Уште сме на кашички не сум се осмелила на блв уште ми е страв Може ли пример леќа и пилешко само или да додадам и некој зеленчук? Чисто сумљам дека ќе ја јаде ама ајде да пробаме…
Во каква форма давсте житарки (просо, овес, ...)? Во зрно или има да се купи и во прав? Денес направив просо во зрно и тиква и не му се допаѓаше текстурата.
Јас ги давам цели од старт. Пробај кога ќе се сварат подзагмечи ги со вилушка и комбинирај ги со потечно нешто (пр круша јаболко слива), пробај така можеби ќе сака. Инаку можеш и кога ќе свариш житарката во блендер со остатокот од кашата наместо да купуваш готови каши инстант.
Јас давам домат од старт лето беше имав преубави домати немаше смисла. Сега исто таков давам, домашен во теглички специјално за неа правен
Лебовите од кисело тесто на Пан Пан мене (и на уште неколку особи од моја околина) ми прават киселини и тешко на желудник. Сум јадела леб од кисело тесто од други места/фирми и сум била ок. Не зборам против нив, но чисто да внимавате да не е случај тоа и кај бебињата
Ние фамилијарно ги јадеме можеби 2 месеци и не сме имале таков проблем.. од интегралните јадевте или обичен бел?
И од двата имам јадено.. веројатно е индивидуално, немаше да пишам ама дека за бебиња збориме а они не знаат да кажат, па да кажам дека има таква можност и да не им одговара.
Како ја правите црвената леќа? Треба ли да кисне од вечер или не? Со морков, лук, пиперка ја варите само?
Јас не ја киснам од вечер, од ова што напиша плус ставам малку кромид и компирче и се варам заедно. Се вари многу брзо и зрното се распаѓа буквално.
Не ја киснам ни јас, евентуално некогаш знам 10мин пред да ја вадам да ја ставам во вода, ама не секогаш. Со тие работи, плус кромид и доматен сос