И јас денес купив на виталија од Тинекс,убави ми се видоа така ситнички,ги дадов за прв пат со јаболко и праска варени ,па блендирав оретходно ги покиснав малку,убаво ми блендира блендерот и( просото и киноата се блендира се фаќа ништо не останува )си изручка се ,утре пак ќе дадам со кајсија со јаболко ,па наредно планирам гриз,па пченично брашно каша имам од грција шо се прави со вода и после некоја ќе земам 5житарици бива така?? а од колку месеци може свежо овошје да блендираме???
Јас порано почнав со воведување цврста храна и само недела дена го варев овошјето , сега има 7 месеци и цело време јади свежо.Излупено,измиено, го рендам па блендирам
Ние почнавме со варено заради препораките.Не сте имале проблеми со мешето? Едвај чекам да почнам со свежо но страв ми е,си јаде се' што и' давам но си има и мака со варењето...
Како ги подготвувате житните каши од хип во кутија? Пченката и овесот поконкретно. За пченкарната го следев упатството и не се згусти, па додадов повеќе од наведеното. За со вода прашувам.
@joy1 во некоја тема те сретнав коментираше за тазе подготвување кашички, да си прашам дали правам исправно. Купувам телешко и мисиркино свежо, ги делам на мали парчиња, 50 гр, и ги замрзнувам, навечер варам едно паче месо и со водичката што се варело го ставам во фрижидер. Наредниот ден за ручек го варам уште 30-45 мин со зеленчук во зависност од комбинацијата.
Лично не сум пробала така но сметам дека е во ред. Се побунив за изблендирана каша стоена преку нок.Или компир,спанак подгреани наредниот ден-може да биде токсично.
Моето бебе има три месеци и 6 кг и 600 грама. Денес бевме на педијатар и толку ни кажа. Е сега ме буни зошто ми рече да почнам после две недели со овошје. Нели е рано? Јас си планирав да го дојам до 6 месеци без дохрана. Фала му на Бога имам млеко и бебето си напредува одлично. Јас мислев ќе ми рече дека е дебелко а не дека треба да почнам со кашички. Па уште и бисквита ми рече да ставам во кашичката. Во секој случај нема да му давам толку рано, само ме интересира што мислите вие. Јас ќе го дојам до 6 месеци без ништо плус. Мое си е детето и јас го имам последниот збор. Ама многу се зачудив. Медицинско лице а што ми советува
Во никој случај да не го слушаш педијатарот. Само на доење нека биде до 6 месеци ако си имаш млеко и добро напредува бебушот.
Терај си така како што мислиш, рано му е за дохрана. Мојот педијатар е добар за се, ама за исхраната не го слушам, со 4 месеци ми рече да почнам со кашички и тоа прво овошје зеленчук, а по две недели и месо ама гледам дека овде сите форсираат доста рано да се почне со месо и риба иако незнам зошто. Ти си мајка најубаво го познаваш бебето, ако е весело, цица, полни пелени продолжете си така
Bi sakala da ve prasam za vase mislenje dali da varam kompot ili da zamrznam ovosje. Stanuva zbor za cresi i visni. Koga ke dojdi vreme da mu davam na bebusot nema da gi ima vo toj period. Isto i drugo ovosje planiram da zamrznam. Vas predlog.? Kako e podobro?
дали на полни 8 месеци може да и воведам кисело млеко и урда АМА од коза бидеќи имам домашно или треба да биде кравјо ?