Мамички што давате од обошје обој период? Бебе е 8м, освен јаболко, круша, банана, тиква не знам што друго да му дадам. Како правите каша со суви сливи?
Тоа и јас давам, плус имам замрзнати праски и сливи па комбинирам. Авокадо исто давам со овошје, цвекло со јаболко. Деновиве ќе воведам и јапонско јаболко, ете сезонско овошје плус. Ама тој е изборот зимно време.
Сакам вака суво, да може и непцата да ги дразни. Давам смоки од хип со просо и научи на почеток ги лижеше па почна да ги стиска со непцата и сега прави некој загриз ама одма се топат тие. Лебот е сепак поцврст, домашниов нема да има некоја кора голема ама незнам како би го дала.
Јас сум немајка и дадов купечки (на постарата ) корката ја гризаше баш за непца чешање . Е сеа за од домашен ,па исто корката така на долги парченца би ја дала. Мекото суво да не и се топи исто како смокиве...
Јас уште понемајка вчера и дадов малце корка од купечка пица со кисело тесто и реално и се погоди ја изнагриза
Ние дома не купуваме леб, месам или мајками ми носи месен. Кога бев бремена она носеше сега правам по 4 парчиња, замрзнувам и вадам чим се потроши тој. Порасната сум на месен леб од бабами. И мн ми фалеше и одкако купив кујнски робот тој меша и правам домашен леб. Секако ќе пробам денеска па ќе пишам.
Не знам колку месеци сте ама нека гризаат таму бе ,нема до 2 г со каши да сме. Малово ми е 5.5 м уште пробуваме не беше заинтересирана па имавме пауза. Се мислам дали и со што да продолжам. Ама големата до кај 10 м јадеше каши после почна бљак да им прави и да зема од нашите тањири, не можев да ја оставам гладна и давав од нашето. А за лебот многу мака имаше со забите и золва ми имаше дете 1 г поголемо и знам дека со корката стварно се смируваше па пробав и јас
Нема поубаво од тазе месен леб... И ние така сме растеле ама јас немам време ,робот а мајка ми е 200 км подалеку... така да си купуваме
8м е мојава, периодов скоро се ми одбива едвај се молиме за јадење дека горе кецот никако да и пробие ептен ја мачи долго време.
Ехееее, корка од пастрмајлија и воведов на 7 месеци Маж ми беше во шок. Едвај чекам да поминеме годинка за таа сол да може по раат да седнеме негде да каснеме заедно, вака само краставица и давам и лебче.
Еххх, не еднаш имам дадено. Луѓе не сме немајки, не е тоа ништо страшно. Еве претходната недела бевме во Русти за на мм роденден, од се и дадов да проба. Колку сол ќе внесе од 5 залака солена храна? Не е ништо страшно, работата е да не јадат константно сол, за еднаш не е страшно. А леб давам само купечки, иако имам робот. Ако имаш таков тостер за кришки на тој, за бебиња се препорачува тостиран леб затоа што мекото од плунката може да се направи како топче и е ризик за гушење. Ако не, крајчето, тоа има најмногу корка
Ме утеши не сум само јас таква “немајка” хах. Ајде следно корка од пастрамајлија и така одамна не сме нарачале а многу сакам
Мајче од кога му давам јас вака корки охооо. Ги обожава. Пред некој ден си кркна од пица и од пита. Како си мљацкаше, со мерак да го гледаш.
Хаха не, не јадевме тоа. Ама затоа крокетите од сладок компир ги потепа јадевме бургери ама од тоа не и дадов иако знам кога јадеме од Fat Kitchen да и дадам од мевцето, го обожава. А бургерите во Русти ме разочараа ...
Епа толку негде беше и мојата...туку и 7 може беа Нека кркаат @MariaBouli дефинитивно подобро е така отколку каши до 2 г и за говор и за се помага џвакањето. И за солта се сложувам.