Мамички почнавме со храна веќе неколку дена ме интересира колку пати на ден и давате на бебињата да пробуваат и кога почнавте да мешате повеќе намирници и колку количински дадавте за почеток и да ми предложите некој рецепти кој овошки и зеленчук одат заедно прв пат сум мамичка и не ми се многу јасни работите (бебето 6 месеци)
Како правите гриз обичен не оние инстант? И направив со кокосово млеко и банана ми вриштеше не и се допадна, а оние на хип смрдливите каши ги јаде без проблем
За големиот првин го варев со вода, и додавав пасирана банана и какао. После кога воведов млечни, го варев со млеко, многу повкусен е така.
Имам воведено млечни ама некако не ми се ставаше кравјо не знам… Од кога ставаше кравјо вака за во каша? А убаво беше баш со кокосово и банана јас си го дојадов иако она се мрштеше
Па и сирењето и павлака, јогурт, се ти е од кравјо млеко. Не е количински многу во кашА и не е секој ден.
Ако веќе имаш дадено млечни, тогаш имаш дадено и кравјо млеко. Не е количински многу секако, а многу повкусен е гризот. На синко дадов млечни на 8м, од тогаш воведов и вечера всушност па го варев гризот со млеко.
да да јасно ама мислев конкретно за чисто кравјо млеко дека нели не се препорачува до година. Млекарка е оваа си сака млечни многу така да ај ќе пробам следен пат со кравјо млеко да и напраам ваљда ќе и се допадне
Не се препорачува да се дава како замена за млекото, односно како замена за подој или АД. Инаку во рецепти слободно можеш да го користиш
Пробувањето е препорачано да е претпладне (еднаш во ден) за доколку јави некаква реакција да се забележи навремено. Секогаш и со веќе пробано кога мешав давав една нова намирница, не сум давала по повеќе во ден. Мешавини кога веќе ќе проба повеќе работи, морков и компир, јаболко и морков, тиква и јаболко, моево ептен сакаше тиквичка и јаболко. После веќе со оброк додека стаса и житарка вметната. На почетокот давав по 5-6 лажички, па за недела/две, до цела каша од 120гр стаса. Е сега најдобро е со педијатар да се консултирате околу количини и други препораки. Еве пред некој ден прв пат слушнав дека на познаничка и предложиле на 4,5 месеци да почне со вкусови, на 5 веќе, да има детето 3 оброци затоа што воопшто ама воопшто не напреднало од млеко (доење). Јас на 5,5 почнав со прв оброк, на 6,5 месеци со втор, на 7,5 месеци со трет оброк.
Ставам вода малку да се загрее па ставам гриз и варам да се згустне, на крај додавам малку путерче, па поклопувам да отстои 10мин да впие што останало. Пред јадење мешам со овошка. Млечно не ставам доволно јаде онака. Има темен од спелта на ДМ многу го сака, можеш да пробаш.
@dummy И јас го земав од ДМ што го предложи @Noemi , со вода го спремам. Го сака ретко да го одбие, ама се случува некогаш се и сешто да одбива .
И мене ме интересира ова со воведување на храна, неколку лажички за бебињ или супени ? На листата што ми ја даде патронажната пишува 5-6 супени лажички и ми рече 3 дена по една намирница, откако ќе испробаме се тогаш да почниме со мешавини и цели каши
Веќе две недели пробуваме и ручкаме кашички. Овие два дена давав готови кашички од baby love /вчера морковче денес јаболче зошто одиме на пат за неколку дена а таму по хотели ќе морам готови па да пробам дали ќе ми ги јаде. Излапа цела кашичка вчера и цела кашичка денес од 120мл. Е сега каката и е мн тврда оформен измет и по малку два пати денес со стенкање исфрли две парченца педијатарот ми рече да очекувам промена на кака ама вака како парченца веќе треба да станува или сепак се работи за запек? дадов вечерва и чајче од анасон и пробиотик сабајле за да и олеснам малку
Дај кашичка од слива, омекнува столица. Кај нас има ефект веќе после еден саат Морковот многу стега да знаеш исто
Да додадам, со тек на време ќе видиш и сама кои видови храна и прават тврда столица, а кои омекнуваат и ќе си комбинираш да направиш некој баланс со оброците