Дајте идеи со што да комбинирам грчки јогурт или кисело млеко а да е нутритивно? Само тоа сака да јаде деновиве, што и да понудам друго ми урла ама буквално урла
Ние во грчки јогурт се давеме. Со секакво овошје давам. Најчесто со банана, малина и овес. Ако имам дома и боровинка да ставам. Можеш и јагода ако имаш воведено.
Леќата супер помина кај бебка, баш вкусна беше со доматниот сос и другите работи. Следниве денови ќе и дадам боранија, па грашок. И така различни основи ќе имам за ручек, со компир и ориз што веќе и ги давам. Што друго може за ручек за 7++м? И за наутро ми се чини се едно исто вртам, на 4 дена се менуваат житарките овес, амарант, просо, палента. Гриз уште не сум нашла, сакав глутен да и воведам исто. Не ми кажавте хељдата како ја спремате? Имам лупена на Био Космос, ама ниту знам како се вари ниту со што се комбинира?
Овес, чиа, авокадо, банана. Имаш на Холе двопек може да покиснеш или лебче ако даваш да пробаш. На нас грчки и кисело млеко ни е џокер кога ништо друго не јаде тоа знам дека ќе помине. Ако даваш текстура прекуноќен овес со чиа и кисело млеко пробај штом кај мојава поминува како обично кисело млеко може ќе успее.
Буквално со се сум комбинирала, од секакво овошје ,до секакви житарки (и во ориз, киноа, просо сум ставала), лепче сум дробела, сум мачкала на лепче, во палента ептен обожава, не знам завчера надробив проја мафини во кисело млеко затоа што свекрва ми ги имаше правено и мн се распаѓаа тешки и беа за џвакање па полесно да и биде да ги јаде ручек некогаш ако ми остане ориз наредниот ден го давам со кисело млеко или грчки... Мислам дека многу се ретки тие што не јадат кисело млеко и грчки јогурт. Завчера мерев на вага, имаше изедено 250 грама кисело млеко со кришка ипол надробен леб
Отворена baby love кашичка од крушка една третина изедена … може да ја ставам во фрижидер и утре да ја дадам или да фрлам?
Што припремате однапред? Јас освен месото што го варам и замрзнувам, друго ништо. Се сакам да е топло и свежо, ама често ми одзема многу време пошто сум сама и гледам тој што прави па го фаќам да не се удри, па ме тегне за ногавици, вика да го земам .
Се што ми е покомплицирано за миење, а не се користи често (и се расипува додека се изеде) и од кое не се користат големи количини одеднаш. Брокула, карфиол, спанаќ и блитва имам спремано и замрзнувано
Мојата дека е блв и јаде парчиња, за доручек особено свашта имам замрзнато, мафини, палачинки, лебови... Ручек СЕКОГАШ правам кога и е првата дремка затоа што сфатив дека не стигам да направам пред да јаде зошто тој период и сакам да ја поиграм, да ја прошетам, да ја гледам да не се удри, обавезно не се заигрува тогаш ко заинает па плаче по мене Вечерата ми е полесна дека маж ми е дома. Исто многу често правам ручек за два дена со тоа што вториот ден комбинирам со нешто друго. Да речеме на пример ако денес и правам киноа со зеленчук, ставам малку повеќе и останува и за утре па утредента додавам само месо на тоа и имам „нов“ ручек. Истото го правам со сите житарки како киноа, просо, ориз... Не секогаш, ама често. Исто што вика и Маријанче, карфиол, брокула измиена поделена и заледена. Пиперка исто дури и на коцкички ми е исецкана и замрзната, само зимам еден грст и ставам во манџата.
Калинки имам органски од кога дадовте сок од калинка пошто друг начин нема како да и дадам да проба ради семките? 6+ е
Кога дадовте пилешко месо и од која фирма? На бебка и давам од пилешкото на Холе, ама сакам да и дадам сварено од Цекин на пример може ли? Мајкава се спрема полека за враќање на работа, теглите со храна за бебка да и бидат потпишани на дадилката Некоја праша што спремаме предвреме, освен сварено телешко месо, еве сега и пилешко ќе замрзнат така, имам замрзнати и брокула, карфиол, спанаќ, блитва, пиперки, тиквици, модар патлиџан, праски, сливи и сварено цвекло. Ова се работи што не ги користам секој ден (освен месото) па згодно ми е вака да се измиени и замрзнати, и само си вадам по потреба. Дел од нив замрзнат во септември, а дел сега тековно како купувам свежи и ги средувам за во фриз.
На Цекин или на Перутнина Птуј давам. Си викам дека се поасални затоа што произведени во ЕУ па има подобри регулативи
Женска давај и се што јадете и вие само пред да ставиш зачини( додуша освен сол и вегета се друго ставав) Јас не сум ограничувала храна на него кога почна да јаде, освен сол. Исто и за доручек.
Бебе денес наполни 5 месеци. Има еден оброк,каша 125гр. Ја јаде цела и се нервира за уште...дали смеам да и дадам? Некако се плашам да не почнам да ја прејадувам. На АД е и пие по 150мл. Некогаш и за тоа се нервира па еве денес прв пат испи 180мл и беше баш среќна .