Па препораките е никогаш, затоа што нема ништо хранливо во тетрапак млекото како што има во АД. Кога би тргнале АД тогаш би замениле со ужинки и тоа е тоа. Не дека не треба никогаш да дадете тетрапак млеко, ама не треба да ви заменува оброк/ужинка
Кисело млеко и јогурт Алпско, грчки Грекос. Урда немам дадено уште, веројатно ќе и дадам од таа на Бела Фарм, од Кам, не е солена скоро ич.
Неповикана коментирам ама дека за грекос и јас се залетав пред некој ден ама составот не му е баш грчки јогурт туку е грчки ТИП на јогурт и имлек го прави Земи подобро олимпус или крикри тие се баш грчки јогурти
Искрено, не користам многу грчки ни за нас во исхраната, па и таа колку ќе јаде. Повеќе сме на кисело млеко и јогурт
Да, Грекос и имаше уште некој се грчки ТИП на јогурт, а не баш класичен грчки јогурт по состав. Живот без токсини на инста го препорачува овој како најдобар по состав, го земав еднаш од Тинекс и не го најдов пак... А многу беше вкусен стварно...
Јас веќе подолго време го зимам овој и потврдувам дека за мене е највкусен грчки јогурт што сум го нашла кај нас и општо. Скоро секогаш го има во Тинекс Зебра или Деликатесен на Водно ако те фаќа патот натака
Во што правите мафини? Сакам да и направам деновиве на бебка гледам сака да грицка корки и бисквитки ама немам калапи. Не треба ни тефлонски ни силиконски? Какви да барам и од каде?
Јас го земав ова специјално за неа за мини мафини предобри испаѓаат, исцрвени од сегде, така потешко е тавчето. Го подмачкувам со путер. Гледам имаат и за 6 регулар мафини.
Вашите јадат парчиња од одамна ама дај кажете совет што да правам кога ми покажува по трошките на хранилката? Во некоја фаза е деновиве ако истроши покажува со прсти и ми глуми лудило, дури и ако капне од нешто потечно го чепка и размачкува. Да бришам ли или да ја оставам, не сакам neat freak да створам хах. Ако не избришам не јаде повеќе
Мојава не покажува по трошките ги јаде, особено на под ако се мх мх Остави ја да истражува да ја мачка, така ја запознава храната, текстурата. Мојава некогаш не сака да касне додека не ја допре храната првин со рака. Повеќе јаде ако ја оставам скрос сама да се храни. Јас бришам на крај на јадење, измеѓу е прасе. Денес ја пресоблакам после јадење пошо се измокри од вода, имаше парчиња од вафла во бодито и тоа солидно количество
Мојава не само што покажува туку и се нервира некако ми мава од хранилката И дополнително сега со макиве со забите горни на секое залче инстанто го става палчето во уста и го шмука со се храната и го чеша непцето
Што вика Ноеми, трошките и се омилени за јадење. Мојата пак си крши трошки од залчето и така си јаде Се оставам, на крај на јадење се миеме, на менување пелена знам да најдам храна во бодито хахаха инаку мавањето е исто истражување, може тебе ти изгледа нервозно, ама може да е и само најобично истражување. до пред скоро ми правеше како бришач на хранилката, леташе храна на сите страни додека да сфати дека така останува без храна де хахах прсти во уста исто кога вади заби, ја оставам и тоа, нека се шлапка.
Здраво, сакам да прашам какво лепче давате на бебе 8 месеци? Имаме пробано пченичен гриз, сакам да му дадам баш лепче да јаде сам. Досега сум му дала авокадо, морковче, брокула, банана, манго.. такви меки храни да си јаде сам парчиња. Смеам ли да дадам лепче и какво?
Освен каши, што дававте на 8 месеци? Девојчето мое многу сака да јаде парчиња, ама некако ми е страв , корка лепче едниот крај од рибанката скрос цело си го изеде инаку не давам леб , само еве вака да се вежба. Се мислам некои мафини или палачинки со тиквичка ама јајце немам дадено сеуште. Дајте идеи. Инаку сме само на појадок, ручек и 4 АД млекца во текот на денот.
Здраво мамички кажете ми како се воведува жолчка, се јавив денес кај матичната толку набрзина збореше ни можев да ја препрашам ни ништо, па и ништо не ја разбрав
Обавезно тостирано, или многу тврдо како корка, крајче. Јас давам интегрално на Жито Лукс, ама секое со добар состав е океј. Барај рецепти баш за тоа што си наброја и сама како мафини, палачинки, ќофтенца без јајца. Генерално ако нема јајца обично грчки јогурт ги заменува, или пак "веганско" јајце
Што правите кога ви одбиваат текстура? Давате замена? Гледам веќе што помалце блендирано да давам, најчесто пасирам. Сабајлево му дадов тарана без јајце, гагинг рефлекс на најјако па се налути и плачеше со солзи.
Може да не е до текстурата туку до вкусот, јас така со киноа ми драматизираше и неколку пати и ја понудив и изблендирана истата каша што не ја сакала неблендирана и пак не сакаше да ја јаде. Тарана конкретно мојава многу сака иако не јаде многу пасирано ама дека со кисело млеко ужива, што и да и дадам со кисело млеко сака хах. Пробај некоја друга варијанта, со што ја даде?