Давајму водичка по оброк нема да сака којзнае колку на почеток и воопшто со вкусовите пробувај. Мојата со чашка со мека цевка прифати на 5ипол месеци
Имам даено два пати со лажиче, во шише да дадам ако не, со цевка ми е страв мал е, пет месеци на 4 август правиме
Пробај со шише, не дека е мал за цевка ама нема да знае. Мојот тек сега на 9 месеци сфати како се пие од цевка и од таа со клунче .
И кај нас беше исто само што ние почнавме со тиквичка. Денс пробавме батат ама со малце формула и имавме успех но во право си многу е важно во кој момент ќе му понудиш и ние сме скоро 5 месеци и уште не држи скокот. Ти пишувам чисто како подршка оти и јас сум на почеток и се ми е ново а има и еден куп информации
Ќе пробам и јас со формула оти го пробав прееска пирето и ми имаше и мене така киселкаст необичен вкус. Знам дека му е ново и нормални се такви реакции ама стварно не му се допадна
Хаха да да нормално е очекувам и јас таква реакција ко ќе стигниме до морковот или ќе му го измешам со батат ќе видиме, а планираш по два или три дена еден ист зеленчук потоа и овошје да даваш
Па овие намирници кои не се толку алергени планирам по два дена, ќе му мешам, после морковот по два дена ќе дадам компир пример, и после два ќе му измешам компир и морков, па така додека не ги испробаме овие полесните. И јас сум во бунило со кашите а мислам дека безпотребно се стресираме Битно да пазиме на ден два да не има некоја реакција, а за тоа што ќе нудиме не е толку битно.
Прв пат кога дадов морков проба малку и почна да плаче, се изненадив оти е јадачка и до сега нема одбиено ништо, мајчино млеко, ад, чајче, додека има ќе пие, не знае за доста. Ама за тоа вториот ден почна да фаќа со рацето по лажичето, чиничето, целата се исшлака и плачеше за уште. Денеска прв пат јаболко проба кашичка 5 лажички мали бебешки, ќе се степа за уште и после тоа и давам да цица, не се смирува поинаку.
Аххаха дааа сакаат јаболче скоро сите благичко мекичко … денес некој да ја гледаше мојава брокула прв пат и дадов со батат и ориз измешав демек да замаскирам нешто … прегадно и беше се изнаплака и прекинав на 5та лажичка и отворив готова каша јаболко со слива си се најаде со сласт 190гр и ја не јадам брокула ми се темнеше додека ја варев колку мириса маж ми и се смееше и вика ти стварно си мајкина Така да си имат вкус и они ако се малечки
Втор пат супер поминавме, исто и денес ама некако не го бендисва, се познава, не ми отвара муце а зинва секогаш за се, денес изеде можи 6-7 лажички и бараше уште ама кога ќе пробаше не беше нај нај Утре тиква ќе дадам, ваљда ќе ја сака дека поблага.
Све тоа со сладок компир, значи јаде како торта да е. Брокула и сладок компир и пашканат Карфиол и сладок компир, морков Месо и сладок компир. Боранија и сладок компир Значи ми треба еден шлепер сладок компир. Сега сум купила прокељ, и тоа со сладок компир ќе мешам. Хахах Лук, кромид, прас во секое јадење комбинирам нешто од тоа ставам. Смрдака ама викам ај добро е.
И ја не сум по зеленчукот па очекувам и ќерка ми жива и здрава нека е ќе дојде пролет па ќе јадеме овошје убаво. А браво за твојава здраво е секако. Ја приметувам мојава дека некои ствари ако инставам и малку готово кашиче од бејбилов од јаболче /крушка / слива било што подобро ги прима јадењата искрено ама секој ден и готвам нејкам да и стане тоа некој терк
поздрав мајки едно прашање сакам да дадам на бебето џиџи бебе ,7 месеци е пие адаптирано млеко .,дали може до адаптирано млеко да го направам
Можеш. Ама премногу шеќери има во нив. Ако веќе сакаш некој кекс да дадеш, поубаво ти е некој со помалце шеќери или што нема толку. Ова како совет, а сепак ти како мислиш така.
И од мене совет да не даваш такви работи. Премногу е мал, дури можиш трај без благо, после ионака сами ќе јадат. Кај нас имаме навика од мали да ги учиме со такви глупости и после се чудиме зошто дијабетесот зема замав и сите мали дечиња се со раскапани заби.
Да се пријавам и јас за шлепер сладок компир а богами и тиква Омилена комбинации сладок компир-тиква-телешко сладок компир - тиквица-пилешко сладок компир-тиква-грчки јогурт Давај идеи
Да се апдејтирам и јас денес, понудив тиква и од што ја бендиса ја чапаше лажичката за сам да јади, почна да се бунтова кога му прекинав Ама богами превкусна беше, ќе си испечам сега и јас за мене
Бебе убаво си пиеше вода од чаша со клунче веќе 2 и нешто месеци но последниве денови одбива скроз нејќе ни да ја погледне чашката. И нудам од чашка за ракија и така малце ќе пивне ама поише како игра и ладење на непца. Да пробувам ли со други чашки или можеби со цевка? Има шанси да не е жедна бидејќи почесто цица деновиве многу ми бара. 9м е