана и ми поврати од една лажица . После не отвараше уста дури ни за омилената семолина.
Јас го комбинирам најчесто со банана, ама имам давано и со друго овошје (круша, кајсија, јаболко) + овес или киноа, или па пробај со тиква
На лепче најчесто Како песто изблендирано со грашок и грчки јогурт за со тестенини. Со грчки јогурт исто
Женски земав ориз на Holle и читам во подготовката со ад млеко, пошто дојам и немам ад можам со вода?
Многу интересни идеи имаш за јадењата. Имаше пишано едно мислење за апликациите со кои броиш намирници, па да те прашам дали се плаќаат?
Женски беба е 5ипол месеци. Пробувавме вкусови па сакам да воведам и житарки. Кои житарки може на оваа возраст?
Да, со тоа што Soild Starts е доста скапа и таа ја користам стрикно за броење затоа што почнав со неа и има повеќе намирници, ама за рецепти (а има и таму за броење) ја користам BLW Meals и е доста поефтина