Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.249
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Бебка јаде по 180гр за појадок, а ручекот често пати и е над 200гр. И давам колку што сака.
     
    На katerina.femina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Кога да воведам ручек? На 4ипол почнавме со вкусови, на 5+++ со доручек. Сега сме 6+
     
  3. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски
    Кога дадовте костени?
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.249
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Јас воведов ручек 1 месец после воведниот појадок.
     
    На LaTama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.658
    Допаѓања:
    3.066
    Пол:
    Женски
    Јас и дадов сега на 10 месеци ама затоа што сега има. Да се погодеше да е и помала ќе и дадев и порано. Само не и дадов многу затоа што се потешки за варење :)
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.498
    Допаѓања:
    6.686
    Пол:
    Женски
    Земав експандирант амарант од дм, колку што читам ова не се вари нели? Колку лажици ставате? Планирам да и го измешам со тиква и банана денес
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.249
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Јас ставам 3-4 лажици. Не се вари, само да отстои 5-10мин во кашата.
    Еве денеска бебка појадуваше амарант со јапонско јаболко и круша.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.631
    Допаѓања:
    18.379
    Пол:
    Женски
    Мајки на почеток кога почнавте со вкусови колку дававте лажички??
    Дали купечка кашичка треба да се притоплува доколку неотворена стои на собна темература??
    Друго нешто што ме загрижува, бебка секогаш после цицање бљуцка некогаш повеќе, некогаш помалку, при воведување на цврста храна како да постапувам да не и се враќа храната, ми е страв да не се дави и од млекото често пати се случува да се закашла.
     
  9. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    јас на почеток давав по 2,3 лажички додека ги проба вкусовите, нема да се дави блендирана храна ќе е, малце по малце ќе се навикнува.
    Зашто да му даваш купечка? домашно е најубаво сите имаме јаболчиња, круши такви работи, подобро од пазар откако стоена кашичка со месеци од маркет
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    5.939
    Пол:
    Женски
    Нема да повраќа од храната, моето цело време од млекото блуцкаше, сега јаде и не давам одма вода и нема проблем никаков. Давам после пола сат од јадењето вода.
    Почнавме со 5 лажички за пробување вкусови. Почнав со овошје и потечно малку па така си шлапкаше прво, го дуваше нанадвор, додека научи со јазикот дека треба да го голтне. Не се плаши, чим е блендирано нема да има проблем на почеток.
    Купена кашичка не се грее, јас ја чувам на собна темп неотворена, одкако се отвара во фрижидер и пишува колку смее да стои два три дена назначено е на пакувањето. Купував јабочиња, кајсија, праска, круша кашички, друго домашно што можам користам. Некогаш наоѓам во некои пиљари органски работи па земам. И на пазар имам еден човек идам со бебе со количка и ми кажува ова е денеска донесено не е прскано ги чувам за мајки со деца и си земам.
     
    На Трагедијаупмм, Guns N` Roses и Bislimska им се допаѓа ова.
  11. Bislimska

    Bislimska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    632
    Пол:
    Женски
    Дај те молам кажи ми на кое пазарче одиш? Да го најдам човекот и за моето бебуле.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    5.939
    Пол:
    Женски
    Ѓорче идам на пазарчето, тезгата е на почетокот спроти едно дуќанче за текстил. Од кај него земам сладок компир, дуња, авокадо убаво има секогаш ми дава др ден може да го дадам не е тврдо тврдо да го чекам.
     
    На Bislimska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.631
    Допаѓања:
    18.379
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам мајки

    Доби пакетче со кашички, па кога ќе им дојде редот ќе ги ручка.

    Од зеленчук што прво воведовте? Тиква и зелена тиквица ги варите или печете, па блендирате??
     
  14. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    2.028
    Пол:
    Женски
    Да домашно е најубаво но доколку немаш домашно не прскано подобро е купечка органска каша за да не даваш пестициди. Дури и педијатри советуваат за одредени намирници кои многу се прскаат во Македонија да даваме готови каши.
     
    На Guns N` Roses и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  15. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    2.028
    Пол:
    Женски
    Зеленчук јас прво дадов млад компир па морков, па тиквичка, па батат па тиква и мешав комбинации од овие. Прво варено или на пареа па пасирано со виљушка. Препораките на повеќето педијатри се да не биде се мазно блендирано туку да има малку неконсзистентна структура.
     
  16. Mammamia16

    Mammamia16 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2025
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички, бебе е 5 месеци и 1 недела и планирам деновиве да воведам цврста храна. Можете ли да ми кажете со кои вкусови почнавте? Планирам да го варам на пареа, па после во блендер.
     
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    6.844
    Тиквица, тиква, јаболко, батат, круша, авокадо, палента, банана, слива, компир, просо... по овој редослед имам давано.
     
    На Mammamia16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Јас најпрво почнав со морковче. Потоа дадов тиквичка, компир, батат, брокула. Се готвев на пареа и потоа пасирав. Од се ова само тиквичката не му се допадна. Сега следно ми е овошјето.
    Прашање до др членки ме интересира дали јаболкото може печено да се даде или и тоа да го правам на пареа? Исто и бананата како ја давате?
     
    На Mammamia16 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    6.844
    Можеш печено јаболко, и тоа е темичка обработка, јас јаболко печено дадов прв пат бидејќи печев и за големиот, а банана пасирана.
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Се уште пробуваме вкусови и немам почнато со житарици, па не знам како да постапам. Ако дадам палента со некое овошје што е веќе пробано, тоа нели ќе се рачуна за оброк, да продолжам потоа со вкусови? Некако мислам кога ќе почнам со оброк, треба да продолжам со оброк, но како ги пробувате новите вкусови, мешано со веќе пробаните или? Мислам дека многу си комплицирам^_^