Дајте некоја идеја како да дадам зелка Денес ќе и дадам дробена како салата, и имам дадено еднаш така, океј беше јадеше малце не премногу, ама ме интересира други идеи дали имате. Матичната ми ја спомна дека е богата со железо, а реално и сега и е периодот па се мислам што и како
Како манџа. Со кромид, морков, лукче, пиперка, доматен сос. Можеш и мевце мелено плус. Мојата ситно како конци исецкана на сецко, ја лапка за мераци.
Со обичен сецко ја средив, демек како салата, па дури и оцет и ставив, се исподави повеќе среќа следниот пат. Битно 5 ќофтиња изеде
Од кога почнавте да капнувате маслиново во каша? И овие што се оризот на холе и останатите житарки пишува да се прават со млеко, ама ваљда може и вода дека сме на доење па немам друго?
Od 6 meseci pocnav maslinovo, oriz, plenta od hipp mozes so voda isto i drugite zitarki jas taka gi pravev
Моето е 6 и пробуваме, ама некако не ми е заинтересиран за храна,па сакав да пробам со маслиново така ќе има малку вкус. Инаку какво маслиново користите, знам имаше едно во дм, дали има сеуште или купувате некое друго?
Само мојава ли бебка одбива скоро се храна дур вади заби? Значи горниве кецови ја изнамачија никако да пробијат цели подуени се но се помалку и помалку јаде деновиве. Некој пат ми плаче дури и на седнување во хранилка прежалче ми е. И давам да цица ама ми е страв да не не и е доволно на 8м само цицање и едвај по 50 грама оброк Вчера и денес и дадов демек и една доза адаптирано нели покалорично е едвај 60мл испи. Има ли чаре нешто да и дадам а да сака да го јаде кажете совет, скренав веќе ова со недели трае и само полошо е. Пробано и блендирано и пасирано и парчиња и домашно и купечко со се е истата драма. Дури и нешто ептен што го сака ќе касне неколку лажички сама ќе ги бута ама со плачење измеѓу. Више почнав да мислам друга мака да не има не знам више. Плус во скок е можда и тоа допридонесува.
@dummy Мојот нема ниту еден заб и во последно правам јадење и фрлам. Исто на седнување во хранилка плаче и се турка не сака да седне, не разбирам што е . Не дека предходно беше некој јадач, ама пример месо сакаше сега не сака да види.
И мојава не беше јадачка количински ама така со мерак си јадеше колку толку. Периодов е драматизирање до максимум, значи дури се фрла назачки со главата во хранилка и со раце ми ја бута раката кога и давам лажица. Парче ако и дадам урла…
Не е до вкусот и формата на јадењето. Ги боли, ги пече, непријатно им е. Раничка е кога ќе се скине непцето. Мојата по 2-3 недели не јаде кога вади заби. Сака само банана, леб., бисквити. Пробај со гелче на непцето пред јадење, малце да се смири.
Кај неа мислам и 3та недела веќе помина, ај ваљда деновиве ќе искочи конечно го глеам веќе ептен е при крај па се надевам ќе си јаде нормално после тоа. Мада и другиот кец е набабрен така даа може ќе си потрае нејадењево и тој дур искочи….
Земав овес на Holle и го направив со мајчино одмрзнато млеко на 37C. Многу течно стана но бебе го јадење. Ок ли е така?
Јас го правам со вода, пошто бебка е на доење, не користам АД, а замрзнатото млеко го исфрлив. Ама густ е кога го правам овесот, не е воопшто течен.
Како го сака така, можеш и потечен и погуст јас не се водам скроз по мерките од паковањето. Мојава прво густ го сакаше, кога почна заби да вади потечен. Деновиве дури и ми капеше од лажица млеко дур црпев ептен течен намерно и го направив