Дали давате фрутолино, чоколино и сл? Прашувам за 10м бебе. Јас денеска прв пат му дадов фрутолино со 200мл вода приготвено и во еден здив го изеде Дали тоа му го давате како цњл оброк, или?
Јас дадов сега скоро прв пат грав,ама не сум баш репер зошто доста доцна дадов, година и 10 месеци е мојава, зашто досега не сум дала искрено не знам, може друга членка дала порано па ќе пише. Инаку, ја фрлам првата вода откако ќе зоврие, во втората се вари и пред да запржам за нас вадам за неа колку мислам, за неа ставив само прстофат сол и исто толку нане. Го комбинирав со печен лосос и богами си го кркна цело тањирче. @Бибиче јас дадов само чоколино од тоа без шеќер што е ама нешто не и се допадна, од другиве не сум дала, па искрено и не планирам за скоро. Инаку ако даваш како цел оброк би дошло зошто си има житарка.
Прва вода и за нас фрлам. Дадов негде околу годинка мислам дека. Обожава грав моево дете. Се гледа дека има тетовска жичка
Значи рано е на 8.5м грав да дадам... Немам идеи за ручек, се едно исто вртам, грашок, леќа, боранија, компир, ориз, тиква... Што друго може да се даде на оваа возраст?
Ако имаш месо воведено, комбинирај ја секоја од намирнициве со месо. Можеш и болоњезе со тестенини. Јајце ако имаш воведено со спанаќ.
Здраво, на контролна посета во Ремедика ни одобрија дохрана. Како се воведуваат овошките? ни кажаа да почнеме со јаболче, 5, 10, па 15 лажички јаболче прво. Кога ќе воведеме крушка четвртиот ден, се дава чиста или сепак со малку јаболко?
Имам голем дел заборавено од првото дете, ама како што памтам, ова со 5 10 15 ми нема никаква смисла. Му давав прв ден неколку лажички да проверам да не развие алергија на нешто, ама вториот ден колку изеде, толку. Некогаш поединечно му ги давав намирниците, ама што повеќе воведеш имаш можност за комбинација. Во принцип поентата е да го фатиш порано во текот на денот да не има алергија, другото е повеќе фристајл. Барем така го сфаќам вториов пат, за месец ипол ќе видиме
Јас имам дадено грав на 7-8 месеци беше нешто така. Женски не мислам да ме сфатите погрешно, ама многу се водите се уште по табели кои што биле актуелни пред 40 години. Новите препораки (затоа што знаеме колку нашите доктори ги следат) покажуваат дека не постои рано/касно за ништо освен за мед. Да, има храни кои што потешко се варат и затоа има некои правила останати од времето, ама тоа не значи дека и на вашето бебе ќе му е проблем, а и да му е, ќе има некој гас плус минус тој ден, и како почесто ќе ја јаде таа храна, така побрзо ќе му се навикнува стомачето. Црвен грав дадов на околу 7 месеци, го обожаваше. Прдкаше малку повеќе наредните 24 часа и тоа беше тоа. А за алергените веќе цел свет зборува колку е битно да се дадат пред годинка
Давај и од обичен. Не мораш посебен, грав секако без сол се вари. Јас ставав грав, црвен компир, спанаќ, тиквичка и маслиново. Се тоа со вилушка мазнев и ја јадеше ко да нема утре. Еве ја сега на 2 ипол, ништо од ова не ми јаде веќе во ниедна форма . До година ипол сите манџи вака ги перкаше. Ништо не и беше. И наут и давав во манџа исто. И тоа јадеше.
На 9 месеци тргна во градинка, без пробан грав. Е првите денови ја земам и ми викаат супер си се најаде грав детево. И така, прв пат како што го прават во градинка проба. И секој нареден де. Оти по дома ретко кога се случува да имам грав зготвено. Веќе од после 1,5 година кога ќе правев дома, со помалку зачини правев и си јадеше од истото како и ние.
А како спремате спањак,како грав?Белка кога воведовте?10м сме не знам дали да воведам.И како се воведува белка?Мешано со жолчката веќе пробано или? Исто и риба,кога и каква?Ја не сум домаќинка не знам као се спрема лосос,па ни обична не сум ја погодувала
Спанаќ варев со компир, морков и малку ориз, па како каша. Некогаш и лажичка грчки јогурт на крај. Од Белина еден оброк со спанаќ ептен го сакаше, мислам дека беше нешто спанаќ, компир и козјо сирење, ако се сеќавам правилно. Грав пишав во градинка јадеше. За дома веројатно би го варела без зачини, па да извадам дел и еве ако даваш како каша промешано со кромид, пиперка, масло маслиново... Белка првиот пат сварив јајце и цела жолчка плус дел од белката изрендав во палента. Следно баш со спанаќ комбинацијата. На крај омлет оти јадеше и парчиња моево, со лепче. Риба ми било најкомплицирано оти дома не јадеме многу и за проба и некој оброк на почетокот давав од готова каша. Плус не знам дали има врска да нема млечен оброк 2 часа пред и потоа и на тоа пазев.
Ете врска си немав за тоа со млечен оброк.Не знам ни да спремам риба.А спањак свеж или?Никад не сум правела спањак не сме љубители по колку ливчиња да варам?
Спанаќ најчесто имам замрзнат по дома. И свеж да ми е купен, си го чистам и замрзнувам. За количина што знам, од око, не сум мерела состојки, 5-6 ливчиња. За тоа со риба, нека пише и некој друг оти јас пазев ама и преретко давав.