Како правете ручек со месо без да биде како паштета? Не знам зошто секогаш ми излева таква грда текстура. Сакам да е како манџичка.
Денес од зегин земав семолина пошто на кутијата вика 6+ и аптекарката ми рече да да ја зимаат за мали бебиња. Сега доаѓам дома читам што е составот вика најполно глутен од кога дадовте? Само ориз на холе до сега од житарици и дадов
Никаде по маркетиве не можам да најдам гриз, оној плавиот со бебето. Да не не го носат веќе? Последно купив пред пола година, ми требаше за една пита со јаболки. Ама сега сакав ново пакување за бебка да земам, никаде нема. Каков гриз давате?
Пред малку се вратив од ДМ, го имаа плавиот со бебе. Скорото го видов и во Жито маркетите. Кит-го исто така го имам видено. Јас го давам тој од ДМ гризот, био.
Hipp semolina 4+ е оризов гриз и е без глутен, а Hipp semolina што пишува 6+ е пченичен гриз и е со глутен. Да додадам, глутен дадов на 7ипол месеци. Додека не воведеш глутен, можеш безглутенски овес, просо, киноа, амарант да даваш од житарки
Кога го ставаш доматниот сос во леќата? За нас кога правам на почетокот го ставам со другите зеленчуци, ама ги динстам на малку зејтин.
@Baby warrior На 7 дадов глутен, има од Хип безглутенска семолина пишува напред на пакувањето. @happygirl И јас видов во ДМ, баш кај бебешката храна стои. Немам дадено таков никогаш, само тој од спелта исто од ДМ го давам.
Од тинекс сум го зимала, ама нешто забушаваат Тинексот во последно време. Грчкиот јогурт што го зимав од таму веќе го нема Така да, пропржувам зелечуците на маслиново, го ставам доматниот сос и он да пропржи кратко етпен зошто и онака веќе е готвен, па леќата, вода и оставам да се крчка
Јас од дм на Био Космос имам земено експандиран амарант (овој не се вари, само се додава во каша) и палента, ама мислам дека ги има сите житарки да.
Генерално да, ама зависи во кој ДМ. Јас секогаш нешто не успевам да најдам меѓу ДМ кај Веро Тафталиџе и ДМ Сити мол. Барем такво е моето искуство Сега планот ми е кога ќе потпотрошам повеќето работи да си порачам онлајн од Био космос
Каков блендер користите за да правење кашички ? Да земам наједноставен само за блендирање или мултифункционален се думам, за парење, стерилизирање, одмрзнување и топлење, има од 70 евра до 140 евра, па споделете искуства да не се залетам како со креветчето и да ми фаќа само место
Земи си рачен пасатор, многу поубаво блендира мала количина храна од Нутри булетот. За готвење на пареа јас имам сад што се става во тенџере, размисли за таков многу е поефтино.
За почеток ќе земам рачен блутут нутрибулет, мислам дека идеален е за мала количина, после тоа ова го гледам како идеално решение кога ќе почниме со цели оброци, 6/1 е, одмрзнува, топли, стерилизира, миксира, све прај.
Примамливо изгледа, ама до кога ќе даваш блендирано? И јас се залетав за Филипсот, па се премислив од таа причина.