Можеш и една, две лажички да измешаш со веќе воведено овошје/зеленчук, ако веќе не планираш да почнуваш со оброк. Новите вкусови со веќе воведени, зависи дали повеќе оди за доручек или ручек си ги воведуваш си веќе воведени. Праз, кромид, лук, не ќе даваш чисти на пример .
Мајки, што прво дадовте од млечен производ, што е најдобро и со што комбинирате најчесто? Јас се мислам со павлака да почнам.
Јас почнав со кисело млеко, матичнава ми рече тоа најлесно било. Комбинирам со овошје, овес, а за ручек најчесто со ориз и спанаќ комбинации
Грчки јогурт, кисело млеко, обичен јогурт. Павлака искрено не сум дала уште, а не знам зошто ама ете Со овошје, на лепче, во рецепти, во манџи како ориз...
Ај да ни решите една дилема со мм додека не сме се развеле Значи кога правам јадење за бебе обично не и го сервирам одма цело во случај да не го изеде па да ми остане за утредента да го искористам. И ко за инает секогаш се дешава првата доза што ќе и ја сервирам да си ја изеде мирна на почеток и при крај на таа доза веќе почнува да се глупира, во смисла да се вртка во хранилка, да брбори, знае да си пика раце во уста, сега пробува да се исправа во хранилка и сл (може треба и да ја врзам веќе ) Нејсе, според мм тука веќе сме требале да престануваме да ја раниме, а јас продолжувам затоа што иако не седи скроз мирна како на почетокот на јадењето кога е најгладна, она се уште јаде, односно сама отвара уста и покажува интерес да јаде, никогаш не и ја бутам лажичката на сила туку и ја држам пред неа и чекам она да отвори уста и да дојде накај неа да си ја лапне. Престанувам да и давам кога гледам јасни знаци за крај, односно не отвара уста, почнува да кенка да се буни. Мм ме криви дека сум ја прејадувала и ќе сум и го проширела желудникот. А не покажува никакви знаци дека е прејадена, да повраќа или да се дави кога ги јаде последните залци (ова знае некогаш да ми го направи и тогаш престанувам да и давам), или не знам да има страшни гасови или дијареа. А морам да напоменам дека јаде доста количински Напротив, после јадење е секогаш НАЈрасположена, си игра, си збори, се смее, ептен е срцка. Ама малце ми влегоа под кожа неговиве муабети зошто веќе неколку пати ми ги прави, па морам да прашам за мислење (дури и он ми рече да сум прашала хаха).
Мајки ние сме уште малку 9 месеци..Цица бебето,ме интересира бисквити,или овие што се фрутолино,кексолино и сл.како ги давате? Јас му давам да цица ама за молзење не можам да извадам количина за да му ставам за можам да му дадам како кашичка? Со какво млеко правите вие освен мајчино? Убав ден на сите
@MariaBouli Јас мислам им се здосадува не дека се најадени. И покрај играчките на хранилка, пак така прави мојот и тоа некаде на пола а не јаде ни близу количински колку твојата. После затвара уста, запечатена и значи дека не сака па прекинувам. Иначе штом почне така да мрда и маж ми се откажува и ми вели “еве не сака” .
Кисело млеко, грчки и обичен јогурт - давам со ориз и спанаќ, или со банана и овес. Павлака и зденка се најлошите млечни продукти, ништо нема во нив.
Па и јас така мислам, дека и здосадува, односно дека и се игра веќе - затоа што и општо земено е многу жива. Е играчки не давам, тоа ми е некое правило во глава навеано дека кога се јаде - се јаде Може да и правам ААА да отвори уста или слично за да ми обрне внимание, ама толку. Ист е и мм, дури се дешава и јас да превземам за да дојаде од што он и нерва е и почнува и да го нервира
Јас би рекла дека како мајка шо си го познава детето, нема друг. Нормално дека и таткото доста работи ги резонира исправно, ама сепак најголем дел од времето ние сме со децата и си ги познаваме во суштина најдобро. Деталите не ги гледаат татковците, зошто не им е тоа во природата, не се по цел ден со нив ,ни па имаат таков инстикт како ние. Јас претежно си ја слушам мајчинската интуиција и скоро никогаш не ме излажала, ако сум во дилема, се консултирам со маж ми и тогаш некако најправилниот совет го добивам од него и секако го применувам. Мене едното бебенце со месеци уста не ми отвараше за млекце(само на млеко кога беа) и јас ако ги слушав сите коа викаа неќе не и давај на сила, сега ќе беше упола од тоа што е. Не дека не сакаше да јаде само имаше период кога секој подој сакаше да сум во различна позиција, различна просторија , да ја шетам итн. Едностсвно бев упорна. И тоа беше токму тоа-период и помина. Тука ми е само криво што не го слушав мм да не си ставам толку на срце и да не се нервирам, ама и тоа се менува со искуството.
@MariaBouli и кај нас е исто, на почеток има трпение да јаде сама, да и полнам лажички или да си зема парченца културно, на крај збеснува, маж ми вика ќе добие малку сила и почнува да прави глупости Јас прекинувам само ако мава глава лево десно за не, тогаш значи стварно не сака повеќе и најчесто тоа е на скроз последните залчиња. Ако сака уште си кажува Ам, гледам да и ги следам знаците. Туку јас да си кажам бебево пропи вода преку ноќ, во шок сме со маж ми 3 дена веќе, си испива цела чаша во текот на денот. Штом она пропи има надеж за сите! @Marijanche33 моцарела.
Кисело млеко на бучен козјак кравјо, грчки каков ќе најдам од грчките Олимпус, Кри кри, јогурт искрено било кој само не пробиотски, урда не сум дала зошто не солена нема го маркети, имаа спомнато членки дека на пазар наоѓаат
Млечните производи што ги давате треба да се полномасни така ли?со што поголема масленост или грешка сум
Да, ама павлаката што на пример има најголема масленост не се препорачува. Од грчки јогурт гледате да е со 10%, јогуртите и киселите млека генерално тука негде им е масленоста
Според маж ти јас на големиов никад храна не треба да му дадам , бидејќи од бебе скока, трча в место, се префрлува преку хранилка, едно хранење еден саат само да не му залетне, сега голем сто пати ќе стане од стол дури јаде. Едноставно дете е, не може да доседи и додржи, не се тие како нас па да им се врти денот околу јадење, си имаат попаметна работа (читај: игра). Дури не почне да врти глава, затвора уста или плука, давам да јаде.