Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    8.588
    Пол:
    Женски
    Јас бебешки лажички имав купено и со нив си терав.
    Инаку реално имаш 50+ намирници ( овошје, зеленчук, месо, зачини, млечни производи...) по 3 дена секоја ти е 150+ дена, значи 5 месеци. Во тој случај до скоро 1на година нема да има оброк.
    Видеа што гледав од од Америка, па и Британија, одма од 6+ месеци цели палачинки со јајце, 2-3 врсти овошје или зеленчук јадат. Може други препораки се таму. Еве и тоа ми е претерано ама исто ми е претерано да се тера месеци само по неколку лажички.
     
    На TamDi, happygirl, Cvetce_ и 2 други им се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.272
    Допаѓања:
    25.640
    Пол:
    Женски
    Нормално е еден период, додека се навикнат цревата на цврста храна, да има малце мака со какањето. Ќе гледаш со храна да и помогнеш. Кашички во комбинација со слива. Дека доиш, можеш и ти суви сливи потопени со вода , цела ноќ да отстојат и сабајлето да испиеш водада и изеди сливите. Преку млекцето, ќе и олесни.
     
    На arwen93, Baby warrior и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.309
    Пол:
    Женски
    Баш вака и стварно се нејасни педијатриве кога ќе речат 3 дена пробување на околу 50 вкусови но да воведеш и по еден оброк секој месец. Не знам како калкулираат дека тоа е изводливо стварно :rofl:

    @Cvetce_ повеќето од мајкиве на форумов (вклучувајќи ме и мене) не сме терале тоа давање по 3 дена и броење лажички (освен за големите алергени). Даваш еден ден и после веќе мешаш со друг пробан вкус и тоа е тоа. Пример почнуваш со 5-6 лажички (за бебиња) компир па следен ден морков па трет ден им ги мешаш и даваш колку сака лажички па после тиквичка па некоја си комбинација морков тиквичка итн... Па слично со овошје, пример ќе дадеш јаболче па следен ден слива па трет ден јаболче и слива па после пример крушка и комбинации од претходниве со крушката.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    8.588
    Пол:
    Женски
    @dummy , почитуван педијатар тука во градот што ја знаеше историјата на моето дете, предложи со вкусови да почнеме од 6+ месеци. Кога испадна моето дете да бара и има потреба од повеќе млеко од што смее да прима со возраст и килажа, истиот доктор вика, не сега одма почнува уште пред 5 месеци да наполни.
    На блиска истиот доктор, бебе супер си напредува нема потреба од вкусови/дохрана до 6 месеци. Бебе на доење, муабетот кога детето имаше 3 месеци. Следна контрола на 4++месеци, дете со ставени точно 0 грама за месец и пол, вика инстант почнување со вкусови. 10тина дена да проба неколку работи и одма оброк (појадок), а во рок од недела/две после тоа и ручек и вечера. Или дохрана со Ад.
    Сакам да кажам и самите доктори си следат деца и даваат препораки ама тоа да ги пробаат сите вкусови, па оброк сигурно е невозможно.
    Јас обавезно на почеток еден вкус давав чист или мешавина со претходно пробани по 3 дена, па намалив на два. Само јајце и јагоди/киви некако ми беа како поголеми алергени и ги давав повеќе денови.
     
    На Cvetce_ и dummy им се допаѓа ова.
  5. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    1.244
    Пол:
    Женски
    Дали ако воведам круша, наредно можам да дадам заедно круша+праска (иако праска не е воведено). Сте правеле така или секоја намирница сама да ја давам?
     
  6. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    5.175
    Пол:
    Женски
    Од каде земате јајца за бебе? Планирам да воведам па се мислам дали купечки или има од негде домашни да се нарачаат?
     
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.309
    Пол:
    Женски
    Јас правев така за повеќето намирници
     
    На Merten му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    8.588
    Пол:
    Женски
    Мислам не беше препорачливо домашни за бебе. Строго купечки низ повеќе контроли на квалитет врват.
    Разбарај мислења низ форумот.
     
    На dummy и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.250
    Пол:
    Женски
    Како се прави тоа пудингот од јапонски јаболки?
     
  10. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Сакам да воведам јапонско јаболко, 12 месеци е. Е сега беше тврдо, го ставив на пареа 5 минути и повторно е тврдо. Не сум користела за мене јабонско јаболко и не знам како да го подготвам. Со што го комбинирате во каша, дали треба да биде многу меко?
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    11.386
    Има два вида јапонски, едните се меки кога ќе созреат, течни, тие повеќе ја собираат устата а другите се тврди(чоколадни ги викаат дека повкусни) и се сечат ко јаболко. Ти од вторите имаш земано сигурно, изблендирај го само.
     
    На Kjara2025 и dummy им се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.272
    Допаѓања:
    25.640
    Пол:
    Женски
    Јапонско, авокадо и какао. Мх мх мх
     
    На dummy и MariaBouli им се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.272
    Допаѓања:
    25.640
    Пол:
    Женски
    Остави ги да омекнат. Стави ги со обична јаболка, побрзо ќе созреат.
     
    На Kjara2025 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    25.900
    Пол:
    Женски
    Јас имам дома од меките јапонски јаболки, такво сакам да дадам и на бебка овие денови. Со што може да го искомбинирам за почеток?

    Денеска и дадов просо со јаболко и цвекло, многу и се бендиса. Цвеклото може покасно се дава, ама немам идеја веќе што ново да и воведам.. Црвена леќа може ли на 7+ месеци?
     
    Последна измена: 9 декември 2025 во 11:27
  15. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    5.091
    Јас леќа не јадам и немам идеја како да ја спремам, ако може да споделите.
    Боровинките мојот многу ги бендиса, од новите работи ^_^.
     
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.309
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат слушам дека 2 типа јапонски јаболки има :whew: Гледам сум купила од некои што се викаат “џиро” тие од кои се ? Од тие што треба да ги чекам да омекнат скроз или?
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    25.900
    Пол:
    Женски
    Џиро е чоколадната сорта, тоа е тврдото јаболко.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Јас сум јадела само од меките и на бебево дадов од тие пред некој ден. Само да е скроз зрела, ја испасирав и само така многу и се свиѓаше. Ако е убава зрела не собира уста.
     
    На dummy, Noemi и happygirl им се допаѓа ова.
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    11.386
    Црвената многу брзо се вари и се распаѓа, јас ставам кромид, морков, компирче, праз и леќа, варам заедно на кај капнувам маслиново. Можеш да ја испасираш малце како крем супа станува.

    Зелена давам како за нас што правам, кромид, зелена пиперка, морков и компир, она малку подолго се вари и останува цело зрно.
     
    На naturally и dummy им се допаѓа ова.
  20. TamDi

    TamDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Мамички што давате од обошје обој период? Бебе е 8м, освен јаболко, круша, банана, тиква не знам што друго да му дадам. Како правите каша со суви сливи?