Ставај по малку, да не ставиш повеќе, па течно да ти дојде. Малце па блендирај, па пак достави ако не ти е убаво мазно.
Нема такво нешто кај нас, под органски не се подразбира само да не е прскано со пестициди, огромна процедура е за одгледување на органски намирници, треба и почвата да не е загадена минимум неколку години, садење, наводнување, одржување, се треба да е според правила, се вршат и проверки и треба да е овластено од органи дека производот е органски. Јас не верувам за такво нешто кај нас, на толку загаден воздух, вода и што уште не, ни о од органски Да се едитирам еве чат џпт вика дека во Скопје имало со сертификат органска храна, Битола нема такво нешто
За нова година доби над 40кашички baby love и hip меѓу нив има и сокчиња неколку од хип јаболко и нешто друго не видов. Не прочитав состав ама ги давате ли? на нив пишува по 4месеци
Сокчиња сум давала ептен со запек ако се мачеше и тоа само круша и слива или јаболко и слива такви работи. И ако е настината да треба да внесува повеќе течности оти моево пак вода не сакаше многу. Инаку избегнував сокчиња, не сум нудела. Кашички купени јадеше често, посебно ако шетавме некаде или ако ја чуваше друг, да не оставам и обврска да готват.
Сокчиња што ги имав така, ги отворив првпат кога имаше тем. Со надеж дека ќе внесе малце течности во неа. Несакаше да ги види. Еве ја и сега несака сок и уште подобро. Се гади од сокот. Она е верна на водата хахахха Сокчињата на снаа и ги давам. Пие нејзината сок и таму носам.
Испиј си ги ти не му треба на детето сокче доста му е водичка, млекце, ептен чајче ако треба. Јас освен мое млеко и вода ништо друго и немам дадено.
Ние од таму земаме скоро сѐ од овошје и зеленчук последно време. Задоволна сум, ама со цени малку претеруваат.
Мајки да ве прашам, пред месец отприлика воведувавме жолчка постепено, денеска му дадов јуфки кои имаат цело јајце во нив. Реакција немаше. Да сметам дека е воведено цело јајце или треба баш јајце јајце да биде?
Ручек, бидејќи кога почнавме давав храна после прва дремка (околу 12), така да тоа беше првиот оброк. Следно доручек. Ти си дала цело јајце фактички, но не можеш да си сигурна колкава количина пробало. Следно јас би дала дома направени палачинки или мафини со цело јајце, или кифличка, а потоа и варено јајце.
@Damavokarti♧ Не е моево некој јадач, ама у глобала следно цицање му е за успивање за дремка, а тоа е најчесто после саат, саат ипол.
И ние добивме многу. Баш исто такви сокчиња на хип од јаболко и морков мислам беше. Не беше воодушевен. А пази, од храна ништо не ми одбил барем до сега, се си лапка. Ама сокчето не му се бендиса ич и мама си ги цоцна сите хахах. Пробај ја дали ќе сака, ама и ништо не губиш да не дадеш, дури и подобро.