Количина педијатар ми кажа 150-200 а мојава дали 5 пати во 4ипол месеци има изедено 150г, 200г е мисловна именка. Не се преоптерерувај со бројки, битно да не почне нагло по 200г 3 оброци инаку постепено ако воведуваш оброк по оброк немаш гајле. Ручек јас почнав со месо, телешко па пилешко па мисиркино. Прво ги прифати сите, сега скоро ништо од ручек со зеленчук и месо не го сака. Млечно воведов со воведување на вечера, 3 и нешто недели после ручекот. А по некој ден воведов и глутен. Периодов реално само млечно со житарка јаде онака со апетит. На темава ручек дај кажете некои идеи за најсакани ручеци што им давате. Што и да и дадам ни 100г не го јаде. А гладна е ми бара и ги знам симптомите веќе, ќе се порадува на почеток и по 70-80г веќе толку и е. Ако ја позанимавам нешто можда уште 2-3 лажици ќе касне и после веќе спемна е за игра и не ја занима храна. Само вади некој заб периодов ама па долго ќе вади заби не можам вака да ја оставам и само да бара да цица. Страв ми е и за крвната слика, ќе ја носам деновиве да проверам
Кога и давам зеленчук +/- месо комбинација некоја што не и се свиѓа баш, комбинирам со кисело млеко и се јаде се
Мојава вчера палента со јаболко и кајсија изеде 200гр онака лакомо и на крај мислам да имаше уште, уште ќе јадеше. Прв пат на хип ја купувам комбинацијава јаболко и кајсија и ни на крај памет дека толку ќе и се допадне. Денес па просо, батат и тиквица, маф направи исто 180гр.
Мами ми треба едно инфо, дали био дм кашичките кои се нивни производ ги има кај нас, не бејбилав туку био дм
Е супер, која цена се да не знаете и дали има избор, да знам дали да си земам од тука или да не влечкам бадијала
Здраво, риба воведовме со купени каши, од кај купувате и каква, која количина ставате и како ја приготвувате )
Периодот кога се воведува жолчка, може да се внесуваат нови намирници? (Пр.грашок, боранија,цвекло, путер..)
Добро како да се престрашам од парчиња? Да не бидам грешка сфатена, јади парчиња ама ептен меки работи. Нешто поцврсто многу ми е страв сеуште да дадам. Имаме 4 забчиња, ама некако го гледам само како да голта. Џвака да, ама веднаш сака да голтни и знае да му се згади и да се накашла како да се дави и нозете ми се сечат. Давајте предлози со што да почнам прво и како да сервирам ручек на погруби парчиња. До сега давам грубо пасирано, и малку нешто поголемо одма ќе се исподави.
Со што комбинирате моцарела? Путерот во што се ставаше, заборавено ми е. За вечера на 8м бебиња што давате?
Ручек, сладок компир, лукче, пашканат, морков, тиквица и брокула маслиново масло и амарант малку. Мислам може да изеде колку и да и давам. Со месо 50 г телешко, боранија, зелена пиперка, морков и малку сладок компир, кромид и маслиново. Исто го јаде ко да не видела.
Како поминавте кога прв пат почнавте со вкусови ? Денес прв пат дадов морковче блендирано, на почеток му беше чудно па се опушти и почна да прави фаци како да се скиселува Па на крај завршивме со плачење а не е плачко ич. Ама денес и јас го погодив моментот, ептен е кенкав деновиве, сака цело време да сум залепена до него најверојатно уште сме во скок. Утре ќе пробам пак две три лајчина ама денес лошо поминавме ко за почеток, уплав доби
Па нормално е. Првпат се сретнува со тоа искуство. Ќе навикне со тек на времњ. Ако одбива неколку дена, направи пауза од недела две и пробај пак. Може и да не е спремно бебе за цврста храна.
И уш нешто, вода по колку дававте кога почнавте со вкусови ? Или откако ќе почниме по цела каша да јадиме