Ни киноа, просо, амарант ништо не сака ептен е обичен . Со грчки јогурт ја дадов, ама може да си во право пошто во последно грчки и кисело млеко не сака а предходно јадеше без проблем .
Може и заб некој да вади, такви епизоди со плачки со солзи имаше и мојава горе едниот кец дур и искачаше. И на непробано дур ја местев во хранилка знаеше да земе да урла
Нема ниеден заб веќе 9 и пол месеци . За ручек изеде само 100 грама, ама па од друга страна сум многу среќна што наеднаш се научи да пие со цевка и од таа со клунче.
Мојата пропи вода на околу 6 месеци баш кога вадеше прво запче дека и ја давав ладна од фрижидер и убаво и доаѓаше. Чим и така малку ти јаде а повеќе јадел, има големи шанси да е запче. Се жалев јас можда си ме читала дека последниов месец го вадеше горниот кец и скоро секој оброк околу 100 грама јадеше со драматизирање, вода не прекина да пие и тоа солидно си пие. Малце се подобри со јадењево ама мислам и другиот кец сега почнува да се дуе пак се чешка на секое залче хах. Нема раат со забиве кај нас.
Киноата и кај нас е драма, вчера правев и плескавици од тиквичка со киноа демек ќе е замаскирана, џабе. А амарантот го јаде, мене он ми има повише земјаст вкус. Ми остана уште во мармалад да ја ставам
Се мислам да се откажам, нека јаде само овес по твој рецепт секако и него едвај го прифати. Барем на татко му да беше и со јадењево, тој на мене испадна .
Два дена пробувавме слива. Можам ли денес да му дадам ориз од холе и да измешам со слива? Ориз нема пробано досега (ни пак други житарици)
Кивите за алергени ли се сметаат, по 3 дена ги воведувавте? Дадов денес ладна од фрижидер многу и се допадна, да и давам и утре и задутре? И со што идат да се комбинираат освен така само кива? Јас со овес знам да јадам само таа комбинација ми текнува.
можеби не алерген ама моиве на киви, цитруси и на домати се исфрлаа на газето, читав дека не се рачуна тоа како алергија туку нетолерантност па паузирав, пак пробував и така со месеци. сега им е надминато, немаат проблем
На 5ипол почнавме со пасирани овошја зеленчуци, не воведував нешто алармантно стриктно по ден два зависи, на 6месеци воведов житарки и сп тоа доручек стана 120гр. Сега на 7месеци планирам да и додадам ручече, со мевце почнавте телешко или млечно прво? И глутенов ми е на глава … мн дигаат џева за него сите … а низ нет читам по светов сега новиве совети се од 6месеци Имате некоја табела за количина? Сега на 6ипол секој доручек и е отприлика 110-130гр а еучекот колку треба да биде и дали реципрочно треба да растат?
Јас ручек прво воведов, после месец и нешто дадов доручек постепено. Прво давав само овошје да се навикне на два оброци, после недела дена вметнав житарка. Редоследно дадов прво телешко, па млечни, сега се мислам дали јајце или глутен следно. За грами никад не сум мерела, правам од око и колку изеде-изеде, не се моиве големи јадачи да внимавам да не се прејадат.
Јас после појадокот (житарка со овошје), дадов ручек (зеленчук со телешко/пилешко месо). Одма потоа воведов и жолчка, и глутен. Мојата откако почна со оброк (со појадок), јаде по 180-200гр, некогаш 220гр ама поретко. И давам колку и се јаде, некогаш знае да изеде и 160гр ако не и се допаѓа кашата
Добро како ги правите овие палачинки со жолчка овес и банана? Црни се направија од готвење a внатре пак влажни и лепчиви, не ми се даваа на бебе.. Како да знам дека е јајцето зготвено
Такви излагаат, штом е термички обработено зготвено е јајце, јајце се пржи за 2 минути. За да си посигурна само печи на пониска температура да те фати по 2 мин од страна и тоа е тоа